Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Следно те чекам линк да ми пратиш од хороскоп како од следниот месец, за мојот знак КОРЕНИТИ промени ќе се десат и конечно ќе ме запрати среќа и пари. <3
 
Добро ќе легнат 50м за отпишан играч. Баш сега прочитав дека сите договори биле завршени, само лекарски преглед и потпис на Феликс со клубот да се заврши денес.

Многу сум позитивно изненаден од политиката на клубот. Одлично се менаџира и во брз рок се поправаат грешките што ги направија првите 1-2 години. Последно што ми беше криво е за Маунт и за Чилвел, ама Маунт излезе мајмун, си бил самиот виновен и нека му е исто како до сега во јунајтед.

Чилвел си остана господин до сега, мислам дека можеше подобро со него ама тоа што го прави господинот Куку КукуРЕЛААААА е за почит, нема што.

Симонс и Хато...
Хато ок, замена за Кукурела, ама Симонс мислам дека ќе повлече други промени.

Ги имаме Палмер и Нето, Ензо по потреба иде напред, Нкунку, Џорџ, Гитенс, Естевао, Паез.

Ако дојде Симонс мора да си оди Нкунку(тоа мислам дека и се случува), Џорџ и Паез треба да си најдат позајмица (исто мислам дека се случува), а Естевао не знам како би се борел ама ако се избори ќе бидам среќен и Гитенс не би требало да се има договорено да биде замена ама тоа му се пишува.

На ова ако се додаде дека Џексон можеби ќе остане, се надевам дека нема да иде шпиц повеќе туку лево крило да се префрли, експлозивен е, брз, добар дриблинг, би бил каде каде покорисен како крило од шпиц.

И останува голман, ај се надевам дека тоа ќе е наредно после Симонс и Хато.

Ќе ископаат некој од југоисточна европа, австро-унгарски или чехословачки талент што ќе искине како Чех или Куртоа. На ова ми мириса.

Се на се, позитивно сум изненаден и се надевам дека ќе имаме добра сезона во ПЛ (топ3-4) и ЛШ (барем да се дојде до осмина финале).
 
Естевао ќе си ротира со Педро и ќе му биде чирак, не верувам да добива некоја огромна минутажа на почеток, 5-6 минути овде онде да одмори нозе на Нето и во куп утакмици. Полека ќе го интегрираат, местото сам ќе си го заслужи. Педро ни е еден од најдобри играчи, многу го нејќат и не знам зошто ама моментално ни е најдобро крило и не верувам дека ќе го седне на клупа сезонава или идна, само се надевам дека ќе остане здрав. Добро е изменаџирана позицијава од клубот.
Лево ми е малце енигма што ќе се дешава, Мудрик попи бан, само Гитенс е. Нема замена, не знаеме како ќе се покаже и адаптира на ПЛ, ќе бидне интересно за гледање. Не знам дали Симонс може да игра лево ама и да може не е крило како Педро што игра на 1вс1 така да не знам.

Хато не сум го гледал ама веќе има 100 утакмици на сениорно ниво за Ајакс, капитен им е така да ќе видиме, овие позиции се скапи и тешки за покривање и затоа не ме ни чуди што кошта толку многу ама од друга страна неопходен е пошто Куку нема замена а веќе е влезен во прајмот и гине секоја утакмица на нозе, уште колку ќе тера така не знам ама бек е а они брзо горат.
 
Нкунку си оди 99%, многу ми е криво за него. Сметам дека е многу добар играч, ама за жал повредите го уништија. На СП изигра сосема коректно и се надевам дека ќе успее барем делумно да ја врати формата од Лајпциг.

Истото може да се каже и за Чилвел, повредите му сјебаа добар дел од кариерата. Без драми, без лелекања, секогаш строго професионално се однесувал спрема клубот, за разлика од некои негови соиграчи од таа генерација. Исто така, и кога Мареска го отфрли од тимот, испадна коректен и ниеден лош збор нема кажано на сметка на клубот или на Мареска. И самиот Енцо кажа дека погрешил што го изоставил од тимот, и тоа најверојатно поради дебилот Веига. Од мене секогаш ќе има почит, и фала му за магичната 2021.

Хато се смета за еден од најперспективните бекови во светот. Исто така, може да игра и како стопер. Како што кажа братот погоре, капитен е на Ајакс и е најмладиот капитен во историјата на клубот. Прекупотребно засилување, за да не прегори најдобриот лев бек на светот.

Симонс може да игра и лево и во средина, „ball carrier“, слично на Кудус и Роџерс, за кои исто така бевме заинтересирани. Ако Мареска мисли дека му е потребен таков вид играч и смета дека баш Симонс е вистинскиот, тогаш, BRINGGGG, што би рекле твитерашите.

Јас сè уште мислам дека не сте свесни што имаме во Естевао. Колку талент има во него и сè што направи со Палмеирас. Буквално новиот Нејмар. Тоа што не ни успеа со него, сега ни успеа со Естевао. Сè уште е дете, но засега се однесува зрело. Се надевам само дека нема да се изгуби надвор од терените како Нејмар и ќе си остане нормален.
Daily Dose Of Football има интересно видео за него, па ако сакате да дознаете нешто повеќе за тоа што направил со Палмеирас и какви рекорди има срушено, и ако имате ~20 минути да одвоите, моја топла препорака за видеото. Секако, да ги спомнам и трите МОТМ награди на Светското и утакмицата против Челзи.

Новиот голман е веќе најден - Мајк Пендерс. Мислам дека со утакмиците на Санчез на Светското првенство се затвори и прашањето за нов голман за наредната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да се надеваме дека Санчез ќе продолжи да брани во форма каква што имаше на СП. Местото на Пендерс ќе зависи од Санчез, па ќе видиме дали ќе го гледаме Мајк веќе следната година, или за две–три години. Сигурно е дека голманот за иднината е Пендерс, кој минатата сезона ја помина во Генк, а следната ќе ја игра во Стразбур.

Исто како Пендерс и Сар, така и Паез следната сезона ќе ја игра во Стразбур, клубот кој е во сопственост на истите луѓе што го водат и нашиот Челзи. Сопствениците го фокусираат Челзи како главна инвестиција, а Стразбур го користат повеќе за сè уште недокажани и перспективни млади фудбалери. Минатата сезона Сантос имаше феноменална сезона во Стразбур и беше еден од подобрите играчи во француската лига. Истото се очекува и од Паез, да експлодира таму, а потоа да си го пронајде местото во тимот на Челзи, исто како Сантос.

Џорџ има голема шанса да заврши на позајмица во некој од премиерлигашките тимови, а ако не се најде таков, најверојатно ќе заврши на позајмица во Чемпионшипот.

Ќе гледаме доста ротации. Ни претстои долга сезона, се надевам сите ќе останат здрави.
Ми се допаѓа што сите напаѓачи (освен Гитенс, кому левото крило му е единствена позиција) можат да играат на повеќе позиции во нападот. Нето може комотно да игра и на левото и на десното крило, Палмер и Естевао, и десно и централно. Симонс може лево и централно. Жоао Педро може да игра и како шпиц и зад шпиц. Џексон исто така може лево и како шпиц. Ете, можеби Делап нема да покрива многу други позиции, ама тоа и не е толку битно.

За новите трансфери воопшто не се грижам. И да донесат некој од Тунгузија, 15-годишен со две леви нозе, нема да се бунам ниту да бидам загрижен. И Баркола и Дуе беа скаутирани, па пропаднаа трансферите од некои причини, и на крај видовме што направија со ПСЖ. Така што, за Гитенс, Симонс, Естевао, Паез, Квенда и сите останати воопшто немам гајле.

Очекувам борба за титула до последното коло, а зошто да не и да ја освоиме лигата. Исто очекувам и во ЛШ, што е можно поголема борба за трофеј. Секако, многу работи ќе зависат од околностите, па ќе видиме како ќе се одвива сезоната.

KTBFFH
 
Треба сега една добра продажба и позајмици на неколку играчи, има премногу играчи.

Ми се допаѓа што ги санираа критичните места во тимот остана уште голман, се шпекулира за Донарума а како татковски му пристапи Мареска по завршување на финалето нешто се готви.
 
За напаѓач не сакаа да дадат висока плата, а не па за голман. Нема шанси за Донарума.

Мислам дека планот моментално стварно им е да продолжат со Санчез, ама ако се отвори некоја шанса, можеби ќе земат голман после почеток на сезона.
Пендерс се збори како ептен голем талент и ќе има добра шанса да се покаже во Франција. Ако стварно го бива, сигурно ќе биде прв голман на долг рок. Затоа уште ми е криво што не го земаа Мењан. Таман ќе беше за две сезони, па после да се врати Пендерс.
 
За пофалба се како склопуваат конечно. После првите две сезони кога чоро и сакато купија.
Убаво све тоа, само нека не ја умираат академијата. Треба да пркне некое ново дете од таму.
 
Од како се ставија технички директори и лица што знаат фудбал драстично се сменија работите.
Да бидам искрен освен Педро кој доста покажа во Брајтон другиве ги немам гледано.
Но ме радува тоа што трансфер периодов ги покрија критичните позиции и нормално се прошири ростерот на играчи со нови играчи.
Замена за Кукурења и Колвил - Хато.
Симонс директна замена за Палмер кој сезонава имаше умор кој доста се осети во тимот.
Лево крило ново плус нели Педро кој може да покрива таму.
Нов напаѓач кој е снагатор.
Вилиан донесува нешто ново, Сантос замена за Енцо која минатата сезона ја немавме.

Исто така доста позитивна работа е што знаат да преговараат за продажба на играчи и не ги даваат за ситни пари.
Супер сума за Феликс, Стерлинг во наполи ако го шитнат за 20 мил е супер.
Ете се зборува за озбилна сума за Џексон.
Петрович и Мадуеке да не ги заборавиме.
И уште барем 5 играчи што треба да ги продадеме за ете 25+/- ќе биде топ зделка.
Или генерално ако добијат летово 350 мил од продажба ќе е супер.



Донев сезониве со новите газди се направи впечаток дека Челзи е лесен да се насамари за трансфери, па баш сега ми изгледа како да играат мајнд гејмс со преговарачите и имаат опција Б.
Еве нели со Мињон пропадна за 5 мил трансферот, не дека Челзи нема 5 мил туку сакаат да испратат порака.

Оди доста во прилог што Санчез покажува некакви знаци на подобрување последниве неколку месеци.
 
Сите подзаборавивме, ама се донесе и замена за Каиседо. Солидно изгледа Есуго и би требало добро да го замени Каиседо во куповите, па и во полесни ЛШ натпревари.
 
Уште Хато и Симонс и доволно е.

Се збори на големо и за Гарначо. Не би сакал да дојде во клубот, не ради квалитетот, можеби ќе се покаже добро, ако не се покаже ќе оди на продажба за некоја година, туку ради неговиот менталитет и понашање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom