Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Филмот е феноменален една одлична приказна. Мора да учиме од соседни и екс ју држави доста се филмово со комити и лезбејки.
 
MV5BMjFhZTcxOTktMzllMS00MzIzLWJhODEtZDU5YTFkNzRjZWQyXkEyXkFqcGc@._V1_.jpg

Се случува низа исчезнувања на деца за кои постои сомневање дека се грабнати. Кога ќе исчезне и 13 годишниот Фини неговата сестра се обидува на сите можни начини да го пронајде користејќи ја нејзината "дарба", а претходните жртви на Грабнувачот му помагаат на Фини да не го снајде нивната судбина.
Интересно филмче, напнато.
7/10
 
ems.cHJkLWVtcy1hc3NldHMvbW92aWVzL2MzYjQzMGViLTJlOGQtNDA2Yy05M2Q5LWFiNDI0YjY1YjllZi5qcGc=.jpg
Не за џабе рекле: "Внимавај што посакуваш, може да ти се оствари".
7/10, малку така лоша глума на Ник Стал, ама ајде приказната е интересна.


IMG_20250225_221915.jpg
Две религиозни црковни сестри проповеднички (или како и да се вика) ќе се најдат на погрешно место во погрешно време. Наведени на игра ќе им се тестира вербата и све она кои и самите го пренесуваат на другите кога станува збор за религијата.
8/10
 
Денеска се скапав од филмови
Последно гледан е Парада.
Секако 10/10.
Не го гледам прв пат. Пресмешен филм, кој има за порака да бидеме соединети, да си помагаме.
Добра комедија за недела дефинитивно.
Моментално иде Zodiac. Сакам напетост
 
Денес го гледав "Кракен"..
IMG_0282.jpeg
Не прашувајте како го симнав и како најдов перевод :D

Рецензија: го чекав со нетрпение и планот беше вчера вечер да го гледам, ама имав проблем со преводот, па се пимплав до касно и изгубив после тоа желба..
Денес натенане..
Во основа добар филм!Ништо револуционерно или богзнае што.
Дали вредеше моете чекање и нетрпеливост(?!) Веројатно не..
Но сепак е добар за жанрот, посебно што не доаѓа од Холивуд и еврејското лоби!
Нетипичен подморнички филм, акција-трилер (и малкуцка хорор). Ме потсети според атмосферата на "Hunter Killer" со Џерард Батлер. Во смисла дека не е клаустрофобичен, мрачен и мачен!
Ако ви се свиѓаше погоре споменатиот, ќе ви се свиѓа и овој! 110%!

Висока продукција и сет! Ефекти топ!
Глумците малку шминкери како за хард-кор морнари..(ама пак ќе речам Хантер килер вајбс).
Приказната е добра, иако малку предвидлива, but what the heck!
Музиката е стварно одлична, со оргуља во моментите кога се прикажува чудовиштето.. стварно ме изненади!
Препорака/оцена 9/10
 
Филмот е феноменален една одлична приказна. Мора да учиме од соседни и екс ју држави доста се филмово со комити и лезбејки.
Комити фаќаат лезбејки и пробуваат да ги навлечат на нормален секс. Е ова е филм што треба да се сними.
 
How to train your dragon (2025)

Искрено филмот е одличен исто ко цртанот. Држи внимание кастинг солиден.
 
Rendition 10/10

Го обижавам Џејк. Интересен филм што држи внимание и тензија, не очекував таков расплет. Кој сака добра акција и драма, нека го гледа.
 
Sicario 10/10

Борба на ФБИ со мексички картел.
мене ми се свиѓаат вакви филмови. Сакам тензија, драма.
 
Супермен 2025.

Шта речи. <3

10/10
Па со оглед дека темава се вика „Последен гледан филм со кратка рецензија“, речи малку повеќе.

Само што го изгледав новиот Супермен, уживав во филмот. Толку е лош што е добар :D. Значи сериозен сум и за двете работи: филмот е тапа, Ио уживаше во филмот.

Добрите работи завршуваат кај аудио-визуелното искуство, тука е се направено без грешка, убаво, светло, сино. Можеби тука би го протнал и изборот за Кларк Кент и Лоис Лејн кои ми се допаднаа. Добри гаџети, солидна опрема и костимографија, освен фризурата на Green Lantern се друго проаѓа.

Другото скоро се е погрешно. Од дијалози, развој на приказна и карактери, актерска екипа, посебно Лекс Лутор... лик кој бил игран од Џин Хекман и кој важи за еден од најголемите негативци, да го избереш оној дечко со нула харизма кој може да игра само во реклами... не знам што да речам. Не е ова кој било лик за таков избор.

Супермен го искршија од ќотек, мислиш е Бетмен. Да не беше тоа кучето на стероиди, немаше да преживее. Како и хуморот беше од Guardians of the Galaxy, можеа слободно ракунот да го вметнат во приказната наместо кучето. Наместо да развиваат приказна, тие ставија некое вонземјанче кое одеднаш се претвори во Годзила па Супермен мораше да спасува верверички додека се тепа со него. За тепање досада и не беше лоша сцената.

Вака ако продолжам ќе испадне дека го хејтам филмот, напротив, баш добро се одморив гледајќи го, мозок не е потребен за гледање вакви филмови, но како entertainment е добар и не жалам што го изгледав. Воедно, ова ми е и првиот филм во кино после Опенхајмер :D
 
The naked gun (2025)

Очај , досаден до бесвест едноставно на Лиам не му лежи улогава и крај на приказна макар што и сценариото не е којзнае што не го догледав се откажав на пола филм
2/10.

The pick up (2025)

Филм за тепање време приказната е веќе видена и на места со ефектите се претера. Еди е многу добар и ретко има лош филм.
 
The naked gun (2025)

Очај , досаден до бесвест едноставно на Лиам не му лежи улогава и крај на приказна макар што и сценариото не е којзнае што не го догледав се откажав на пола филм
2/10.

The pick up (2025)

Филм за тепање време приказната е веќе видена и на места со ефектите се претера. Еди е многу добар и ретко има лош филм.
Баш сакав да го гледам Гол пиштол, гледам ок оцена има 7/10 што за комедија е релативно добро.
Во секој случај незаменлив е Lesie Nielsen,мораше нешто ново во Холивуд оваа година слабо добри филмови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom