Гледајте јас комуњарите за живи не ги рачунам, а камоли да им давам значење на нивните прес-конференции, ама во секој случај не може да ги игнорираме информацииве што доаѓаат од британскиве медиуми. Баш поради тоа треба да се вклучи копчето за паника.
Друга работа што ме загрижува е баш во моментов почнавме да ги засилуваме билатералните односи со УК, константни средби, на посета кај кралот, плус ни дадоа кредит од шест миљијарди евра. Многу почнавме да се дружиме со нив, а како беше онаа народната „кој со ѓаволот тикви сади...“.
Баш тоа ме загрижува мене, не е дека ова е баш од небо паднато.
Сепак треба да се напомене дека пишува 'could', а не дека ќе доаѓаат или дека е нешто договорено. Ги читав и коментарите на Англичаните, повеќето од нив не веруваат дека би се случило ова, некои се бунат дека требало да ги пуштат во Руанда како што претходно било договорено.
Така во моментов би рекол дека шансите за да се случи вакво нешто се мали, јас би рекол само 10%, ама во секој случај самиот факт дека постојат и минимални шанси значи дека треба реагираме. Треба да осетат голем отпор уште сега, затоа што после може да биде касно.