Стари компјутерски списанија и магазини

  • Креатор на темата Креатор на темата dragan-ge
  • Време на започнување Време на започнување
Благодарам на сите што пишавте и помогнавте. Дигиталните верзии се исто интересни. Ќе ги ставиме на стариот компјутер. Апдејт од потрагата по стари списанија: До сега успеав да најдам околу 20 списанија од:
  • PC Build x 2
  • Plugin x 5
  • BUG x 9
  • Računari x 3
  • PC World x 1
Земав микрофибер крпи и ги избришав убаво сите, и со четка ги поминав ќошињата од прашина. Сега се во херметички затворен сад со сода и активен јаглен за да се одмирисаат. Би било фино PC Info ако најдам и нормално Enter уште не успеав да најдам. Така да PC Info, Ентер или списание кое не се наоѓа на листава ако најдете слободно пишете во инбокс за да се договориме за цена.
 
Ако успеете да ги најдете скенирајте баш и ставете ги некаде. За Ентер сум си чувала пари од тоа што ми давале за ручек за да си купам.
А на цедињата имаа топ музика.
Истово и јас сум го правел. Ќе ми дадат пари за јадење во школо јас дел ги давав за Eнтер и други списанија. Одев од трафика бо трафика да барам каде има Ентер. Сега за жал дури и нема веќе трафики каде се продаваат списанија.

До пред некоја годима чував Ентер списанија ама почнаа веќе да се оштетуваат и ги нафрлав, а цедиња уште по некое чувам но кој знае дали работаат сеуште добро.

Од сите во регионов списанија за компјутери и IT хрватското BUG е едно од подобрите списанија за компјутери. Дебело со многу страни а цедињата имаа премногу софтвер и по некој игри.

BUG и ден денес постои само не верувам дека нудат уште и цедиња.

ВUG имаа и посебни списанија Mreža и Enter. Mreža и ден денес постои како списанија и претежно е наменет за IT професионалци

Mreža

BUG
Автоматски споено мислење:

Покрај Eнтер македонското постоеа уште две списанија кратко време. Едното беше македонска верзија на Computer Bild и имав купено прв број од кој сеуште го чувам Цдто.

Исто постоеше и едно на кое не се сеќавам на името (мислам нешто имаше во името PC) и имав купено повеќе броеви но за жал се тоа заврши во ѓубре откако расчистував еднаш по дома.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom