Нкунку си оди 99%, многу ми е криво за него. Сметам дека е многу добар играч, ама за жал повредите го уништија. На СП изигра сосема коректно и се надевам дека ќе успее барем делумно да ја врати формата од Лајпциг.
Истото може да се каже и за Чилвел, повредите му сјебаа добар дел од кариерата. Без драми, без лелекања, секогаш строго професионално се однесувал спрема клубот, за разлика од некои негови соиграчи од таа генерација. Исто така, и кога Мареска го отфрли од тимот, испадна коректен и ниеден лош збор нема кажано на сметка на клубот или на Мареска. И самиот Енцо кажа дека погрешил што го изоставил од тимот, и тоа најверојатно поради дебилот Веига. Од мене секогаш ќе има почит, и фала му за магичната 2021.
Хато се смета за еден од најперспективните бекови во светот. Исто така, може да игра и како стопер. Како што кажа братот погоре, капитен е на Ајакс и е најмладиот капитен во историјата на клубот. Прекупотребно засилување, за да не прегори најдобриот лев бек на светот.
Симонс може да игра и лево и во средина, „ball carrier“, слично на Кудус и Роџерс, за кои исто така бевме заинтересирани. Ако Мареска мисли дека му е потребен таков вид играч и смета дека баш Симонс е вистинскиот, тогаш, BRINGGGG, што би рекле твитерашите.
Јас сè уште мислам дека не сте свесни што имаме во Естевао. Колку талент има во него и сè што направи со Палмеирас. Буквално новиот Нејмар. Тоа што не ни успеа со него, сега ни успеа со Естевао. Сè уште е дете, но засега се однесува зрело. Се надевам само дека нема да се изгуби надвор од терените како Нејмар и ќе си остане нормален.
Daily Dose Of Football има интересно видео за него, па ако сакате да дознаете нешто повеќе за тоа што направил со Палмеирас и какви рекорди има срушено, и ако имате ~20 минути да одвоите, моја топла препорака за видеото. Секако, да ги спомнам и трите МОТМ награди на Светското и утакмицата против Челзи.
Новиот голман е веќе најден - Мајк Пендерс. Мислам дека со утакмиците на Санчез на Светското првенство се затвори и прашањето за нов голман за наредната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да се надеваме дека Санчез ќе продолжи да брани во форма каква што имаше на СП. Местото на Пендерс ќе зависи од Санчез, па ќе видиме дали ќе го гледаме Мајк веќе следната година, или за две–три години. Сигурно е дека голманот за иднината е Пендерс, кој минатата сезона ја помина во Генк, а следната ќе ја игра во Стразбур.
Исто како Пендерс и Сар, така и Паез следната сезона ќе ја игра во Стразбур, клубот кој е во сопственост на истите луѓе што го водат и нашиот Челзи. Сопствениците го фокусираат Челзи како главна инвестиција, а Стразбур го користат повеќе за сè уште недокажани и перспективни млади фудбалери. Минатата сезона Сантос имаше феноменална сезона во Стразбур и беше еден од подобрите играчи во француската лига. Истото се очекува и од Паез, да експлодира таму, а потоа да си го пронајде местото во тимот на Челзи, исто како Сантос.
Џорџ има голема шанса да заврши на позајмица во некој од премиерлигашките тимови, а ако не се најде таков, најверојатно ќе заврши на позајмица во Чемпионшипот.
Ќе гледаме доста ротации. Ни претстои долга сезона, се надевам сите ќе останат здрави.
Ми се допаѓа што сите напаѓачи (освен Гитенс, кому левото крило му е единствена позиција) можат да играат на повеќе позиции во нападот. Нето може комотно да игра и на левото и на десното крило, Палмер и Естевао, и десно и централно. Симонс може лево и централно. Жоао Педро може да игра и како шпиц и зад шпиц. Џексон исто така може лево и како шпиц. Ете, можеби Делап нема да покрива многу други позиции, ама тоа и не е толку битно.
За новите трансфери воопшто не се грижам. И да донесат некој од Тунгузија, 15-годишен со две леви нозе, нема да се бунам ниту да бидам загрижен. И Баркола и Дуе беа скаутирани, па пропаднаа трансферите од некои причини, и на крај видовме што направија со ПСЖ. Така што, за Гитенс, Симонс, Естевао, Паез, Квенда и сите останати воопшто немам гајле.
Очекувам борба за титула до последното коло, а зошто да не и да ја освоиме лигата. Исто очекувам и во ЛШ, што е можно поголема борба за трофеј. Секако, многу работи ќе зависат од околностите, па ќе видиме како ќе се одвива сезоната.
KTBFFH