Да потсетам, Перо Камиказа (музичар, менаџер, евент специјалист) беше за Скопје, а Кираџиева (атлетичарка) за Аеродром минатите избори.
Перо Камиказа не можеш ниту да претпоставиш колку бил проблематичен кандидат од аспект на членство. Плус и после него поради сите глупости што ги правеше за време на кампањата ( со шилегов, со субвенционирањето патики), огромен број ограноци станаа комплетно против кандидирање на "познати фаци" со кои се нема никаков допир освен тоа што се познати.
Весна искрено не знам дали е воопшто за коментирање. Првин тоа што има клуб за атлетика за жени чија единствена цел е пари од буџет, не ја прави позната. Второ Весна освен тројца од аеродром со кои што беше другарка а сега им вади приватни пораки, не постои суштество на планетава кое немало негативно мислење за нејзе после еден час контакт со нејзе. Даре и цел огранок од Аеродром, не можеа да ја поднесат. Капацитет скоро нула - а амбиции до плафон. Мислам дека од членови од самиот огранок не ја гласаа. Затоа и освои 2000 гласа наспроти 5000 за советничка листа. Најголема разлика од кој било друг кандидат во Македонија.
Супер, фала за појаснувањето - тоа и го барав. Инаку, има и (троа) попознати фаци кои исто така одат на работа и тераат живот. Не мора да се рециклажи за да бидат познати во јавноста. Да не се разбереме погрешно, не викам дека пошто е "непознат" тоа го прави автоматски "несоодветен", туку дека сум заинтересиран да дознаам нешто повеќе за потенцијалниот градоначалник.
Комплетно се согласувам, али оди натерај ги да бидат кандидати. Тие се најпроблематични од сите, зошто за 90% од нив каква било асоцијација со партија е неприфатлива. И тие што би прифатиле да се кандидираат евентуално, не би се кандидирале освен ако не се сигурни дека имаат добри шанси за победа или не можеш да им понудиш заштита. Под заштита, подразбирам заштита на работно место, фирми што имаат, итн ... СДС + ДПНЕ владеат со општествово. Освен ако не си незаменлив кадар, не си неотпуштлив или не работиш директно и екслузивно со странци. Комплицирано е да се мешаш во политика. Во сите ограноци има еден куп членови кои се максимално способни и професионалци во својата струка, али на листа, на сликање, јавни средби нема шанси да ти дојде.
Со слична тематика беше и пред претседателските , "што не го кандидирате Коцарев, што не го кандидирате Цуцуловски"?. Не е само проблемот дека луѓето со капацитет СДС и ДПНЕ не ги кандидираат, добар дел од нив имаат и его и сакаат да се натпреваруваат само ако им е загарантирана победата, и уште поголем дел едноставно сакаат само да зборат од страна а притоа да не стават кожа во игра зошто така е полесно.
А и обично, сите целат на тоа да донесат "позната фаца", па макар и немал никакво познавање од тоа како функционираат работите во локалната самоуправа.
Можда и ќе биде подобар избор. Ќе видиме како ќе се презентира деновиве кај тие кои прв пат го запознаваат денес (како мене)
Друга причина зошто "познати личности" што немаат познавање, не можеме да си дозволиме е зошто едноставно нема капацитет да се покриваат и скриваат недостатоците како што истото го можат СДС и ДПНЕ. Невозможно е. Еве Дејан е буквално осуден криминалец, кој има лежено притвор и избегнал правда зошто предметот му беше "заглавен" на апелација кога Заев го донесе новиот кривичен законик. ДПНЕ не ги лази мува зошто ги имаат сите медиуми и нема никој воопшто да го покрене прашањето.
.Плус секогаш ти виси над глава мечот дека можеш и по некој развој на настаните да победиш. Ако Левица победи за градоначалничко место во која било општина, и во четири години не се покаже. Може слободно клуч да ставиме и да си одиме дома. Тоа е тоа една шанса ќе биде дадена, и не може да се ризикува со кловнови како Камиказа повторно. Марјан барем ако има нешто, има познавање од функционирањето на Аеродром, зошто колку што знам ги разгледува буџетите со советничката група веќе некоја година.
Остатокот како што кажав, ќе има средби со граѓани, ако некој сака можам и да ви побарам број да го исконтактирате или да имате приватна средба . Пишете ми директна порака само. Па одлучете си.
Последно уредено: