Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Уште Хато и Симонс и доволно е.

Се збори на големо и за Гарначо. Не би сакал да дојде во клубот, не ради квалитетот, можеби ќе се покаже добро, ако не се покаже ќе оди на продажба за некоја година, туку ради неговиот менталитет и понашање.
Нема да има никаква потреба од Гарначо ако го земат Симонс, ама скоро сигурен сум дека ќе чекаат до последните 2-3 дена и ако Јунајтед уште го немаат продадено ќе им понудат 30 милиони или позајмица со откуп. Затоа што ќе сметаат дека за тие пари е одлична прилика и дека ќе си ги вратат парите дури и да не го биде. Нешто слично како Санчо.
 
Не го заборавив, солиден играч барем по тоа што го видовме на светско.
Каиседо - Есуго, Енцо - Сантош, Палмер - Симонс, но го имаме Лавија кој како прва замена ако остане фит ќе има најмногу минутажа, после Сантос па на крај Есуго.

Лево крило нема потреба бидејќи покриваат Нето, Педро, Симонс и Гитенс и повеќе од доволно.
 
После Делап, трансфер на кој се највеќе радувам летово, после ова ми е сеедно што ќе се деси.
 

Attachments

  • fabrizio-romano-breaking-jorrel-hato-to-chelsea-here-we-go-v0-zaoqj5ex62gf1.webp
    fabrizio-romano-breaking-jorrel-hato-to-chelsea-here-we-go-v0-zaoqj5ex62gf1.webp
    36,2 KB · Прегледи: 20
После Делап, трансфер на кој се највеќе радувам летово, после ова ми е сеедно што ќе се деси.
Супер е да се има замена за Кукурела, млад и надежен играч, го немам гледано како игра и ради тоа немам некое мислење.

Сега чекаме Симонс да потпише и да почнат да се спремаат за новата сезона.

Јас би играл со Мартинез од Астон Вила, секако е во години веќе, 2-3-4 години да не држи дури да се спреми Пендерс (ако веќе викате дека он е иднината).
 
Bolje Sanchez nego Martinez ako go chekame Penders.
 
Ako zamenata mu e Martinez ili Donaruma, Maignan, da. Ne gledam kakov upgrade bi imale so niv. Likot ima problem so koncentracija i pas igra ama za branenje na linija i vozduh e na isto ramniste so ovie ako ne i bolji. Mozda Donaruma e bolji ama ne sum siguren.
 
Нкунку си оди 99%, многу ми е криво за него. Сметам дека е многу добар играч, ама за жал повредите го уништија. На СП изигра сосема коректно и се надевам дека ќе успее барем делумно да ја врати формата од Лајпциг.

Истото може да се каже и за Чилвел, повредите му сјебаа добар дел од кариерата. Без драми, без лелекања, секогаш строго професионално се однесувал спрема клубот, за разлика од некои негови соиграчи од таа генерација. Исто така, и кога Мареска го отфрли од тимот, испадна коректен и ниеден лош збор нема кажано на сметка на клубот или на Мареска. И самиот Енцо кажа дека погрешил што го изоставил од тимот, и тоа најверојатно поради дебилот Веига. Од мене секогаш ќе има почит, и фала му за магичната 2021.

Хато се смета за еден од најперспективните бекови во светот. Исто така, може да игра и како стопер. Како што кажа братот погоре, капитен е на Ајакс и е најмладиот капитен во историјата на клубот. Прекупотребно засилување, за да не прегори најдобриот лев бек на светот.

Симонс може да игра и лево и во средина, „ball carrier“, слично на Кудус и Роџерс, за кои исто така бевме заинтересирани. Ако Мареска мисли дека му е потребен таков вид играч и смета дека баш Симонс е вистинскиот, тогаш, BRINGGGG, што би рекле твитерашите.

Јас сè уште мислам дека не сте свесни што имаме во Естевао. Колку талент има во него и сè што направи со Палмеирас. Буквално новиот Нејмар. Тоа што не ни успеа со него, сега ни успеа со Естевао. Сè уште е дете, но засега се однесува зрело. Се надевам само дека нема да се изгуби надвор од терените како Нејмар и ќе си остане нормален.
Daily Dose Of Football има интересно видео за него, па ако сакате да дознаете нешто повеќе за тоа што направил со Палмеирас и какви рекорди има срушено, и ако имате ~20 минути да одвоите, моја топла препорака за видеото. Секако, да ги спомнам и трите МОТМ награди на Светското и утакмицата против Челзи.

Новиот голман е веќе најден - Мајк Пендерс. Мислам дека со утакмиците на Санчез на Светското првенство се затвори и прашањето за нов голман за наредната сезона. Не ни преостанува ништо друго освен да се надеваме дека Санчез ќе продолжи да брани во форма каква што имаше на СП. Местото на Пендерс ќе зависи од Санчез, па ќе видиме дали ќе го гледаме Мајк веќе следната година, или за две–три години. Сигурно е дека голманот за иднината е Пендерс, кој минатата сезона ја помина во Генк, а следната ќе ја игра во Стразбур.

Исто како Пендерс и Сар, така и Паез следната сезона ќе ја игра во Стразбур, клубот кој е во сопственост на истите луѓе што го водат и нашиот Челзи. Сопствениците го фокусираат Челзи како главна инвестиција, а Стразбур го користат повеќе за сè уште недокажани и перспективни млади фудбалери. Минатата сезона Сантос имаше феноменална сезона во Стразбур и беше еден од подобрите играчи во француската лига. Истото се очекува и од Паез, да експлодира таму, а потоа да си го пронајде местото во тимот на Челзи, исто како Сантос.

Џорџ има голема шанса да заврши на позајмица во некој од премиерлигашките тимови, а ако не се најде таков, најверојатно ќе заврши на позајмица во Чемпионшипот.

Ќе гледаме доста ротации. Ни претстои долга сезона, се надевам сите ќе останат здрави.
Ми се допаѓа што сите напаѓачи (освен Гитенс, кому левото крило му е единствена позиција) можат да играат на повеќе позиции во нападот. Нето може комотно да игра и на левото и на десното крило, Палмер и Естевао, и десно и централно. Симонс може лево и централно. Жоао Педро може да игра и како шпиц и зад шпиц. Џексон исто така може лево и како шпиц. Ете, можеби Делап нема да покрива многу други позиции, ама тоа и не е толку битно.

За новите трансфери воопшто не се грижам. И да донесат некој од Тунгузија, 15-годишен со две леви нозе, нема да се бунам ниту да бидам загрижен. И Баркола и Дуе беа скаутирани, па пропаднаа трансферите од некои причини, и на крај видовме што направија со ПСЖ. Така што, за Гитенс, Симонс, Естевао, Паез, Квенда и сите останати воопшто немам гајле.

Очекувам борба за титула до последното коло, а зошто да не и да ја освоиме лигата. Исто очекувам и во ЛШ, што е можно поголема борба за трофеј. Секако, многу работи ќе зависат од околностите, па ќе видиме како ќе се одвива сезоната.

KTBFFH
Стварно вреди да се изгледа видеото. Детево е оган!
 
Стварно вреди да се изгледа видеото. Детево е оган!
Го гледав пред некој ден. Какви се не рекорди има направено како најмлад играч. Ептен голем потенцијал е.
Автоматски споено мислење:


Полека се откачуваме од непотребни играчи.
 
Последно уредено:
И Марк Гиу(Гуи) доби позајмица во Сандерленд, се надевам ќе има добра минутажа.
Остануваат Стерлинг и Нкунку од офанзивните играчи.
Џексон мислам ќе остане затоа што не верувам некој тим да плати толку колку што се бара за него, а тој би бил дел од ротацијата на напаѓач/лево крило, особено ако не се реализира трансферот на Чави Симонс.
Чилвел не се спомнува во муабетите за трансфер, нема да ме чуди ако има некој спогодбен раскин на договор, па после тој да си бара место во друга екипа како слободен играч. Он има договор со Челси уште скоро 2 години.
Од одбранбените, а под претпоставка дека нема да носат нов штопер, само еден од Бадијашил/Дисаси треба да си иде, со тоа што мислам треба да е вториот.
Уште кој остана од среден ред? Веројатно Чуквуемека, се пишува дека Дортмунд сакаат да го задржат, но и да не излезе трансфер, ќе го дадат на позајмица негде сигурно.

Летово е баш ко да се игра Фудбал Менаџер.
 
Епа резултат на неплансо работење првите две сезони го донесе овој хаос.
15 играчи во тимот се вишок
Нкунку, Дисаси, Бадијашил, Угочуку, Чукуемека. Чивел, Стерлинг, Гилхрист, Хал. Џексон, Гиу, Веига, Аселмино, Броја, Датро Фофана.
 
Епа резултат на неплансо работење првите две сезони го донесе овој хаос.
15 играчи во тимот се вишок
Нкунку, Дисаси, Бадијашил, Угочуку, Чукуемека. Чивел, Стерлинг, Гилхрист, Хал. Џексон, Гиу, Веига, Аселмино, Броја, Датро Фофана.


Поради ова и беа критикувани. Да не се заборави и Мудрик кој колку и да е физички спремен, фудбалското го нема го него.
 
Дјусбери Хол - 28 милиони
Угочукву - 20+ милиони
Броја - околу 20 милиони
Чуквуемека блиску до перманентен во Дортмунд.

:cuc: :cuc:
Ни на ФМ не сум успевал ова да го направам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom