Сега го слушав Миша.. вика украинците имале само 7500 KIA во Часов Јар! И тоа од руски извори!
Мое мислење (за жал) е дека русите имаат неколкукратно од тоа! Прво не кажуваат за нив, второ цела година го пимплаа.
Ако Бахмут беше украинскиот meatgrinder, тогаш Часов Јар испадна рускиот...
И пак типацов си црта линии, се замишља генерал, а чисто сумњам дека после цела година борби, украинците ја немаат утврдено таа позадина...
Дури и русите скромно, речиси никако не ја слават "победата" таму. Само спомнаа дека е многу битно стратешко место. А колку е битно, ќе зависи тек допрва... оти ако не го искористат Часов Јар за да провалат и заобиколат накај Константиновка или Краматорск... џабе грајндаа таму! А искрено не верувам како што кажав дека позадината не им е утврдена на укрите. Се мислам дека зимово ќе го дочекаат околу полу-заобиколена Константиновка
Покровск, иако многу подобро им оди, и има и послаби единици, и повеќе дезертирање на тој правец... пак не испаѓа како што прво се залетаа некои членови тука!
Во оперативно, ама не и целосно заобиколување е! А и наводните прикаски дека влегле во Покровск и дека се водат улични борби испаѓаат неточни!
Веројатно извиѓачко-диверзантските групи одлично си ја завршиле работата, за потоа да војската заебе зад нив и не искористи простор! Последни информации се дека населбите од југ се сива зона, а тие сироти диверзантско-извиѓачки единици се оставени заглавени во паркот каде моментално мме им прават!
Исто и тоа гратчето на север Новоекономичное е сива зона, а за Мирноград абер немаат!
Да се информираше човек од форумов само... ќе мислеше дека Покровск е пред недела дена освоен