Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Мато има договор до декември 2026 година, така да тешко дека кој го сака ќе го почека 30-ти јуни... имаше објава пред некое време дека го продолжил до крај на 2026 година.
 
Било кој клуб вон оваа аматерска лига само ќе накачи (или изедначи) плата и ќе го сочека 30 јуни...
Не мора да значи. Да било така едноставно, немало сега да добива понуди од Хартс и други клубови, кога можеле да го сочекаат до јуни. Било кој клуб можеше да накачи/изедначи плата и да го сочека до 5 декември, ама не испадна така, Мато го продолжи договорот.
 
Мато има договор до декември 2026 година, така да тешко дека кој го сака ќе го почека 30-ти јуни... имаше објава пред некое време дека го продолжил до крај на 2026 година.
Тоа е веќе друга прича. Со добри настапи во Европа , ќе се продаде добро.
 
Тоа е веќе друга прича. Со добри настапи во Европа , ќе се продаде добро.
Како ќе се продаде добро кога на лето би бил 6 месеци пред истек на договор и комотно може да преговара со други екипи.
 
Како ќе се продаде добро кога на лето би бил 6 месеци пред истек на договор и комотно може да преговара со други екипи.
Ако загризе некоја екипа после тоа. Така ако гледаме секогаш може да чекаат и да го лапнат како слободен. Не сме ние екипа која може сега да му лупне петгодишен договор и да чека. Не е ни таква лига ни ништо.
 
Не мора да значи. Да било така едноставно, немало сега да добива понуди од Хартс и други клубови, кога можеле да го сочекаат до јуни. Било кој клуб можеше да накачи/изедначи плата и да го сочека до 5 декември, ама не испадна така, Мато го продолжи договорот.

Не се запрашаш дека можеби му ја подигаат цената? Како да не знаеш дека новинари за еден бурек може да напишат дека за него дошле специјално скаути од Реал Мадрид да го пратат. Како и да е и ако има договор до крајот на следната година ова е висока цена, кога би имал долгорочен тоа е одлична цена.

П. С. Ако може Свињенко и проценти да извлече од следен трансфер би било добро, ама секако ако има долгорочен договор.
 
Турски медиуми пишуваат дека Трабзонспор бил заинтересиран за Мато. Не дека е лоша сума 1.5 милиони, но штета ако си замине сега на полусезона, кога е најпотребен.

Да е паметен, да остане и следната сезона, многу поголема услуга би си направил и себе и на клубот. Платата може да му оди само нагоре, бидејќи игра во лига каде лесно може да се издвоиш пред останатите и да си изградиш име. На крај ќе си замине како млад талент, најдобар играч и стрелец од МФЛ две сезони по ред. А има само 22 години.


 
Од гледна точка на играчот, како би одбрал да не оди во ТОП лига во која играат еден куп светски ѕвезди, полни и големи стадиони, драстично поголема плата, лига пренесувана и видлива во пола свет, секој натпревар следен од троцифрен број скаути, и тоа за еден од најголемите тамошни клубови а да остане тука да игра во каљугите во Кратово и Гостивар и да игра со Шкупи и Ѓорче кои излагаат со 13 годишни деца во тим...
 
Претпоставував дека ќе го продадат уште во овој преоден рок. Да сакал да остане ќе се согласел на подолг договор како оној на Маневски или Кастањеда. Сега најпаметно би било да ја прифатат понудата, доколку таква понуда воопшто постои.
 
Од гледна точка на играчот, како би одбрал да не оди во ТОП лига во која играат еден куп светски ѕвезди, полни и големи стадиони, драстично поголема плата, лига пренесувана и видлива во пола свет, секој натпревар следен од троцифрен број скаути, и тоа за еден од најголемите тамошни клубови а да остане тука да игра во каљугите во Кратово и Гостивар и да игра со Шкупи и Ѓорче кои излагаат со 13 годишни деца во тим...
Ако некој странски клуб сега е спремен да издвои на пример 300,000 евра со 10,000 евра плата, после една полусезона во која Мато видливо отскокнува од останатите, тогаш после две последователни сезони најдобар играч и стрелец во МФЛ, тие суми би биле повисоки.

Во оваа лига, со ваква конкуренција, кариерата на Мато може да оди само во нагорна линија. Тој секако ќе замине, кога и да е. Ако замине сега, ќе замине за плата која сигурно ќе биде пониска отколку кога би заминал после две сезони најдобар стрелец во МФЛ (проверен, докажан, готов продукт). Млад е секако, 22 години има. И сега, и тогаш ќе биде млад и гледан како млад талент.

Заминувањето во поголем клуб, во лига со повеќе ѕвезди, не секогаш значи загарантиран успех и уште поголем напредок во кариера. Рачунај дека таму и конкуренцијата е поголема. Нема да може баш така лесно да си игра со одбраната на тамошните клубови, како што си игра во нашава лига. Ако не му се посреќи, ако не му тргне, може лесно да го заковаат на клупа и на крај шитнат во трета лига Кипар.

Поентата ми е дека не му бега поголем клуб и повисока плата, кога-тогаш. Според мене, може комотно да си дозволи барем уште една сезона во Вардар, и после да си замине во странски клуб за многу повисока плата отколку сега што му нудат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom