Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
К.

Несреќата,т.е. убиството во Кочани се случи пред 8 месеци. Во градов кај што живеам, сеуште голем дел од кафиќите се несредени и прекршуваат ОГРОМЕН број закони(фискални непостоечки, малолетници насекаде, алкохол точење на малолетници итн, да не набројувам). Во моментов кога го пишувам ова, у кафиќ у маало сеуште ечи жива музика иако веќе 30 мин е поминато од времето кога треба да е ЗАТВОРЕН (не музиката исклучено, него заклучено, без луѓе внатре). Да не зборуваме за останатите работи, закони и регулативи што се прекршени. Тоа е се што треба да се знае за нас како општество..
 
Во Охрид во Тинекс примале улични кучиња.
Уште една причина за избегавање на Тинекс.
Обожавам животни, ама на улично куче местото НЕ му е у маркет кај што има храна. Поготово и отворена. Месо, кашкавали.
Точка.
 
Кајг,
многу сум разочарана и барем сега ми се урна сликата за прилепчани кои за мене, ете, беа вистински машки егземплари во Македонија, со единствен дијалект, со единствена храброст како бранители, како весељаци на Пиво фест и мајстори за најдобра скара, како најголеми стрејт љубовџии, накратко слика од милион долара, за да еден залутан прилепчанец што не знае што со себе, испадна закоравен хомосексуалец, не ми се верува, ми ја урна сета идила.

...што може да расипе еден поединец, илјада не можат да поправат!
 
Драа

Од увек наише сам сакаја у понеделник да сам слободан.
Рано сабајле га однесе ботљака у градинку и пазари сфе што треаше док мои принцезе спиесфа.
Генералку на кујну цакум пакум, кафенце јако сс пола сантим кајмак и после тој припрема за чорбаџиски ручак.
Ск у момент е на ред моја лепша половина сс генералку y дневну, чорбу сам гу стаија на кеца док ја и Парватеа лудуемо у другу собу. Домашан мир и спокој е нешто бесценето.
Још малце и ке га зиам лудака од градинку и да ручамо сс дрвени ложице како у македонски народни приказне хаха.

Ке гу фотну после чорбу кд ке биде готова да гу видиш у Моментално готфам тему.

Еј а зшто нема више натпревари у гурманско катче?
Да ве згазу хаха
 
Драга..
Па треба да барам добар хирург ...
Уште некој ден и нов живот ме чека, конечно се одбрав себе си. Да заминам од луѓе што ми мислат лошо :)
И тоа.. да идам и да се фарбам треба, друга боја да стаам
Ништо не кажав, а толку ми олесни на душава
 
ДК,

Следам новости низ светов со утринското кафе, и глеам вест за жена што возела за DoorDash обвинува клиент за sexual assault затоа што кога пристигнала на адресата ја отворила вратата и мажот бил гол. И со трчање на ТикТок за социјални поени.

На крај излезе дека мажот специфично одбрал за contactless delivery, при што возачот треба да го остави продуктот надвор без никаков контакт со клиентот. Незнам дали не била писмена, ама таа ја отворила вратата и почнала да го снима. Сега девојката ќе одговара судски за тие работи и беше избркана од работа.

Социјалниве мрежи им го испија мозокот на луѓето, особено на жените.

 
Драга,
Кога некој твој пријател прави нешто погрешно, ако навистина си му пријател, ќе му кажеш дека греши. Нема да го браниш кога после долго време други ќе го напаѓаат за грешката.
 
Кајг,
седам и размислувам како денес во различно место и различно време сретнав еден добар број пријатели(ки) не знам од кога несретнати, се сетив дури и на нивните надимаци добиени кој знае од кога и до ден денешен си го негуваат надимакот и посебно си го сакаат, иако ми мрчеа на времето, зошто сите надимаци од мене беа измислени и доделени, посебна пасија ми беше на сите да им ставам надимак! :X3:
 
Граѓаните нека се возат у скапани автобуси кои ги нема на време.

Сеекоја година обнова на коли, униформи, плати. И пак МВРО е најкорумпирано, и пак нишо не работат.
Јеб се

IMG_5913.jpeg
 
Деар Кајгана
Со завршување на ерекшнс за градоначалник насловите по медиумите се следниве: “Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад „
Ноќна Стража..
.
.
.Ноќна ....Стража..Најт'с воч////
Оваа лиgradonacalnik.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom