Локални избори 2025: Кандидати за Општина Аеродром

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Иден градоначалник на Општина Аеродром?

  • Вкупно гласачи
    40
Да потсетам, Перо Камиказа (музичар, менаџер, евент специјалист) беше за Скопје, а Кираџиева (атлетичарка) за Аеродром минатите избори.

Перо Камиказа не можеш ниту да претпоставиш колку бил проблематичен кандидат од аспект на членство. Плус и после него поради сите глупости што ги правеше за време на кампањата ( со шилегов, со субвенционирањето патики), огромен број ограноци станаа комплетно против кандидирање на "познати фаци" со кои се нема никаков допир освен тоа што се познати.

Весна искрено не знам дали е воопшто за коментирање. Првин тоа што има клуб за атлетика за жени чија единствена цел е пари од буџет, не ја прави позната. Второ Весна освен тројца од аеродром со кои што беше другарка а сега им вади приватни пораки, не постои суштество на планетава кое немало негативно мислење за нејзе после еден час контакт со нејзе. Даре и цел огранок од Аеродром, не можеа да ја поднесат. Капацитет скоро нула - а амбиции до плафон. Мислам дека од членови од самиот огранок не ја гласаа. Затоа и освои 2000 гласа наспроти 5000 за советничка листа. Најголема разлика од кој било друг кандидат во Македонија.

Супер, фала за појаснувањето - тоа и го барав. Инаку, има и (троа) попознати фаци кои исто така одат на работа и тераат живот. Не мора да се рециклажи за да бидат познати во јавноста. Да не се разбереме погрешно, не викам дека пошто е "непознат" тоа го прави автоматски "несоодветен", туку дека сум заинтересиран да дознаам нешто повеќе за потенцијалниот градоначалник.

Комплетно се согласувам, али оди натерај ги да бидат кандидати. Тие се најпроблематични од сите, зошто за 90% од нив каква било асоцијација со партија е неприфатлива. И тие што би прифатиле да се кандидираат евентуално, не би се кандидирале освен ако не се сигурни дека имаат добри шанси за победа или не можеш да им понудиш заштита. Под заштита, подразбирам заштита на работно место, фирми што имаат, итн ... СДС + ДПНЕ владеат со општествово. Освен ако не си незаменлив кадар, не си неотпуштлив или не работиш директно и екслузивно со странци. Комплицирано е да се мешаш во политика. Во сите ограноци има еден куп членови кои се максимално способни и професионалци во својата струка, али на листа, на сликање, јавни средби нема шанси да ти дојде.

Со слична тематика беше и пред претседателските , "што не го кандидирате Коцарев, што не го кандидирате Цуцуловски"?. Не е само проблемот дека луѓето со капацитет СДС и ДПНЕ не ги кандидираат, добар дел од нив имаат и его и сакаат да се натпреваруваат само ако им е загарантирана победата, и уште поголем дел едноставно сакаат само да зборат од страна а притоа да не стават кожа во игра зошто така е полесно.

А и обично, сите целат на тоа да донесат "позната фаца", па макар и немал никакво познавање од тоа како функционираат работите во локалната самоуправа.

Можда и ќе биде подобар избор. Ќе видиме како ќе се презентира деновиве кај тие кои прв пат го запознаваат денес (како мене)

Друга причина зошто "познати личности" што немаат познавање, не можеме да си дозволиме е зошто едноставно нема капацитет да се покриваат и скриваат недостатоците како што истото го можат СДС и ДПНЕ. Невозможно е. Еве Дејан е буквално осуден криминалец, кој има лежено притвор и избегнал правда зошто предметот му беше "заглавен" на апелација кога Заев го донесе новиот кривичен законик. ДПНЕ не ги лази мува зошто ги имаат сите медиуми и нема никој воопшто да го покрене прашањето.

.Плус секогаш ти виси над глава мечот дека можеш и по некој развој на настаните да победиш. Ако Левица победи за градоначалничко место во која било општина, и во четири години не се покаже. Може слободно клуч да ставиме и да си одиме дома. Тоа е тоа една шанса ќе биде дадена, и не може да се ризикува со кловнови како Камиказа повторно. Марјан барем ако има нешто, има познавање од функционирањето на Аеродром, зошто колку што знам ги разгледува буџетите со советничката група веќе некоја година.

Остатокот како што кажав, ќе има средби со граѓани, ако некој сака можам и да ви побарам број да го исконтактирате или да имате приватна средба . Пишете ми директна порака само. Па одлучете си.
 
Последно уредено:
По ова што може да се изгугла - човеков е агент за недвижнини и(ли) има фирма за недвижнини. Ептен работничко занимање, а и погодено за кандидат за градоначалник во општина во која цветаат недвижнините :pos:

Нема врска тоа, ама признај дека и ти немаше појма кој е :D
Сите ние пред се сме работници за Левица. Околу тоа дали го знам би кажал дека од 80 000 што гласаа за Левица на минатите избори сетики ќе се најде еден ДрОмец.
 
Кандидатот на Левица за Аеродром ја стартураше кампањата со верување за решение на Вардариште.

Нема некој таму да му каже дека Вардариште е во Гази Баба? Веќе кога се залага за решавање на проблемите кои не се директно во ингеренција на општината во која се стреми да биде градоначалник, барем нека вети и дека ќе го реши проблемот со Цементарница (која е во Кисела вода) ама исто така загадува во Аеродром :toe:

Сериозно бе, од толлку идеи за подобрување на Аеродром, мораше ли да се стартува со „тоа што сака да го слушне народот“ наместо со некој реално остварлив проект?
 
Па и мене ми сметаше комшијата шо не сакаше потпорен ѕид да стави, па му реков ја да ставам и се согласи. :)
 
Ми се свиѓа логиката на наивност, ама не, не функционираат така работите :pos:
Апла популистички пристап, кој нема врска со реалноста. Со ваква реторика, не знам кои гласачи очекува да ги привлече. Патем, ако ме прашуваш и мене, нема никаква логика протестиве да се прават од „дромската страна“ на мостот - ако веќе се протестира и изразува револт, треба да биде насочен кон Гази Баба / Град Скопје (како две страни кои имаат моќ директно да одлучуваат за судбината на депонијата). Аеродром, може само „да им кажува на комшиите“.
 
Перо Камиказа не можеш ниту да претпоставиш колку бил проблематичен кандидат од аспект на членство. Плус и после него поради сите глупости што ги правеше за време на кампањата ( со шилегов, со субвенционирањето патики), огромен број ограноци станаа комплетно против кандидирање на "познати фаци" со кои се нема никаков допир освен тоа што се познати.

Весна искрено не знам дали е воопшто за коментирање. Првин тоа што има клуб за атлетика за жени чија единствена цел е пари од буџет, не ја прави позната. Второ Весна освен тројца од аеродром со кои што беше другарка а сега им вади приватни пораки, не постои суштество на планетава кое немало негативно мислење за нејзе после еден час контакт со нејзе. Даре и цел огранок од Аеродром, не можеа да ја поднесат. Капацитет скоро нула - а амбиции до плафон. Мислам дека од членови од самиот огранок не ја гласаа. Затоа и освои 2000 гласа наспроти 5000 за советничка листа. Најголема разлика од кој било друг кандидат во Македонија.

Комплетно се согласувам, али оди натерај ги да бидат кандидати. Тие се најпроблематични од сите, зошто за 90% од нив каква било асоцијација со партија е неприфатлива. И тие што би прифатиле да се кандидираат евентуално, не би се кандидирале освен ако не се сигурни дека имаат добри шанси за победа или не можеш да им понудиш заштита. Под заштита, подразбирам заштита на работно место, фирми што имаат, итн ... СДС + ДПНЕ владеат со општествово. Освен ако не си незаменлив кадар, не си неотпуштлив или не работиш директно и екслузивно со странци. Комплицирано е да се мешаш во политика. Во сите ограноци има еден куп членови кои се максимално способни и професионалци во својата струка, али на листа, на сликање, јавни средби нема шанси да ти дојде.

Со слична тематика беше и пред претседателските , "што не го кандидирате Коцарев, што не го кандидирате Цуцуловски"?. Не е само проблемот дека луѓето со капацитет СДС и ДПНЕ не ги кандидираат, добар дел од нив имаат и его и сакаат да се натпреваруваат само ако им е загарантирана победата, и уште поголем дел едноставно сакаат само да зборат од страна а притоа да не стават кожа во игра зошто така е полесно.

Друга причина зошто "познати личности" што немаат познавање, не можеме да си дозволиме е зошто едноставно нема капацитет да се покриваат и скриваат недостатоците како што истото го можат СДС и ДПНЕ. Невозможно е. Еве Дејан е буквално осуден криминалец, кој има лежено притвор и избегнал правда зошто предметот му беше "заглавен" на апелација кога Заев го донесе новиот кривичен законик. ДПНЕ не ги лази мува зошто ги имаат сите медиуми и нема никој воопшто да го покрене прашањето.

.Плус секогаш ти виси над глава мечот дека можеш и по некој развој на настаните да победиш. Ако Левица победи за градоначалничко место во која било општина, и во четири години не се покаже. Може слободно клуч да ставиме и да си одиме дома. Тоа е тоа една шанса ќе биде дадена, и не може да се ризикува со кловнови како Камиказа повторно. Марјан барем ако има нешто, има познавање од функционирањето на Аеродром, зошто колку што знам ги разгледува буџетите со советничката група веќе некоја година.

Остатокот како што кажав, ќе има средби со граѓани, ако некој сака можам и да ви побарам број да го исконтактирате или да имате приватна средба . Пишете ми директна порака само. Па одлучете си.
Овој Борат ваш е, или бот од други партии? Ако е ваш, зошто не му изгасите струја на некое време?
 
Ми се свиѓа логиката на наивност, ама не, не функционираат така работите :pos:
Апла популистички пристап, кој нема врска со реалноста. Со ваква реторика, не знам кои гласачи очекува да ги привлече. Патем, ако ме прашуваш и мене, нема никаква логика протестиве да се прават од „дромската страна“ на мостот - ако веќе се протестира и изразува револт, треба да биде насочен кон Гази Баба / Град Скопје (како две страни кои имаат моќ директно да одлучуваат за судбината на депонијата). Аеродром, може само „да им кажува на комшиите“.
Ваљда затоа што Дромците се по ратоборни од овие у Гази Баба, ама како што рече не е исклучена можноста протестите да се прошират и таму. Сепак изгледа Аеродром најмногу е загаден од тоа Вардариште па луѓето со право протестираат. Може може деновиве да му се сдеси народ на Мицко и у Гази Баба.

Овој Борат ваш е, или бот од други партии? Ако е ваш, зошто не му изгасите струја на некое време?
А ти чиј си? Ти нели си наш?
 
Зависи, ако си вмровец трол, ваш сум.
 
Зависи, ако си вмровец трол, ваш сум.
Сите ние сме нели вмровци пред се, затоа и треба да се укине употребата на името во политиката. Наш си, само уште не знаеш.
 
Овој Борат ваш е, или бот од други партии? Ако е ваш, зошто не му изгасите струја на некое време?
Борат е секогаш тука, значи никој не може да му изгаси струја (освен чичкото со хидроелектраните).
Од друга страна почитуваниот Боро пишува само на ефтина струја. Разбирливо, цел буџет им оди за кампања и кирии, мора некаде да се штеди.

Едниот е Борат Сагдиев ( :icon_lol: ) другиот Боро1918. Што се случи во 1918 година?
 
Да не се оддалечуваме од темата другари кајганџии, следење на правилата на форумот е од круцијално значење за развој на истиот. Не би било во ред член на форумот да има повеќе акаунти. Така би си ја нарушил сопствената креативност и карактер за во вистинскиот живот. Способноста да истрпи критика и да учи од истата како во иднина би бил многу по подготвен за животните предизвици.

Околу тоа што правевме муабет дека Аеродром излегува на протести а Гази Баба сеуште молчи како и тоа дека кандидатот на Левица ветува справување со депонија која не е под негова надлежност, можам да кажам дека синоќа истражував па дури и сега шетав низ хиподром, маџари луѓето се многу лути на актуелната власт но сеуште некако им проаѓа без протест. Проблемот со Вардариште навистина на хартија може да го исправи градоначалникот на Гази Баба но тоа секако не е само проблем на Гази Баба, тоа е на сите нас.
 
Кандидатот на Левица за Аеродром ја стартураше кампањата со верување за решение на Вардариште.

Нема некој таму да му каже дека Вардариште е во Гази Баба? Веќе кога се залага за решавање на проблемите кои не се директно во ингеренција на општината во која се стреми да биде градоначалник, барем нека вети и дека ќе го реши проблемот со Цементарница (која е во Кисела вода) ама исто така загадува во Аеродром :toe:

Сериозно бе, од толлку идеи за подобрување на Аеродром, мораше ли да се стартува со „тоа што сака да го слушне народот“ наместо со некој реално остварлив проект?

1. Во програмата справувањето со Вардариште, Цементарница, циганите од двете страни на цигански мост, депонијата кај железничкиот мост во горно лисиче се сите опфатени во делот за Екологија, кој е на трето место во програмата според приоритет а реално е на второ место. И таму е напоменато дека да Аеродром нема директни ингеренции за 90% од проблемите, али може да изврши првин институционален притисок, а ако не помогне тоа ќе се пристапи со блокади организирани од самиот градоначалник ( нормално ако е избран)

  1. Гази Баба води дива депонија со нелегално ЈП.
  2. Кисела Вода иако има изгласано на совет Орце одбива да стави мерни станици околу Усје, истото е и со Данела на ниво на град Скопје.
  3. Гази Баба и Министерство за Труд и Социјала дозволија да се направи дива населба на 2км од центар на град каде што животни се касапат на отворено директно на кеј, се горат губи и се пушта музика на по 20 појачала. Додека МВР гледаат немо како истите го поминуваат мостот и крадат по острово се што може да се украде.
  4. Во Горно Лисиче, рандом ликови си наплаќаат по 500 денари по камион да се фрла градежен шут директно на кеј. Кејот изгледа како постапокалиптичка зона, доле се градежен шут, дрвата горе цели во кеси и најлони.
Сите досегашни градоначалници збор немаат кажано за ниту еден од овие проблеми. Сегашниот оди и си отвара фестивал на храна додека воздухот смрди на пластика. Жал ми е само што го избразале целото видео, зошто се гледа дека земале да снимат нешто интересно, наместо да снимат нешто со малку поента. Али во иднина ќе се смени концептот на видеата, и ќе се зборува во секое и за што се мисли.

Сериозно бе, од толлку идеи за подобрување на Аеродром, мораше ли да се стартува со „тоа што сака да го слушне народот“ наместо со некој реално остварлив проект?

Справување со Усје и Вардариште не е што сака да слушне народот, на 90% им е гајле.Ене ги 100 души се собираат на протест. Али тоа е една од трите најважни три точки заедно со комплетната нефункционалност на општинскиот апарат / неспособноста да се одржува хигиена во општината и кроењето на ДУПови од страна на градежната мафија. После доаѓаат паркинг хаосот, диверзификација на структурата на општината ( да не биде само спална на скопје) и реструктурирање на буџетот каде што ќе се тргнат сите точки со кои што се испумпуваат пари од истиот.

А тие што гласаат за затворен базен и нови градинки, ќе добијат згради за нови 30 000 луѓе на територијата на сегашната касарна и на кеј на потегот од Јане Сандански до Хилтон, одкако ќе се донесе новиот ГУП.

Мислам смешно е кога во четири години еднаш се коси трева пред избори, контењерите цело лето се цедат на паркинзи цела општина смрди на скапано. За некоја година поради Усје и Вардариште , ќе треба нова Онкологија да изградат тука, да се каже дека тоа ете не се приоритети зошто не се светкави и фенси. Не може да купуваш нов мебел, кога имаш влага по ѕидовите и паркетот ти скапал.
 
Последно уредено:
Џабе е нема ингиренции градоначалникот. За палењето покрај кеј во лисиче кај пругата/мостот и на Вардариште треба да реагира полицијата, да ги приведе циганите, ама нив кур ги боли. Затоа и јас пишував во другата тема дека треба кејот да се исчисти и продолжи барем до пругата, а пожелно е и повеќе. Јас од државава сакам да се иселам баш ради овие проблеми, а не некое копиле јадеше гомна дека палењето било најмал проблем. Кога секој ден ти смрди на запалена пластика и не може да дишеш раат, сите други проблеми се секундарни.
 
Градоначалникот може уште денес да викне медиуми да се нацрта пред Министерство за животна средина и пред обвинителство и да дигне пријави против градоначалникот на Гази Баба за водење на дива депонија и против Орце за неспроведување на одлуки на совет. И да го прави тоа секој ден ако е потребно. Градоначалник е, избрано лице е . Во најмала рака на МТВ ќе мора да го дадат и да направат прилог.

Друга работа циганите од страната на Аеродром и кај цигански мост и доле накај Долно Лисиче можат да бидат исчистени од страната на Аеродром, а цигански мост може и да му стават обезбедување. Зимава гледаш дека циганите пак палат гуми кај тето, земаш телефон се ставаш таму на локација и се снимаш како викаш полиција и инспекторат на Министерство за животна средина. Секој ден ако треба па ќе видиме колку време Панче и компанија ќе можат да се прават слепи.

Кој сака да реши проблеми и сака да се бори ќе се бори. Тој што се предал од старт секогаш ќе најде изговори.

Ако институциите не прават ништо, може градоначалникот да повика на блокирање и со тоа да даде легитимитет. Не е исто кога се собираат 200 луѓе и блокираат булевар, со кога градоначалник ќе излезе и ќе даде подршка. Нека се блокираат мостот близнаци, улицата низ Долно Лисиче и кај Жито Лукс на некој ден и да видиш како ќе почнат да имаат слух. А ако немаат слух и понатаму на следните парламентарни од аеродром ќе добијат шипак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom