Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Шо ти е животот,и сексот се се врти околу сексот.
Овааа наплаќала услуги 200 € , а сега на дваесет годишното детенце ќе му даде без пари и без кондом? А таа може ќе му плати нему.
Од старите зема на младите да плаќа...ах мераклика!
 
Ако владеачкава гарнитура го оствари тоа што го вети, да ја смали огромната администрација за 40%, ќе им симнам капа.

Секоја чест на тој што ќе го направи тоа. Се гушиме во огромна и некорисна администрација, клати врата-земај плата, на платен список се, а не одат на работа, а и да одат па божем работат нешто, кафињата и цигарите, само тоа знаат, да денгубат.

Реално ја имаме најгломазната и најголемата администрација во светот, а и најнефункционалната. Големи буџетски народни пари се излезваат за прехрана на тој државен апарат, а што добиваме за возврат, тикви варени. Крајно време е да се превземе нешто.
 
Дојде есен и тоа квалитетно..
Измрзнав.
Ќе фатам пак серии и филмови до пролет гледам ја
 
Многу сакам да имам време за читање книга. Онака да седнам на фотеља навечер и да читам без некој на нерви да ми нагази, што жена што деца. Се нешто се трча се праи, не се стига ништо. Незнам како стигаат другите, али кај нас дома се нема време за ништо такво. А баш сакав новата од Ден Браун да ја нарачам, си викам чекај бе имаш 15 други што чекаат од коа се родија децава…
 
Драга кајгана
Еднаш стоиш на едно место поради убава причина,а друг пат на истото место поради лоша...
Ништо нема од човека
Се гледаме во некој друг свет
Rip мој човеку :(
 
ДК
Не ми е јасно зошто апетитот ми се зголемува кога доаѓа студено време:vozbud:а како многу рано застуде, страв ми е да не се направам гица прасица до нова година.
Морам да најдам нешто да се занимавам, да плетам, везам, хеклам, останато знам веќе.
 
Искрено драга, се повеќе Скопје станува градот кој ме исцрпува, и во кој ми се одмилува живеењето. На страна тоа што има милион жители (знам дека официјално нема толку, ама немој да ме јебеш е муабетов), во град кој што е планиран за 250 000 жители, туку и во тоа што нема зонирање, се гради без план и визија. Вистинското лице на хаосот се покажува кога ќе падне дожд. Не е тоа нормално драга. Оваа колективна резигнација многу ме плаши. Клаустрофобично се осеќам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom