NBA 2025/26

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    27
Не знам дали само мене така ми се чини, или помнењето ме лаже, или стварно не сме имале ваков старт на сезоната со вакви индивидуални перформанси. Муабетот е буквално, кој стигне, мани.
Да почнеме од Ривс со 51/11/9, Гордон 50-ка, Ламело 38/13/13, Томас од Бруклин лупна 40-ка од шала, Вемби беше краток за една блокада да има трипл-дабл со блокади — 29/11/9Б, пред тоа им убаци на Далас 40 поени и фати 15 скока. Рукито од Фила испиша историја со едно од најдоброто деби во лигата на сите времиња. Еве го сега и Марканен дабл-дабл со 51 поен и 14 скока.
За суперѕвездите не ми се ни пишува воопшто, Дончиќ, Кари, Јанис, Јокиќ, Шаи итн. итн. На секоја утакмица мора некој да иде 30+ поени, со ова темпо, 40-ките наскоро ќе бидат како 20-ки секојдневие.

Кога сме веќе тука, морам да упатам и еден топол поздрав до „најдобрата“ спортска телевизија — именуваната Арена Спорт. Баш сакам да гледам реприза од Депортиво – Ваљадолид или од Абердин – Хиберниан, или пак реприза од Црвена ѕвезда – Мега по десетти пат во последните три дена. Не можат да се организираат да пренесуваат по една утакмица на ден. Резил.
Веќе фудбалот го сјебаа јако, на секоја трета утакмица каснат по пет минути со преносот, па кога ќе се вклучат, само ќе не поздрави коментаторот и потоа ќе пуштат нови реклами од 2–3 минути. Уфф, да му е милина на човек да гледа.
Гледам, сега решиле и најдобрата кошаркарска лига во светот да ја осакатат. Ама тоа е, кога ќе создадат монопол, можат да прават што ќе посакаат.
 
Денвер завршија одлична работа што се ослободија од Портер Јуниор и што успеаа да го прошират ростерот.
Сезонава може повторно да бидат сериозни контендери за титула.
Он беше малку проблематичен асет и ради брат му. Он има минато, а и умешан е у новава фрка јако.
Да почнеме од Ривс со 51/11/9, Гордон 50-ка, Ламело 38/13/13, Томас од Бруклин лупна 40-ка од шала, Вемби беше краток за една блокада да има трипл-дабл со блокади — 29/11/9Б, пред тоа им убаци на Далас 40 поени и фати 15 скока. Рукито од Фила испиша историја со едно од најдоброто деби во лигата на сите времиња. Еве го сега и Марканен дабл-дабл со 51 поен и 14 скока.
Плус, Јокиќ и само уште двајца имаат три трипл-дабли на првите три утакмици у сезона.
 
Прашање до членот што ја отворил тематава,по кој параметри ги смета Лејкерс дека се со сигурен плеј оф и не ги убацил во анкетата?А тимови како Голден се ставени што се класа за тимот од ЛА.
 
Куриња, коа ви викаше чичо лани дека регуларна сезона со плејоф нема блага веза и дека Њујорк го праваше тимот за да го чукни Бостон во следна плејоф пресметка дел од вас ме направија улаФ. :D

Само да ве поздравам, неам време за НБА сезонава и со големо жалење изгледа ќе пропуштам голем дел од истата (ако не и цела) и тоа ќе ми биде за прв пат во последните добри 30+ години следење на лигата.

Супер екипа сте, држете си го овој дел од форумот непокакан од лични препукувања со пцуења и слично, а лично се надевам дека ќе успеам да украдам некоја уткамица на пролет од ПО трката по титула.

Не дека моите ајвани од Њујорк ќе ја лапнат ама ЕТЕ, од љубов кон баскетот и НБА сакам да отпратам барем дел од тие утакмици кога веќе не можам овие од регуларна сезона.

п.с. Јанис бе да изјави дека сака да ти биди дел од тим и ти да спиеш на тоа уво дека на полусезона или вгодина ќе го земиш за „помалку“. АЈВАНИИИИИИИИИИИ, цел живот од тоа ебано раководство патиме, таман сменавме тренер (овај барем ќе ги живни и ќе ја користи колку толку клупата, која е делумно непостоечка) сега ни испадна ем нов тренер ем понудена шанса и да му дадат на тацна СИЧКОТО освен Брансон, тие идиотите не успеаа да се договорат.

Е толку од гркот, уште 2-3 сезони макс игра врвен баскет и после газот ќе му биди паднат (како на КД и остнати), она кремастарето од СА ќе ја дрма после лигата и ти го пропушташ тој период и фактот дека Брансон сè уште нема закачено посериозна повреда која ќе дојди кога тогаш и ќе го кошта пола кариера и си спиеш на тоа уво дека Јанис ќе не сака и на пролет. Кур ќе ве сака, кретени.

п.с.
Ебате баскетот секоја вечер кога има некој со 40-50 поени и „новите рекорди“. Дај сменете нешто во тоа правилата или пуштете роботи на терен нека играат фати - шутни па да им шлукаме. Ми се повраќа од идејата дека играчи ко Ше и слични земаат МВП за сметка на Јокарата само ради фактот што му судат по 20+ слободни на утакмица, башка шо убавината на играта ја убија, нема борба, нема жар, нема ривалитети, ебате лигата во која судиите се главни ѕвезди. Години уназат ненормално многу ми смета ова и сепак не можам да престанам да ги гледам. Љубов.

п.п.с.
Се читаме на пролет.

GO New York, GO New York, GO!
GO New York, GO New York, GO!
GO New York, GO New York, GO!
 
Џејк ЛаРавиа и Маркус Смарт ги трансформираа Лејкерс, многу солиден баскет играат у одбрана, а и напад. Остин и Лука не ги ни коментирам, ама тука е кралицата кога ќе се врати да ја растури цела тимска хемија.
 
Лејкерс - Сан Антонио ќе биде јака текма.
Важна многу за Лејкерс пред незгоден трип од 5 утакмици.
Не ми е јасно шо се дешава само со Меџик , прилично разочарувачки старт.
Фила целава мизерија на истокот заедно со Булс најдобро ја искористија.
 
Лејкерс - Сан Антонио ќе биде јака текма.
Важна многу за Лејкерс пред незгоден трип од 5 утакмици.
И би многу јака текма, Аитон препороден е сезонава, Вемби многу добро чуван. Финишот лакрдија, за малце ќе ја шитнеа Смарт и ЛаРавиа. Одличен почеток на Лејкерси, без Леброн и со многу често само еден од Ривс/Лука. Дури и Брони почнува да личи на играч за ротација, моментално покорисен им е од Кнехт по мене дури.
 
И би многу јака текма, Аитон препороден е сезонава, Вемби многу добро чуван. Финишот лакрдија, за малце ќе ја шитнеа Смарт и ЛаРавиа. Одличен почеток на Лејкерси, без Леброн и со многу често само еден од Ривс/Лука. Дури и Брони почнува да личи на играч за ротација, моментално покорисен им е од Кнехт по мене дури.

Утакмицата траеше цела вечност. Миљон слободни имаа, миљон фаули.

пс:

Tonight's Game Between the Los Angeles and the San Antonio Spurs Had 66 Personal Fouls Called with 84 Free Throws (44 - Lakers | 40 - Spurs)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom