Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгано
Онај мамлазон Киселина @Acid и остали администраторско сопственички палафурдии што немаат тема за технички прашања во оваа дигитална распадија наречена форум би ти препорачал да си им кажеш дека на Chrome излагаш вака
Прегледај го приврзокот 459579
A на Firefox вика ти истекол сертификатот
Прегледај го приврзокот 459580

Teшка неспособна багра те води Кајгано.... Жал ми е.

1000041503.jpg
На која сметка да ти ја рефундираме претплатата што неколку часа би истечен сертификатот?
 
Најголемиот хајлајт од ко сум вратен на форумот е преписката меѓу вот и парвати во темата за хигиена. Каде вотче му порача на индијчето дека сака да му караат жена за одново да ја доживее како атрактивна пошти туѓи мажи е посакувале - виртуелно. Оваа стрејт дописка е колуминација на форумскиот заплет. А тоа само покажува колку замрело кајги.
Следниот чин на нашата Бегалка (пошто ни бега со серверите) е перипетија. Во текот на перипетијата, може да дојде до промени на карактерот, но и до повеќе надворешни промени (кајгана.бг?). Ликот кој станува богат и славен, а претходно бил сиромашен (Византиецот?), претрпел перипетија, дури и ако неговиот карактер остане ист.
 
Чифси Билси на тв, она ми пуштила канал5 да гледам полумртви аналитичари. И го пуштив Нискоградба Битола да и каже нешто во мое име и отидов понеднички во спална да си гледам на помал телевизор. Тоа е.
 
Синоќа бев во Мош. Баш предсиноќа на метал вечер им кажав на другар и другарка дека одамна не сум бил на селско и дека ми фали. Не очекував дека уште утредента ќе добијам позив. Не сум сигурен зошто ја имам таа селска жичка. Како што пишав еднаш ја негирав до кај некои ми 15 години, а после решив да ја прегрнам, да не се срамам од неа и да си ја негувам. Претпоставувам дека е тука поради моите претци. Колку што знам сите тие биле земјоделци/сточари.
Пред некој месец татко ми неиронично ми рече дека треба да ми го предаде во наследство краварскиот стап со кој прадедо ми ги терал кравите на испаша. Други родители на децата им оставаат прстени, алки, наполеонки и слично, јас ќе останам со стапот во рака. Се осетив како во сцената со малиот Буч во Палп Фикшн каде Кристофер Вокен му го дава саатот од татко му и му вика дека татко му го криел саатот во г'зот толку години за сега конечно да може да стигне до синот во наследство.
Се скоцкав малку поформално и понетипично за мене во кошула и во мантил и влегов внатре. А внатре блуд, разврат и неморал. Секс, дрога и турбофолк. Натпревар која ке ги истакне цицките повеќе и која ќе опне помини сукња. Како ретко кога во Скопје во овие 25+ години откако се ашкам низ градов жените доминираа со отприлика 60% плус/минус присутво. Со ситни разлики не беше ништо поразлично од златните денови во Деспина во Мичурин пред 15тина години. Доминираат смартфоните, немаше ни еден обид за убиство или тепачка, па дури ни една чаша не прелета, белото е многу повеќе застапено и е нешто подобро ентериерно уредено. Од прилика друго се е исто, само њега (грујо) нема. Жените-курви, мажите-сељаци, атмосферата секако лудница. За да се осетам како дома и да бидам Римјанин во Рим, ја откопчав кошулата до пола, како што правев и во Деспина. Една на 3 метра од мене му го триеше курот на дечко/мажот/швалерот и' преку панталони. Имаше три невести во бело дојдени на пост-парти од свадбите, едната беше така од прилика 120 кила жива мера и се присетив колку од тој аспект е лесно да си жена, каква и да си ќе има некој што ќе те венча. Настапуваше некој си не знам кој соло сајзерист-пејач, power solo. Исто како и другите музики, и турбо фолкот застанал во времето. Над 90% од песните беа до максимум 2010-тите со исклучок на сега веќе култната Поноч Је од саундтракот за Тома и уште некои си 5-6. Се друго, Дара Бубамара-Сви су ту као некада, Шако Полумента-Е што нисам сунце да ти гријем лице, Дона Арес (R.I.P)-То ми није требало, Јована Типшин-Видим те сваки пут кад склопим очи, Од Цеца Лепотан, Кад би био ранјен и други, Синан-Еј од кад сам се родио, неколку од Тома- Данка, Кафана је моја Судбина, Литар Крви од Ацо Пејовиќ што ми е една од најомилените за сва времена и некои нетипични како Во Бело на Соња Тарчуловска па ондак Ноч ми те Дугује на Чолиќ, една грчка што не ја знам, Хладне воде са Романије на Халид Бешлиќ (R.I.P), а заврши со Кој да ти каже Ивана на Ќемал Монтено. И многу, многу други. Во главно олд скул турбофолк, пошто новото е генерално срање. За неупатените може да звучи оксиморонки ама под полна материјална и кривична одговорност можам да кажам дека-Ни турбофолкот не е тоа што беше. А може и ме навјасале годините. I'm not the pleasure that I used to be што би рекле The House of Love во оваа преубава песна:


Е да, беше присутна и Вики од Тв Сонце, и да има цицкишта за медаља.

Хајлајтот за мене беше кога ја испеа Да Поднесем Бол на Аца Лукас што лично сметам дека е неговата најтешка, најмрачна, најтраорна, најболна песна. Вон самиот Аца Лукас, на кој сум бил 7 или 8 пати на концерт последен пат кога некој друг ја отпеал на тезгарошка свирка беше одамна. Многу, многу одамна. Од човекот што го викаа Македонскиот Аца Лукас.
5098.jpg

И решив да направам нешто што ретко го правам. Извадив телефон да го овековечам тој момент со видео.

Бонус: Пронајдете ја Вики Тв Сонце


Ми требаат вакви вечери.
 
Последно уредено:
ДК,

Кога ќе го слушнам зборот 'виза ви' од политичките аналитичари ми доаѓа да влезам внатре во телевизорот и да ги исшамарам. Научиле еден збор и сега ќе замараат на секое, ебате интелектуалците.
 
Драга
Овој викенд така горко осетив колку боли отсуството на тие шо ги немам повеќе. Боли , печи, гори срцето за уште нешто да си кажевме ,да знаеме дека си простивме...
Само да сте на поубаво место од овде
Овде долу,ѓаволот е слегнат ,еве ,халоуен дојде...
 
Епа Скопјани, на здравје победата и чекаме слики од градот за 72 часа. Едвај чекам да го видам Скопјенце чисто хахахах
 
ДК

Бидна што бидна
Орце победи и му ја кидна
Остана Кисела Вода бедна и јадна
со изгребани улици полни со лајна.

Останаа празните ветувања
бадијала толку надеж и исчекувања

Аххх, Скопје.. граду мој
Орце бил спасителот твој
така вели народот....


Но ајде нека ти е со среќа и чекаме барем пола од ветеното да исполниш....Се надевам и луна парк ке направиш.

Чудно време дојде, да издејствуваш победа, а не си најдобар, да знаеш дека народот не ти верува, не те сака а пак гласал за тебе.

Овоа е таа ситуација кога народот е оставен на змија да го апне и магаре да му го бапне.

:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom