Dear K,
Жените немаат концепт за време. Немаат. Ми вика, ајде спремај се побрзо, излегуваме за 10 минути. Менувам панталони, блуза, чешлам коса 5 секунди, done, with time to spare! Сега чекам 45-60 минути да проба 6 пара облека, при што морам да бидам жири комисија... Мал совет за понеискусните: ова е замка. Држи се до „се ти стои убаво“ и не попуштај. Ако се предадеш и го избереш белото, следи: значи во зеленото сум дебела....? Не можеш да излезеш како победник од ова, не се ни обидувај. The game is rigged against you.
Потоа следат шминки, дали да ја врзе косата или не, два-три пати ќе се врати назад да не заборавила нешто... изминало саат време откако се облеков, а можев да типкам нешто на форум или да сработам нешто во меѓувреме. Времето е релативно, како што знаеме од Ајнштајн. Едно е кога си преокупиран со нешто, друго е кога чекаш. Времето стои.
Има една пекара во еден трговски каде што купуваме леб и други работи. Мене кога ми е редот, потребни ми се пет минути да влезам во трговскиот, да го лоцирам лифтот, да поминам низ едно чудо џиџимиџарници, да го купам лебот и да излезам. Како глушец во лавиринт кој добро го проучил сум, ни секунда изгубено време. Нејзе и се потребни саат и пол и три телефонски повици да ја потсетам.

Ова е повеќе или помалку универзална работа.
Кога сме кај Ајнштајн, вицот за оној пат кога држел предавање во Битола секогаш ме легнува од смеење:
Дошол Ајнштајн да држи предавање на универзитетот во Битола. Кога завршил, ги прашал студентите дали имаат некакви прашања. Во задниот ред еден од нив крева рака.
Како се викате колега?
- Пеце.
Повели Пеце.
- Не мојш бе чоек така да гледаш на работите!
Каков брилијантен виц! Сите сме ние Пеце
