Треба ли да се укине електронскиот систем „Мој термин“?

Треба да се види зошто специјалисти имаат еден ден со термини неделно. Што прават во другите денови, дали работат со пациенти.

Пример, немам ништо против докторот, само ми требаше уролог неодамна и гледав термините. Секој лекар има по еден ден неделно со термини. Не сум запознат со структурата на болницата. Но симптоматично ми е што работат другите денови? Имаат операции? Зафати? По колку дневно? Значи 15 дена месечно имаат работа надвор од амбуланта, и пак се чека за операции.
Прегледај го приврзокот 467012
Работат дополнителна дејност и лапаат пари од пациенти кои не можат по редовен пат т с. Мој термин да закажат преглед.
 
Фали магнетна резонанса, скоро сите видови опрема фали. Зашто ти е термин кога нема опрема за дијагностицирање.

Демек ќе те види доктор, ќе ти измери притисок и ќе каже пиј витамини и немај гајле.

Многу фали не само мој термин дали е добар.
 
Иреал душо, ова што си го пишал го имаш исто и денес....што е сменето, пак чекаш со саати, па дури и приоритетен упат да имаш, има ординации кои пак ке ти закажат кога да дојдеш.

Словенија има најдобар здравствен систем.
Знам дека др.Мехмедович како претседател на комисија и други доктори, беа во Словенија за да видат како работи тој систем и да се имплементира кај нас...што бидна немам инфирмации.
Мора да се смени начинот на функционирање на мој термин, има многу грешки, а за погрешно испратени пораки кај други луѓе да не правиме моабет...требаше на тие пациенти што нема да дојдат на закажаниот преглед а не го одјавиле благовремено да им се наплаќа 50 % од редовната цена.


Проблемот е што се преоотоварени секунадарно и терцијалното здравство....Порано имаше по неколку здравствени домови, сеега на пр. во К.Вода нема ништо, ниту поликлиника.
Не се чека со саати, тоа е во клинички центар, таму е така од векот, нема ред
 
Само на проста раја им смета мој термин. Они се навикнати да се бутаат по ходници, да се тепаат за ред и врски за еден обичен преглед.
 
Абе за ебана нарачка од купипродај12346328*ѕвездаИксДе од најмочаната Фејсбук страна за 299денари + 130 денари за Достава, доставувачката пошта користи Осумнаесет апликации додека тетката ја прими на врата, ама не она за Здравствен систем ќе укинувала апликациски систем.
И?
Имаш да понудиш решение?
Или како овци во трло ќе се редиме на клиники па која најгласно блее ќе биде прва пострижена?
 
Мој термин е одлична идеја, ама како и секоја идеја која се имплементира во пракса од државните институции има еден куп фалинки.

Ја би издвоил еден позитивен пример од една клиника каде што одам на контрола цел живот. Порано беше бројче систем, со упат преку матичен. И идеш таму од 7 сабајле за да дојдеш порано, да фатиш ред и по можност да добиеш некое „подобро“ бројче. Сега со Мој термин ми закажуваат на пример у 9.30, ја доаѓам кај 9.15, се јавувам на шалтер, ме евидентираат и воглавном влагам на време пошто докторот си го почитува терминот.
 
Мој Термин си е океј. Фали (обучен) кадар и опрема.
Фалат доктори специјалисти ама Диагностичари, хирурзи има....башка хирурзите си навиваат за касапење, па имаше сега Фондот контрола на непотребни операции...башка на мој термин на хирургот му доаѓаат прекуред оперисани, затоа не функционира мој термин ни во клинчки ни во војна болница... А Диагностичари фали и по приватните болници....па врвен касап на крај ќе ти признае, ама јас така знам, така работам,по шема, јас сум касап...Фондот напраи контрола за кардио операции, оти тие ги плаќаат, а за други приватни операции кој не ги плаќа никој не го занима дали требало или не, едино ако приумре некој...
 
Испаѓа дека све фали, чкрипи, нема термини, не се поштуваат .....ама добар бил. Ха, виџи логике
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom