- Член од
- 11 ноември 2012
- Мислења
- 1.481
- Поени од реакции
- 4.639
Има неколку работи што според мене се поважни од бодовите. Не дека бодовите не се важни, ама долго е првенството.
Конечно ги добивме Малус и Валах. Малус маестрален. Продорен и прецизен, плус со неколку одлични асистенции. Валах со неколку клучни одбрани кои го решија мечот. Да се надеваме дека ова не е само блесок на еден натпревар, туку дека формата ќе им оди само нагоре.
Јанковски, човекот од кој не очекував ама баш ништо, се покажа како најблагодарен играч. Искина во одбрана, ги стави во џеб. Во напад постојано отвараше простор за бекови, а и на сѐ тоа додаде и неколку голови.
И за крај, не смееме да не спомнеме како докторски ги реши Тале со трите голови во последните десет минути.
Но, оваа победа е најзначајна за самодовербата на Чупко. Човекот им докажа на сите сератори кои почнаа да го минираат уште од моментот кога беше назначен за шеф на стручниот штаб. Чупко, еден од нас.