Затоа кога кажав паразити, мислев на првите тројца што ги наброја. На менаџерот е работа да го извлече најдоброто од играчите, Кој курац фактор беше Адам Вортон пред година, година и пол во споредба со Мејно? Никаков, нашиов играше финале на европско додека овој чистеше копачки. Нашиов беше у топ 5 за голден бој награда, пола европа му фрли пик да го зима. Ама тука треба да дојде до израз и умешноста на тренерот, да го извлече најдоброто од некој играч, а не кај нас владее непотизам, мислиш Дало и Бруно му се внуци од брат па мора да играат па макар и последно да е. Како некој играч, поготово млад би напредувал ако не игра?
Бруно, Куња, Мбеумо, Шешко, Мејно, Де Лихт, Мартинез(здрав) имаат квалитет да играат во топ тим. На тренерот и неговата тактичка замисла е да го реализира тоа на терен.
Еве ти последен пример Хојлунд, лани со топка не можеше да се состави, сега во Наполи растура, ама Конте не е Аморим, Конте знае и умее. Истото еве го гледаме сега и со Шешко, никаква разлика нема меѓу Шешко сега и лани Хојлунд.
И да, знам, не е исто да играш за Наполи и за Јунајтед, тоа ми е јасно, ама најголем дел од одговорноста ја има тренерот моментално за нашите резултати и игра.