Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 27.909
- Поени од реакции
- 37.335
Само овој дел го цитирам иако тоа не значи дека нема да се осврнам и на другите кажани тези.Никој не спори дека Украина сама немаше да издржи толку време, но факт е дека дадоа голем отпор и не им дозволија на Русите да ги прегазат како плиток поток, Русите се избрукаа, и ова го кажувам како некој што е про-руски ориентиран.
Што точно „Русите се избрукаа“?
Мислиш воено?
Сметаш дека е неуспех досега покажаното при водење офанзивна војна против САД и ЕУ/НАТО (нивно оружје и украински војници) и против најбројната и најопремена армија во Европа и пошироко (украинската), и притоа против најутврдената одбрана во светот (гледано по површина на територија и број на дефанзивни фортификации)?
Јас не се согласувам, воено гледано ова е огромна победа за РФ. Односно засега натаму оди и ќе биде огромна победа кога и ако војната ќе заврши во насоката во која се движи од почеток до сега. Но секако е успех ова што го гледаме, ако објективно гледаме.
Мислиш стратешки?
Се разбира дека е неуспех фактот што дозволија ова да се случи на прво место. Но за да го спречат тоа требаше да влезат воено во Украина уште пред 2014-та кога Америте го почнаа ова што го прават сега. Ако бараш стратешка грешка, таму е... Но пред 11 години РФ не беше на истото место што е сега, не само воено и технолошки туку и економските услови не беа прикладни. Знаеш кога Русите влегоа во гамбитов? Некои би рекле кога добија информации за почетокот на украинска офанзива во Донбас. Но јас мислам дека Русите го почнаа ова кога западните центри на моќ беа во сред економската манипулација позади „пандемија“ настанот. Тогаш економските услови на светско ниво беа подесни за почнување нешто (воена разврска) која се знаеше дека ќе резултира со санкции од најлош вид. Затоа РФ ја преживеаа економската војна што следеше и не само ја преживеаа туку и просперираат. СССР на пример падна уште на економската војна и руксото раководство тука научи важна лекција.
Е сега за тезата дека западните ова го прават без последици („победа за која и самиот Хитлер можел само да сонува, да убие милиони Руси без ниту еден погинат Германец“).
Западните и тоа како и сега имаат последици, но правите последици тек ќе ги имаат. Ќе правиме другпат муабет (само да не заборавам да те пингам и тебе, еве ќе го букмаркирам постот).