Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Тоа е тоа, сосема заслужено. Заврши уште еден неуспешен експеримент на клубот.

Искрено ми е жал за него, не купи со харизма, беше искрен од почеток и изгледаше дека знае што треба да се промени во клубот.
И иако на терен изгледавме хаотично, по дисконектирано од кога било, им го покажа местото на Рашфорд, Гарначо и компанија и доби уште повеќе кредити кај мене. Логично во продолжение очекуваш работите да кренат во позитивен правец, играчите да почнат да функционират, да ги разберат неговите идеи, неговата формација, филозофија... но наместо тоа тимот тоне од меч во меч допира дно, не може да надигра ебан тим во ПЛ. Во ЛЕ некако стигнуваме до финале на крилата на Касемиро и Бруно, губиме од најлузерскиот тим на планетава. Пораз кој оди на негова душа, го стави Маунт место Угарте(кој претходните натпревари му овозможуваше на Касемиро да игра поофанзивно и така овој придонесе со неколку голови/асистенции) и го врати Бруно на 8ца таман кога овој се разигра на 10ка. Епилогот го знаете, комплетно прочитан од Анге.

И си викаш ајде ќе има предсезонски, доволно време да ги воигра играчите да го дигне тимот, башка не играме во европа + време помеѓу натпревари да ги спрема + нови поквалитетни играчи... и сезоната ти започнува пак хаотично. Тимот изгледа скоро идентично како лани, пораз од нисколигаш, плачење по пресови. И уште тогаш се виде колку е часот, уште тогаш требаше да ни се разделат патиштата.
Во продолжение кренаа малце форма, врзавме некоја победа на мускули, испуштивме бодови од неспособност да задржиме предност повеќе од 5 минути, бламажи против Евертон и тимови од долен дел на табела...помина и една година, потребно време кој сам си го постави за кое тимот ќе заигра многу подобро...

Сум да му се даде време на менаџерот и да биде подржан но да бидеме реални ако собереме се од изминатава година Аморим не покажа доволно за да биде подржан. Со изјавите за формацијата сметам дека си стави уште повеќе притисок да не менува и кога има потреба сакајќи да глуми некој авторитет, демек не отстапува од своите идеи, си стои на зборот...

На крај изјавува дека е дојден да биде менаџер а не хед коуч.
Изминативе години овде доста се плачеше дека ни требаат луѓе кој ќе го водат клубот, дека не може клубот да се прилагодува на секој нов менаџер, да се продаваат и купуват играчи на две години према филозофијата на менаџерот туку да се има една филозофија поврзана со историјата на клубот и да се ангажираат менаџери, играчи према неа. И се поставија нови луѓе за тој дел од клубот кој засега не се покажуват нешто кадарни дека можат да го водат истиот. Згрешија со оставање на Тен Хаг. Згрешија со поставување на менаџер кој не се вклопува во културата и филозофијата на клубот. Сега си ја исправаат грешката но штетата е веќе направена и треба да има одговорност и во штручниот штаб.
 
Aко наредниот менаџер што ке дојде, заврши над 5-то место, ке кажам дека било до Аморим. Ама, ако пак заврши под моменталното место, што правиме тогаш? До тренерот пак ке биде, или до играчите?
Истите празни муабети како кога не убедуваше дека Онана знае да игра со нога и затоа е донесен, дека бил добар. Истово и за Аморим го тврдиш, соочи се со фактот дека Аморим е ЦРЕП и магарешки инат и дека човекот е под-просечен стратег !!! Според мене Рубен Аморим е најлошиот менаџер во пост-саф ерата.
 
E па Ашфорт го набркаа 2 месеци откако дојде, и му платија оштета, кој во суштина беше фудбалски најписмен, зошто се спротиставил на идејата да се ангажира Аморим заради ригидниот стил на формацијата. Глеј мајката, 14 месеци подоцна, човекот бил во право.

Тебе ништо не сум те убедувал, одмини ме со цитирање и плачи по Де Геа на друго место.
 
Klasicno korporativno razmisluvanje, samo brojki, profit i nisto povekje.
Krajot ne mu se gleda na klubov od mizerni odluki.
So srekja neka ni e na site noviot menadzer / trener i da sme zivi i zdravi.
 
Тоа не го негира фактот дека тврдеше за Онана дека знае со нога и дека затоа бил донесен (тоа што не знаеше со раце тоа е друга тема). А имаш убедувано и други глупости кои испаднаа контра од твоите тврдења. И тука сега пак пишуваме залопојки за умрениот Аморим, биди маж и признај си дека си згрешил а не да ги криеш работите под тепихче дека ние тука имаме амнезија и не знаеме кој што тука напишал (вклучително и другите)
 
Па за очекување е да се подобри формата, што пак не е никаков показател со да речеме анти фудбал на контри како со Оле.
Баш и тоа не чека до крај на сезоната до Флечер и Карик

Klasicno korporativno razmisluvanje, samo brojki, profit i nisto povekje.
Krajot ne mu se gleda na klubov od mizerni odluki.
So srekja neka ni e na site noviot menadzer / trener i da sme zivi i zdravi.
На бројки мислиш негативни зашто тука ама баш ништо позитивно не видовме, инаку да бројките се важни за да напредуваш, нема никој да се сеќава на тебе зашто си бил добар пред 15 години, времиња се менуваат идат нови генерации ги заболе нив за историјата на Манчестер Јунајтед.
Денеска нема никој да потпише за Манчестер зашто не игра во ниту едно натпреварување, не е компетитивен зашто би сакал да игра за клуб кој е тапа џонс ? За да чита книги по историја или самиот да пишува нова, многу е едноставно како 1+1 !!!!
 
На бројки мислиш негативни зашто тука ама баш ништо позитивно не видовме, инаку да бројките се важни за да напредуваш, нема никој да се сеќава на тебе зашто си бил добар пред 15 години, времиња се менуваат идат нови генерации ги заболе нив за историјата на Манчестер Јунајтед.
Денеска нема никој да потпише за Манчестер зашто не игра во ниту едно натпреварување, не е компетитивен зашто би сакал да игра за клуб кој е тапа џонс ? За да чиста книги по историја или самиот да пишува нова .
Ај вака, бидејќи стално паметуваш и мислиш дека ова досега беше катастрофа и морално беше да се менува менаџер по 100ти пат (не дека не си делумно во право), дај кажи кој би бил вистински човек да се стави како менаџер сега, па да видиме, во случај да се донеси истиот дали ќе си во право или не. За генерали после војна сите знаеме.
 
Рубен Аморим си го потпиша отказот откако ја усра работата со финалето во ЛЕ, натпревар кој требаше и можеше да го добие но пусти магарешки инат. Победа во ЛЕ носеше пласман во ЛШ како и солидна сума пари за играч/и и колку толку давање надеж на потенцијалните идни играчи дека сепак клубот води кон некаква промена и подобра иднина. Финалето беше жива катастрофа, и вината за тој пораз иде целосно на душа на Аморим и никој друг.
Џабе плачете по него, тоа е цреп без визија и идеја, Аморим ви е како прочитана книга која треба пак да ја прочитате иако знаете како почнува и како завршува истата, и затоа кој стигнеше не пеглаше, вклучително и четвртолигаши ...
п.с. Руни е во право, Рубен требаше да покаже нешто пред да добие уште 200 милиони за играчи, а освен инатот ништо друго не покажа. Сме биле 5ти на табела, дека пола лига е во криза, реално по играта треба да сме 20ти а не 5ти.
Одлично напишано. Сосема заслужен отказ. Бројките се факти и сами кажуваат. Најлош тренер после Ферги ерата. Сигурен сум дека кој и да беше од претходните тренери со овие играчи ќе играше далеку подопадлив и поатрактиврн фудбал од овој. 90 посто од победите издвојувани на сила и индивидуален квалитет на Бруно. Никаква адаптација спрема противникот, без анализи на добри и слаби страни, каде може да поентираш, каде да си внимателен. Не може иста тактика и со Сити и со Гримсби и со Вулвс.
Скоро сите играчи играат на неприродна позиција.
Никој не очекуваше титула од него уште првата сезона, но да бидеме реални нема никаков напредок. Колку и да ја критикуваме управата, летото се купија Куња и Мбуемо кои имаа по 20 гола и асистенции во далеку подпросечни екипи, плус Шешко и Ламенс што е доста солиден трансфер период.
И пак ќе кажам немаме тим за титула, но за топ 4 или 5 со асален тренер (не еднодимензионален ) сум 100 посто сигурен
 
Тоа не го негира фактот дека тврдеше за Онана дека знае со нога и дека затоа бил донесен (тоа што не знаеше со раце тоа е друга тема). А имаш убедувано и други глупости кои испаднаа контра од твоите тврдења. И тука сега пак пишуваме залопојки за умрениот Аморим, биди маж и признај си дека си згрешил а не да ги криеш работите под тепихче дека ние тука имаме амнезија и не знаеме кој што тука напишал (вклучително и другите)

Ти реков да ме одминеш. Имаш 24 други играчи како мета за токсичност. Стрпи се до мечот со Барнли, ке имаш за што да пишуваш и фантазираш.
 
Aко наредниот менаџер што ке дојде, заврши над 5-то место, ке кажам дека било до Аморим. Ама, ако пак заврши под моменталното место, што правиме тогаш? До тренерот пак ке биде, или до играчите?

Ти имаше перфектна споредба за случајот Онана вс де Геа. И сега ситуацијата е многу слична.

Дали управата врши добра работа и дали Аморим требаше да остане, нема многу корелација според мене.

Дали Инеос се катастрофа до сега? Да.

Дали Аморим заслужи да биде отпуштен? Апсолутно да. Единствено добро нешто што Аморим направи за овие 14 месеци е тоа што некој спомна претходно - јавно критикувајќи ги глодарите како Рашфорд, Гарначо итн. Изјавата за feeling of entitlement in the club. И толку е.

Што направи лошо:
1. Резултатите - убедливо најлош менаџер пост Ферги според резултатите.
2. Играта - катастрофа, баш кога мислев дека не може полошо по Рагник и тен Хаг.
3. Флексибилност - никаква. Запнал со таа 3-4-3 демек освоил по 5 ПЛ и ЛШ со неа, и ни абер да се проба ништо друго. Добар менаџер се приспособува на ситуацијата. И Ферги играше 442 со години, па кога фудбалот се смени пред 20 години, тој се адаптираше и во поглед на формација и тактика, и продолжи да гази. Дури и Солскер пред да биде отпуштен кога не му одеше на тимот смени формација во 352, го прашуваа на прес бидејќи Санчо "страдаше" поради формацијата и дремеше на клупа, тој кажа дека ова е само повремено додека да се извадат од лошиот период. Никогаш не видов или слушнав такво нешто од Аморим - да смени нешто или да проба нешто ново барем за кратко време - баш напротив, се фатил за 343 како слеп за стап.
4. Играчите - ниту еден од играчите не се подобри под негово водство. Повеќето се и многу полоши.
5. Изјавите - уште после Гримсби и плачењето кое го удри таму, ми беше јасно колку е саатот. Ми делува некако импулсивно, како дете некое, недораснато за еден менаџер од Премиер Лига, а не пак за менаџер на Манчестер Јунајтед. Почна и по дечишта да јаде гомна, спомнувајќи ги Лејси, Чидо и кој беше друг пред некое време. Не му личеше.

За резултатите искрено не бев загрижен, јасно ми е дека треба време. Ама другите 4 точки што ги спомнав - едноставно мораше подобро. Затоа и сум ок со оваа одлука - немаше никакви шанси Аморим да донесе некој успех на Манчестер во иднина па не знам што да се случеше.

Кој и да донесат сега, може да биде и подобро и полошо, не знам. Гласнер, Саутгејт... не ми менува многу веќе, затоа што шансите било кој од овие да завршат како Аморим се 99.9%. На прсти од една рака се бројат менаџерите кои што гарантираат барем чекор напред, ако не некој поголем успех, и сите од нив се невозможна мисија во моментов. Така да, уште долго време мислам дека ќе се вртиме во круг со мачка во вреќа менаџери како овие, посебно со ваква управа и газди.

На крај, ептен сум разочаран од Аморим. Стварно сакав и мислев дека ќе успее, ама веќе е јасно дека тоа никогаш нема да се случи, па што побрзо заврши таа приказна, тоа подобро.
 
Се повеќе и повеќе сакам Саутгејт да дојде. :D
 
Кој и да дојде не глеате нешто повеќе. Мада Аморим е тешко муже, боље што го набркавте.

Да е мој Јунајтед за овие телиња е само Big Sam, до летото :D
 
Кој и да дојде не глеате нешто повеќе. Мада Аморим е тешко муже, боље што го набркавте.

Да е мој Јунајтед за овие телиња е само Big Sam, до летото :D
Па што ни го фураш нас што не си го земете.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom