Aj некој повозрасен и поупатен да ми ја објасни поврзаноста на вмро-дпмне со Бугарија? Очигледно дека сдсм е основана со српски(комунистички) корени а вмро-дпмне со бугарски корени. Љупчо Ѓоргиевски очигледно е наклонет и има шеми со Бугарија. И што е работата со сегашното непријателство на вмро-дпмне со Бугарија, а партијата била основана од човек близок со Бугарија.
Млад сум и не сум запознаен со овие работи и стварно ме интересира...
СДС е основана без корени, они воопшто не се ниту жив свет. Они се дупките во кој други доаѓаат да стават садници. СДС немаат никаква идеологија, немаат никава идеја освен една а тоа е дека они се елитата и дека треба да владеат. Кој ќе се понуди од странство да им го овозможи тоа, они веднаш прифаќаат се друго. Југославија, Милошевич, Америка, ЕУ за 10 години ако не ги уништиме ќе ги читаме како зборат за социјалистичкото братство со Кина. Тоа градско крило, сељачко крило тоа се приказни за мали деца. СДС секогаш владеел на еден принцип, елитизам.
ДПНЕ од друга страна претрпе еден куп промени. Најголемата се случи во последните 4-5 години на Грујо, каде што функционерите и членството зошто патеа од комплекси наспрема СДС "градската елита" комплетно се претопија со нив. Моменталното ДПНЕ се од аспект на државни и партиски политики СДС лајт, но за разлика од СДС го немаат нивниот "елитизам", но имаат нешто исто лошо али од друг аспект, а тоа е патолошка потреба да имаат контрола врз се и се да мора да помине низ нивни раце и нивни луѓе.
Да не ни почнам за нивната комплетно ретардирана политика, да се играат тајна полиција по месни комитети и да си влагаат во УДБА филмови. Тоа им е исто уште еден од комплексите од СДС, а реално и за време на Груевски им направи огромни проблеми. Правење листи кој каде работи, должи, кој е болен, кој чека легализација, кој има нешто за што може да го уценуваат. По тоа штабовите си имаат влезено во тешки филмови.
Имало четнички одреди формирани на Скопска Црна Гора и по селата во Кумановско и во повардарието, во најголем дел од доселениците од Србија од меѓу воениот период но и од демобилизирани војници од војската стационирана тука после капитулацијата. Али после неколку иницијални судири, скоро сите се повлекле кон Србија да се придружат на главните сили зошто немале никаков простор за маневар во Македонија зошто немале широка локална подршка.
Имаат и тоа имаат големи загуби четниците, и многу заробени, сите србомани од Македонија, битката се водела околу Прохор Пчински во едно село, го заборавив.
Имале судири али не биле некој масивни судири, кога бев средно имав една книга што ја најдов се викаше Четничкото движење во Југославија 1941-1946 и во истата во делот на оформување на движењето имаше за секоја република во Југославија посебно со детални описи. Во делот за Македонија, имаше кој чети каде се оформиле и кога и што направиле и секогаш беше истото. Неколку десетици луѓе, на чело војвода или ветеран доселеник после балканските војни, прва светска војна или демобилизиран офицер после капитулацијата. Обид за воспоставување на контрола во некој регион, немање никаква локална подршка, краток судир или со Бугарите/Балистите доста ретко и партизани и повлекување накај Србија.
Реалноста е дека Бугарите и ВМРО под Ванчо Михајлов имале доста добра контрола врз теренот во Македонија. Посебно зошто во редовите имале и добар дел врховисти комити и војводи од ВМРО кој се разбирале во партизанска/четничка борба. Партизаните успеале да направат вистински пробиви, само откако Бугарите комплетно ја загубиле локалната подршка заради злостоства, крадење и останато лошо владеење.