Симптоми на Македонски директори, менаџери, бизнисмени

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.272
Поени од реакции
26.587
Генераално се делат на два типа:

1. Бумери

Нема ти него што да му објаснуваш, он е уште од СФРЈ директор. Нема потреба од интернет, он бил интернетот.

1753809096096.png

2. Помлада генерација

Влезен е во некој амерички филм организира тим билдинзи и слични глупости и на интервјуа на кандидатите им вика-Продади ми го пенкалово.

Темава е за да се посмееме на глупостите и "финитите" на македонските газди и директори. Нормално, се прифаќаат и убави примери, ама осеќам дека ќе доминираат лошите. Ваши искуства или на другари и блиски.
 
Посебна сорта се оние со "евангелист" зборот во описот...

Пример:

Tech evangelist ...
Marketing evangelist ...
Business evangelist ...

Тежок амерички кринџ.
 
Посебна сорта се оние со "евангелист" зборот во описот...

Пример:

Tech evangelist ...
Marketing evangelist ...
Business evangelist ...

Тежок амерички кринџ.
Прв пат гледам ова со евангелист. 500 (95% американци) контакти на LinkedIn, еден немам ваков.
 
Почиња да ти прави муабет дека не ти треба покачување на плата, он на твои години и на истата позиција бил бетер од тебе :icon_lol:
 
Баш пред некој ден читав еден плачеше дека кандидатот му побарал 1000 евра, а немал ни портфолио, ни искуство. Вака го читаш ќе речеш може и во право до некаде, ама после во коментари го прашувале како дошло до таму. Мајчиниот му дал тест проект и овој го направил ептен добро. Значи кандидатот покажал знаење, ама овој намерно го испуштил тоа во постот и се курчи со „од кај да знам дека си добар“.
 
Пред повеќе години, пред моево сегашно раб.место, одам на „интервју„ кај еден лик, чија фирма тогаш беше во подем а денес речиси заборавена. Ликот ме прашува дали сум бил расположен да работам 6 месеци како волонтер во неговата фирма, на учење занает...мислим, дај...
 
Бев прошлата година на интервју во една позната компанија за часовници (не е Божиновски) и ми доаѓа тоа менаџерчето на разговор со откопчано кошулче, бела маичка, кромитче фризура, кафенце во термос чаша, седна на столчето како просечен сељак пред селска кооперација, и почна да ми се курчи како тој да ја основал компанијата (а нема врска, татко му негов бил првиот газда). Според ликот и однесувањето можам да кажам дека личеше на класично исфеминизирано педерче од Дебар Маало кое дреми по невладини организации, и на секои избори гласа за СДС. Башка и збореше на секретарката позади грб дека ако не бил он, досега ќе била избркана.

Едвај чекав zz да му кажам, едно 70% од разговорот не ни го слушав, едвај чекав вратата да ја фатам... Поарно ќе гладувам, одколку од таков човек да очекувам плата
 
1. Нема пари за покачување, ама има пари за мерцедес, за прошетка низ Монте Карло, за нов кафемат од 30 000 денари…
2. Кога ќе најавиш отказ, одеднаш има пари и за бонуси, и за покачување, и едноставно мора да се договорите. И одеднаш стануваат најголемите луѓе со најголемо срце и најмногу те ценат.
3. Да не зборам па за лицемерието кое секојдневно го прикажуваат. Они се добри со сите, а сите ги оговараат позади грб. И не знаат ништо, а уствари знаат се што се случува во фирмата.

Ако некој ме цени, треба да го покаже тоа додека сум таму, во спротивно не сакам да трпам емоционални манипулации и убедувања со празни зборови.
 
Нема простор за покачување на плата, ама ако одлучиш да си одиш кажи ми ќе средиме нешто :icon_lol:
 
Да надополнам на ова за платите.

1. Им кажуваш дека мислиш дека треба да земаш Х
2. Излегуваат со милион причини зошто тоа не може. Прво почнуваат со ниедна фирма не го прави тоа. Им го кажуваш спротивното и одма почнува: Тие земаат субвенции, странски пари, поголеми играчи итн итн.
3. На крај викаат ај ќе размислиме.
4. Идат со предлог помал од Х. Им кажуваш дека не бива со толку и си даваш отказ.
5. И овој е најчудниот момент: СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОВРЕДЕНО. Демек газдата одлучил да го одврзе ќесето и да ти даде малце повеќе, како можеш ти да не прифатиш? Па иде игнорирање, не сакаат да ти прават муабет на состанок и слично. Како да си им раскинал упм.
 
Јас имам еден HR на работа од стариот заман шо викате.
Дојде една моја пријателка на интервју и на ред.
Зошто си отиде од таму , колку плата земаше таму?
На ред 20 години за 10 фирми прашања.

Е после за да те вработам,дај ни идеи и стратегии шо би правела 3,6 месеци и година.

Кои ти се плановите настани да правиш па да видам јас како ќе те плаќам.

А почетна се знае ,24 .000

Мрш
Автоматски споено мислење:

И овие па
 
Attachments

  • Screenshot_20250730-103322.png
    Screenshot_20250730-103322.png
    516,5 KB · Прегледи: 52
Последно уредено:
Истите прашања зошто си даде отказ и колку ти беше плата го добивам и од младите HR.

Па и кога ќе им кажев плата колку сум зимал, еј ти нема да работиш, со помалце почнуваме. Другар јас си знам дали ќе работам или не за таа плата, а не одма еј ти нема да работиш за помала од таму. Може таму сум работел повеќе саати, може викенди, одма да си каже он еј ти нема да работиш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom