Здравството кај нас

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Супер, анксиозност. Дали може препорака шетање и дружење со луѓе? Може да шета. Може да оди на лекарска контрола (за што не мора да ти дадат потврда). Може да оди до аптека. До продавница. Па дури и може да спие или да се капе и да не слушне. Иако ова претставува право на прекин на работниот однос без отказен рок (злоупотреба на боледување), многу тешко се докажува. Дури и со Комисиски записник може да се сопнеш.

Секаде се одбива од плата, во зависност од времетраењето на боледувањето.
Долго време се тужеше она, демек била депресивна, побацила спонтано, морала да оди на прошетка, но изгуби на суд, ништо не и помогна.
 
Најефективно би било да ги казнуваат матичните и да им одземаат капитациски бодови, така матичните нема да издаваат безвеза боледувања, дури и да се отпишат пациентите и да се запишат кај некој друг.
 
Матичните мора да имаат извесна независност, истата треба да им се даде така што пациентот нема да може лесно да промени својот матичен доктор. Простор и можност за промена, секако, мора и треба да постои, но постапката мора да биде поостра и покомплицирана (нека има конкретни причини и/или временски период). Во спротивно нема да бидеш во можност целосно да си ја вршиш својата професија под страв дека пациентот ќе си ги земе документите и ќе отиде кај друг доктор.
... зависно кои матични, гинеколозите матични ако не им плаќаш све што ќе побарат за преглед, а тоа не се наплаќа според насоки на ФЗОМ, следниот пат самите ги испишуваат или воопшто нема да ја заведат жената под изговор дека имале многу пациенти и Фондот не им дозволува, финти колку сакаш!

...треба да се земе во предвид дека сите матични се приватници и не може да се однесуваат исто кога биле под државно, ниту ФЗОМ да им ги покрие сите трошоци, тогаш нека се вратат повторно во државно ова примарно здравство, а со тоа ќе се растерети и секундарното здравство, вака и тие се жалат и пациентите незадоволни, а клиниките и болниците ја имаат улогата на давање на примарна здравстена услуга во амбулантски или дневни болници, а трпи секундарно болнички пациенти!

... или има друго решение, како што се дел од лековите во аптеки на рецепт кои ги покрива ФЗОМ, така и матичните да имаат лекови кои се аплицираат интрамускулно, субкутано, интравенозно за акутни полесни состојби да се ослободи секундарното здравство, а за тоа да добијат исти бенефити како аптеките со рецепт кои исто се сите приватни и имаат склучено договор со ФЗОМ за позитивна листа лекови, све се решава, ама советник не може да бидат лица без искуство и знаење како функционира здравството, партиски поставени не ја бива, ниту експери со купени дипломи мамини и татини синови и ќерки!
 
Последно уредено:
Сега матичен може да издаде боледување во времетраење од 7 дена на милион дијагнози бидејќи му се може и тоа во континуитет; ФЗО може и треба да ги смени [античките] критериуми така што за пола дијагнози да не следи боледување или да мора специјалистичко мислење за да се отвори, боледувањето од матичен да трае пример 3 дена, да се намали исплаќањето од сегашни 70% на 50%, како што спомна поздравот да има лекарски комисии барем во поголемите фирми (пример над 500 вработени) кои би ги чешлале своите вработени*, контрола преку МВР кој излегува од државата*, за повеќе од едно боледување да се бара согласност од првостепена комисија итн.

*Клековски лично ги кажа овие два предлога.
Ми се допаѓаат предлозите, што и да имплементира од ова, би застанал 100% зад истото, колку и да не можам да го смислам како лик. Дури и размислував, можам да имам матичен, пример, во Охрид и таму да одам на некоја привремена адреса. Уредно ќе ја пријавам во фирма (па и во МВР) и ќе си седам покрај езеро. Проблем со грбот, пливање. Плус ќе одам на контрола, таму ми е матичниот. :toe:

Дојдов само да прочитам некое мислење, ме интересираа примери од пракса, сепак вие ова го работите секојдневно. Фала. :)
 
Најефективно би било да ги казнуваат матичните и да им одземаат капитациски бодови, така матичните нема да издаваат безвеза боледувања, дури и да се отпишат пациентите и да се запишат кај некој друг.
Веќе се казнуваат но проблемот со тоа е што невозможно е ФЗО да ги проверува сите боледувања и тешко е да се казнат барем оние кои се внимателни и ги запазуваат критериумите а и не издаваат 10 боледувања едно по друго.

Затоа полесно е да се следи пациентот и да се "фати" ако за време на боледување е во Лептокарија или па работи приватно некаде.
 
Веќе се казнуваат но проблемот со тоа е што невозможно е ФЗО да ги проверува сите боледувања и тешко е да се казнат барем оние кои се внимателни и ги запазуваат критериумите а и не издаваат 10 боледувања едно по друго.
Те казниле тебе некогаш?
 
Единствена мерка за да се намали користење на лажно боледување е да се има контроли дома кај " болниот"

Во првата фирма кај што работев многу се одбиваше од плата кога ке одевме на боледување, но имаш луѓе на кои парите не им играат улога и си одат кога ке им текне, имаат пријатели доктори.
Но, фирмата направи комисија и почна дома да им оди.
Колешката која беше на боледување доби отказ бидејќи не ја најјдоа.....и се разбира дека после тоа размислувавме дали ке одиме на боледување, море и болни одевме и си ќутевме.
... каде пишува дека боледување поради некоја болест МОРА да се биде дома? Инфективна (заразна) држи вода мора дома што пишува членот дастан цела фирма ќе ја зарази ако е грипосан, постоперативно и да сака не може да се иде од дома, ама за други работи што со препорака токму за кратки прошетки, движење итн според кој закон при контрола може да спречи да се прошета ако се зело боловање на пример при некој психолошки случај?

... а богами, и на сите синдикални организации треба да им се направи контроли во нивното работење за боловања каде има злоупотреба на исплатна кои тоа ВИП личности вработени им доделуваат заедничките синдикални средства без знаење на членство и со субјективно поединечно решавање на поверениците, пример исплата на делот што е задржан од ФЗОМ при боледување ВИП „болниот„ го добива како надокната од синдикатот, дали некој им прави контрола како го трошат и на кого го трошат синдикалниот денар и како тоа челниците на синдикалните организации кои дигаат рака за разни вакви одлуки се реизборни сами на себе со години уназад, а важи избор само 4 години?
 
Те казниле тебе некогаш?
Не, фала Богу. Али не правам јас криминал затоа. :D

Какво ти беше тебе искуството со боледувања? Јас тој дел од работата го мразев најмногу.
 
Никаде не пишува, моабетот беше за мерки против лажни боледувања, а јас пишав за вистинска случка.
Мислам дека има и во други фирми комисија што оди на домашна проверка, се разбира кај тие што им се сомнителни.

Колку пати душо сме оделе болни на работа оти немало кој да не мења не сме земале боледување а сме кашлале ко туберкулозни...ехееее...
 
Веќе се казнуваат но проблемот со тоа е што невозможно е ФЗО да ги проверува сите боледувања и тешко е да се казнат барем оние кои се внимателни и ги запазуваат критериумите а и не издаваат 10 боледувања едно по друго.
... сите матични во примарно здравство (има исклучоци кои се како црева поврзани партиски тие се иземени или роднински,) месечно плаќаат како да се изразам... „арач“ на ФЗОМ работел не работел правилно, внимателно ...итн, ако не секој месец секој втор или трет со кој критериум треба малку Клековски да проработи внатре неговите вработени како постапуваат субјективно без образложување или смешно правдање со кратење на средства, да не се правиме сега мутави дека не се знае, ама сите матични си ќутат, да не биде полошо зошто зависат од ФЗОМ, ми се имаат многу жалено за некои банални оправдувања од ФЗОМ им било скратено од 3000 - до 15000 ден месечно, за едни важи за други не важи, а меѓу себе се познаваат сите!
Автоматски споено мислење:

Никаде не пишува, моабетот беше за мерки против лажни боледувања, а јас пишав за вистинска случка.
Мислам дека има и во други фирми комисија што оди на домашна проверка, се разбира кај тие што им се сомнителни.
Колку пати душо сме оделе болни на работа оти немало кој да не мења не сме земале боледување а сме кашлале ко туберкулозни...ехееее...
...затоа треба сите кои работат во јавна администрација, посебно во здравството да ги знаат Законот за работни односи, Закон за здравствена заштита и Колективниот договор, не е тешко, разбирливо и е моќна алатка за сите неправди кои им се прави на вистинскиот трудољубив вработен за разлика од ВИП вработени неработници заштитени мечки.
 
Не, фала Богу. Али не правам јас криминал затоа. :D

Какво ти беше тебе искуството со боледувања? Јас тој дел од работата го мразев најмногу.
Никогаш не сум давала боледувања на жими мајка.

Ми се случувало телефонски да ми се јават од Охрид и да побараат боледување, пациентот заминал на одмор и заборавил да дојде на лекар замисли :D

Мислам дека пациентите ме имаа научено дека не исполнувам музички желби, па за такви работи преферираа да идат кај колегите.

Таму кај што е оправдано боледување, секако без исклучоци да.

Јас еднаш во живот имам користено боледување кога фатив Ковид 19.
 
Патем да се разјасниме, да не биде дека ги нападнавме матичните, често пати има случаеви каде и специјалистите даваат мислење за боледување особено ако се другари со пациентот а кога чешла контрола од фондот ги чешла и нив и комисијата во Букурешт доколку се вклучени. Освен за две дијагнози, за сите останати 99,99%, боледувањата кои се над 7 дена мора да има позитивно мислење од специјалист.
 
... не само што специјалистите дават мислење (посебно психијатрите) туку даваат на прв преглед после матичен дадени 7 дена боледување, 13 дена до натамошен преглед после тие денови и дополнителни 7 дена во вториот преглед и дотичниот работник тукушто вработен од училишни клупи со 20 години во цутот на младоста, со тешка форма наеднаш преку ноќ добиена со психолошко растројство и дадена терапија за ,,хранење на мозокот" како да е 80 годишен пациент, 27 работни дена жглб отсутен.
... и тоа само и само да патува во уплатена туристичка дестинација за кое отсуство не добил дозвола за користење годишен одмор за Новогодишни празници, пријавено злоупотреба на боловање, добиен одговор дека било све во ред ,,направиле контрола" од ФЗОМ.
... и така младите ќе работаат во здравството со финти, а психијатарот како не се плашел на дадената терапија ама кога се партиски поставени и двајцата немаат гајле ,,све е во ред".
 
Back
На врв Bottom