Сум го гледал Реал и со играчи како Дренте, Фобер, Вудгејт, Иљараменди, Мамаду Диара, Адебајор, Алтинтоп итн, сме губеле од Барса со 2-6, 5-0, сме испаѓале 5 пати по ред во осминафинале во лш и никогаш не сум ја изгубил желбата да ги следам, но со сегашниов тим, за прв пат осеќам дека ја губам таа желба. Нема никаква игра, нема карактер и не постои никаква поврзаност меѓу играчите и тренерот а и играчите не покажуваат знаци дека ситуацијата може да се подобри. Освен Куртоа, Мбапе и Гулер, не би имал ништо против доколку било кој друг играч биде продаден.