Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
ДК

Имав некои оревчиња во тањирче оставено, па ми текна да ги прелијам со малку мед.
Така си јадев и уживав, читајќи мислења на форумов и ми светна во глава, се потсетив на стари добри времиња кога одев во Зелен Рај и нарачувавме секси салата...а ние пусти деца се чудевме зошто ли ја крстиле така.

Еееххх.....:)
 
Dear K,

Жените немаат концепт за време. Немаат. Ми вика, ајде спремај се побрзо, излегуваме за 10 минути. Менувам панталони, блуза, чешлам коса 5 секунди, done, with time to spare! Сега чекам 45-60 минути да проба 6 пара облека, при што морам да бидам жири комисија... Мал совет за понеискусните: ова е замка. Држи се до „се ти стои убаво“ и не попуштај. Ако се предадеш и го избереш белото, следи: значи во зеленото сум дебела....? Не можеш да излезеш како победник од ова, не се ни обидувај. The game is rigged against you.

Потоа следат шминки, дали да ја врзе косата или не, два-три пати ќе се врати назад да не заборавила нешто... изминало саат време откако се облеков, а можев да типкам нешто на форум или да сработам нешто во меѓувреме. Времето е релативно, како што знаеме од Ајнштајн. Едно е кога си преокупиран со нешто, друго е кога чекаш. Времето стои.

Има една пекара во еден трговски каде што купуваме леб и други работи. Мене кога ми е редот, потребни ми се пет минути да влезам во трговскиот, да го лоцирам лифтот, да поминам низ едно чудо џиџимиџарници, да го купам лебот и да излезам. Како глушец во лавиринт кој добро го проучил сум, ни секунда изгубено време. Нејзе и се потребни саат и пол и три телефонски повици да ја потсетам. :D Ова е повеќе или помалку универзална работа.

Кога сме кај Ајнштајн, вицот за оној пат кога држел предавање во Битола секогаш ме легнува од смеење:

Дошол Ајнштајн да држи предавање на универзитетот во Битола. Кога завршил, ги прашал студентите дали имаат некакви прашања. Во задниот ред еден од нив крева рака.

Како се викате колега?
- Пеце.
Повели Пеце.
- Не мојш бе чоек така да гледаш на работите!


:lolzz:


Каков брилијантен виц! Сите сме ние Пеце :D
 
Драга,

Сега имав reality check момент. Имам еден пријател болен од карцином, прима редовно терапија и и покрај тоа он си продолжи регуларно со работа и дежурства. Никогаш не се жали, си стигнува на време, си работи и продолжува да биде корисен во општеството и покрај неговиот психички и физички товар.

Така гледајќи го човеков, сфатив колку често ние се губиме во небитни работи. Се жалиме на глупости. Се караме и расправаме за глупости. А луѓето до нас водат тивки битки кои ние не можеме ни да ги замислиме.

И помислив дека никогаш нема да се откажам од било што во животов. Ако има поента, вреди да се продолжи напред, без разлика колку е тешко и мачно и мрачно.
 
Драа

Што е финта бе сс људи а поточно сс женски да стављаф намбр вуан слике на вибер или слично, демек ке се бира мис вибер.Нашминкани,филувани,реставрирани,фотошопирани. Бреј, избрала гу демек мислиш спонтано искочила а оно како да цел продукциски тим стои позади туј креацију.
Пази момент, иамо нову колешку, додааф гу у вибер групу и си викам чек да виду која е нова, мислиш Ширлиз Терон ке работи сс мене.Абе филмска сликa, Спилберг и Кјубрик кур да едеф.
Днска запознаамо се, фаца Дрисла.

Абе што ке се праиш нешто што не си, јебала ве поза и шминка, лупни там било коју слику или не стављај ништо, демек на вибер ке траиш мужи или ебачи.

А од другу страну па и онија затуцани не су ми асни, ставила слику сс мужа ву на вибер? Океј знаемо дека си се омужила за сељачиште. Тебе сигурно и у личну карту слика ти е заедно гушнати на сфадбу.

Проста маса.
 
Ако летате по Партизанска не сте фраери него клошари.
Морав да кажам.
Иди пичи го на пасови во Италија.
 
ДК,

Многу сакам личности кои активно размислуваат, логички, аналитички и максимално вредно. Разговаравме пред Нова, за моите импресии од тековната година, по што ќе ми остане запаметена и на што би сакал повеќе да се посветам во наредната. Меѓу другото и кажав дека би сакал да им се посветам на оние активности кои поради обврските бев лишан, оневозможен, како и желбата повеќе да одам во кино. Разговаравме долго, извесен период се немавме видено, но очигледно ова и останало врежано во сеќавањето.

Така, пред неколку недели, добив еден од најдобро осмислените роденденски подароци во животот, Cineplexx ваучер картичка, која ќе ми биде дополнителен мотив да изгледам нешто повеќе филмови пред големото платно. Навистина убав, паметен и сладок подарок. Поклон со кој ќе можам да уживам подолг период. Навистина умееш да ми го стопиш срцето, а ретко кој ја поседува таа супермоќ. Ти благодарам. :love:

Знаеш дека многу те сакам, моја си од раѓање, за мене уште си девојчето со љубопитните очиња кое ме направи навистина многу многу многу горд минатата година.​

До следно читање!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom