DEI, во неговото оригинално значење, вклучува давање на еднакви шанси за вработување на припадници на малцинства, како што имаат припадниците на мнозинството. Значи да се тргне на страна раса, религија, пол, сексуална ориентација итн и да се вработуваат луѓе според способностите, без никаква дискриминација.
Тоа како е спроведувано DEI во пракса е скроз друга работа. Злоупотребата на DEI во случајот што го наведов, каде се вработени црнци на кои не им се работи, само ги засилува стереотипите дека црнците се мрзливи. И со укинување на DEI во иднина нема да бидат вработувани ни црнци кои ги бива за работа.