Еве јас не сум од Битола, меѓутоа следам ракомет, а воедно ги следам и тукашните ракометни форуми и можам да кажам дека во поновата ера (2010-2025) екипи кои играле групна фаза на клупско европско натпреварување се бројат на една рака.
Логично за таков пласман потребно е инвестирање, стратегија, стручен кадар на секоја позиција, и секој еден навивач посакува достигнувањата да се повисоки од сезона во сезона, а таа желба е веројатно х10 во самиот врв на клубот, клучните играчи, итн.
Скопје, Битола а од неодамна и Охрид се единствените три градови во државата каде што може да се наполни ракометна сала и тоа не е мала работа. Градови како Велес, Куманово, Струмица, Штип и останати имат прилика да гледат конкурентен (за Суперлига услови) ракомет еднаш на пет години, ако се одржи некое куп финале и тоа како неутрална публика.
Пелистер преку сила да има буџет од 2.5м евра пак ќе биде под цифрата на
ПОСЛЕДНИОТ клуб според буџет во LNH Div 1 (Франција Суперлига) за 2023/2024. Мое мислење е дека буџетите се приближни со Вардар, а Охрид и Алкалоид се некои 20-30% помалку - а работите може да варираат, повреди, долгови, исплати.
Нормално, не е само буџетот пресуден, меѓутоа тој ги дефинира границите и одлуките за како ќе изгледа тимот секоја година. Статистички, екипи со повисок буџет може да изгубат, бидејќи е важна и самата хемија, координација и атмосфера во клубот, па ете нека бидат и судиите и среќата како фактор.
Тренерот, клучните играчи, СД, Претседател се предводници на клубот на различен начин и истите ќе бидат најмногу подложни на критики/фалби за секоја тема: лош резултат, слаб перформанс, слаба/погрешна селекција, недоволен буџет.
И сега на јавен форум, секој може да има различно мислење и комплетно грешно, но и комплетно исправно. Претседателот на клубот треба со свое искуство да ги носи најдобрите одлуки (без да ги доживува разните мислења како навреда, а не е дека немало и многу недолични).
А здраво е да има различни мислења, ете јас сметам дека потегот со носење на Раул беше вистински (Брест, Кил, ЛШ искуство). Според мене, Гарабаја/Алушовски/Ангеловски мора(ло) прво да се покажат во екипи од ЕХФ Куп/ЛЕ. Од друга страна, Раул без екипа му се случи потоп, а буџетот на Пелистер е ограничен, па можеби оваа одлука е исправна. Во секој случај мислам дека вториот дел од сезоната ќе биде интересен и со ваков буџет амбициите треба да се високо ЛЕ или 2-3 победи ЛШ дома на екипи со сличен калибар (важи за сите МК тимови бидејќи се тука некаде).