Не е дека не се менува ништо. Додека растев, беше дрско и безобразно да им кажеш на гостите да не ти пушат во соба. Се што доаѓаше дома, тетки, вујни, стрини, сите ми чуреа по дома. А порано се одеше по гости многу, секој втор ден некој ми тропаше на врата. Смрдеа завесите, корнеа. По едно време се откажавме од перење. Отвори прозор и тоа е. Кога ќе имавме слава, тоа беше гасна комора.
Еднаш им пререков нешто за тоа и се навредија. Па како сум смеел, повозразни биле, итн итн...
Фаст-форвард пред некоја година, истите луѓе, им одам на слава. Сите собрани. Куќата ја реновирале, ја прошириле дневната, трпезарија, шанкче, убаво. Братучедите пораснаа непушачи исто како и јас, од маки по дома. И седиме така, што има ново-старо, јас не забележувам ништо необично, кога по едно време ги снема 7-8 души. Одам надвор на тераса, и ги гледам како казнети, чурат на студот
Значи сега кога нивните деца пораснаа и имаат внучиња, нема тоа како не ви е срам, безобразни итн итн... се научиле на ред.
Има надеж, но закон е потребен затоа што мора да почитуваат простор и право на непушачи да не дишат чад и кога се во кафуле, ресторан итн. Не само дома кога им смета на децата, а другите кој ги врти. Полека полека, ќе се промени тоа на подобро, ако не дојде некој друг со трето одделение и да го ресетира законот повторно, затоа што му се пуши и затоа што има IQ на собна температура.