Добра победа на Клиперси вечерва во Торонто, без Каваи и Колинс (покрај веќе неколку повредени други играчи).
Харден тапа цела утакмица, на крај дава 16 од последните 20 коша.
Неколку помлади играчи (од 20 до 25 години) се одлични во последно време и добиваат солидна минутажа. Се' се пикови од 2023-2025, ама со ужасна стартна позиција на драфтот

Џордан Милер и Коби Сандерс веќе неколку утакмици играат како за првотимци, денеска Кам Кристи изгази, а доста солидно играни овогодинешниот нивен прв пик, Јаник Конан Нидерзхаузер (замена за Зубац, во комбинација со Брук Лопез).
После стартот на сезоната од неверојатни 6-21, тимот е во серија 12-2 и конечно дојде до 10-та позиција.
Не знам што се случуваше на почетокот. Некои викаа дека Крис Пол ја рушел атмосферата, па откако беше отстранет од тимот, почнаа победите за брзо време. Долго време се зборуваше дека тимот е на удар поради преварите со платата на Каваи и дека ствар на договор било да се почне слабо сезоната за да не бидат во фокусот на вниманието. Нешто што не му одговарало на Пол и често знаел да изрази незадоволство и затоа го шутнаа.
Којзнае. Како и да е, Каваи се препороди од тогаш, држи страшен просек и се надевам ќе истера една сезона без поголема повреда.
Фер е да се каже дека тимот повторно немаше среќа со повреди. Бредли Бил кој беше донесен како големо засилување уште во првите утакници се повреди за ЦЕЛА СЕЗОНА (скршен колк).
Каваи беше повреден подолго време на почетокот, а одамна во аут се и Богдановиќ (по мене, време е да се трејда) и Дерик Џонс (кој доста фали во тимот).
Исто така фер е да се каже дека серијата победи се направи и поради доста полесниот распоред, играа воглавно со екипи на слично рамниште.
Долга е сезоната, по мене нема шанси директно да фатат плејоф, максимумот е 9 место.