Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Друга работа што ме изнервира, од скоро 10 минути продолжение, 90% од времето Бормут те напаѓа и ти ја крие топката на Олд Трафорд, 2 гол шанси имаа. Буквално ништо не направија во продолжението, никаква борба да освојат топка, и тие 2-3 пати што ја освоија, ќе ја лупнеа безвезе напред.
 
На страната на Коби бев до сега, ама ова денес... се покажа циганското и во него. Не верувам дека брат му би го направил ова без негово знаење. Одјеби.

Инаку не знам што се чудите, тимов нема квалитет за топ 10. Јас ќе бидам изненаден ако на крај завршат во топ 10. И Аморим гомна да јаде, направи доволно за јас да сум Аморим аут. Не се толку проблем резултатите, па дури и играта, колку што е тврдоглавоста и некои други работи. Никаква иновативност, запнал со таа 3-5-2 демек за титула се борат и биле супер успешни до сега со таа формација. Повеќе од пола тим игра на неприродни позиции поради ова. Не дека Далот ќе биде подобар ако игра десен бек... ама ова е првиот менаџер што сум го видел што кога не иде, не менува апсолутно ништо. Ниту формација, ниту играчи, ниту тактика.

@Hellz Guardian го нема уште од трите победи по ред да се јави со некое саркастично лајкче :D
 
Ламенс одлично одбрани неколку дуели, не го разбирам хејтот.
 
Последно уредено:
немаше да дојде до слободниот удар на 20ина метри од наш гол ако Бруно лаганини не изгубеше топка на средина како и обично и ако Касемиро го направеше фаулот одма.... секако мораш да праиш фаул, знаеш дека 99% ќе јадеш картон па направи го на 30-40 метри од гол јеботе, шо чекаш да ти дојде пред гол па праиш фаул... значи за тој гол сите тројца се криви....
 
Нема што да се додаде.

Последно уредено:
Изгледа сите дигнаа раце од Шешко, гледам страни се изнапишаа наназад, а никој не го спомна.

Може многу строго, ама мене ми личи дека е еден од најбескорисните трансфери во последно време. Братот прима топка и не знае што треба да прави.

Настрана асистенцијата, сезонава друго све што фати по*ра.

Тие два три наврати кога излага 1 на 1 (и вчера имаше таква ситуација), редовно се сплеткува или се сопнува на топка. Расмус во тие ситуации бар идеше на долг фор и на шпринт. Овој нема решение на 1-1 ситуации. Мислам дека ќе истера две неславни сезони овде и ќе си се врати негде во Германија.
 
немаше да дојде до слободниот удар на 20ина метри од наш гол ако Бруно лаганини не изгубеше топка на средина како и обично и ако Касемиро го направеше фаулот одма.... секако мораш да праиш фаул, знаеш дека 99% ќе јадеш картон па направи го на 30-40 метри од гол јеботе, шо чекаш да ти дојде пред гол па праиш фаул... значи за тој гол сите тројца се криви....

Tука имаше 4 грешки. Бруно изгуби топка, и тоа без притисок, едноставно, згреши пас од 2 метри, потоа Касемиро очекуваше дека Хејвен ке му излезе на дуел на Таверние далеку повисоко, ама овој ја направи истата грешка како на голот на Семењо, се повлекуваше цело време, и воопшто не му излезе на играчот порано.

Касемиро, кој беше на 4 жолти, се надеваше дека нема да има потреба да го руши и да добие уште еден жолт и да изеде суспензија, зашто наредната играме со Вила на гости. Кога виде дека Хејвен нема намера да му излезе, и овој веќе ке влезе во 16 метри, го сруши. Четвртата грешка е на Ламенс. Каталог од грешки.
 
Изгледа сите дигнаа раце од Шешко, гледам страни се изнапишаа наназад, а никој не го спомна.

Може многу строго, ама мене ми личи дека е еден од најбескорисните трансфери во последно време. Братот прима топка и не знае што треба да прави.

Настрана асистенцијата, сезонава друго све што фати по*ра.

Тие два три наврати кога излага 1 на 1 (и вчера имаше таква ситуација), редовно се сплеткува или се сопнува на топка. Расмус во тие ситуации бар идеше на долг фор и на шпринт. Овој нема решение на 1-1 ситуации. Мислам дека ќе истера две неславни сезони овде и ќе си се врати негде во Германија.
Првата негова утакмица за нас, во тоа лига купот, против четворолигашот, како и да се викаше, движењето на батево, одлуките, апсолутно се, е криминално, а игра против факинг паб бојс.
Дај боже да грешам..и да има лејт девелопмент ама, тешка работа
 
Пуко му је филм..без Бруно колку и да е фаличен со неговиот стил на игра, Јунајтед е пола дури и од овај досегашен мизерен левел..
Оди Бруно бате негде Баерн маерн, земи си некое титулче..наиграј се господски, твоето си го одработи и повеќе од доволно.
 
Истото го викам и јас.

Си ги еба најубавите години од кариерата овде, а можеше лагано да заврши некој рандом клуб, да се насобере титули и да си игра ЛШ регулар. Од овде веројатно ќе замине надвор од овој континент, и тоа ќе му биде кариерата. Жално...
 
И требаше да си оди затоа што е тапа средина, секако не игра на позицијата за која што е.
90% од головите што се примија сезонава се ради негови пропусти.
Никогаш не е заменет, и тогаш кога треба.
Си ја влече Аморим португалската врска што ќе му донесе отказ на крај.
 
100 милиони фунти за 31 годишен играч, не постои управа во светот што не би ја разгледала понудата. Најплатен играч, капитен. Не ми е јасен, што очекувал од управата? Тие да одлучат место него?

Фудбалот е и бизнис, клубот е во долгови. Зошто барал да има клаузула во договорот? А и тајмингот за изјавата. Не сфаќам.
 
Касемиро е играчиште. Штета што не е спремен меч за меч 90 минути и се случува по 60та минута да паѓа од ритам.

Вчера индивидуално Хевн потфрли. За првиот гол не го нападна Семењо, за вториот остави многу простор за Еванилсон и не го блокира, за третиот не изреагира навреме да го блокира Таверние по што падна слободниот во опасна зона и за третиот гол исто како за вториот гол. Тоа е резултат на неискуство и тоа што нема постојани партнери околу него, според мене нормална работа за млад играч.

Мора 4-2-3-1 да се проба во периодов кој следува или 4-4-1-1 со Куња зад Шешко или Бруно зад Куња.

Ќе биде претешко со Вила без Касемиро и без деснава страна во нападот.

Инаку братот на Коби направи глупост вчера. Како и да е, онака не смее да се однесува блиско семејство на играч на Јунајтед. Да беше Гарначо или било кој други во истава позиција ќе го отечеа против него, а вака за Коби молк.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom