Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Субвенциите имаат улога да го стимулираат производството, што дефакто и го прават земјоделците за да ги земат мораат да произведуват. Ако некој во меѓувреме смета дека му е слабо исплатливо (не вреди) не гледам зошто не би направил промена ?
Никој не е должен по секоја цена да произведува храна, поготово квалитетна и ефтина како што сакаат овие од градовите

Земјоделецот треба да работи но и да ужива, која е поентата да имаш пола милион евра ниви механизација а да не отидеш на одмор да рмбаш 24/7 (знам такви) додека овие градските и со просечни плати имаат подобар квалитет на живот

Пс. Да не бегаме од темата сепак е за станови во Скопје, што сигурно не се купуваат со пари од субвенции и ниви

Познавам фамилија слична како што опиша, има ниви, трактори, плугови, комбиња, куќа 300м2 и тн итн, подалеку од тутунско море не се мрднати во животот, цел живот 'рмбање до смрт. И тоа не е живот искрено, џабе парите.
Автоматски споено мислење:

Направи иста математика за било кој светски град ќе видиш дека сегде е исто. Неможеш со просечна плата да купиш имот во елитни населби или пак блиску до центар.

Хонгконг, Њу Јорк, Лондон итн. Просечна плата ни за гаража не стигнува.

Заборави дека тие се 1st world countries а ние сме 4th world shithole или?
 
Власта практично признава „перење„ пари преку градењето (не дека до сега не знаевме...), само што не гледам дека превзема нешто по тоа прашање....

Полека тоа време изминува. Сега е актуелно трошењето на земјоделските субвенции на купување станови по начелото „Нека има, нека се најде, за деца, за внуци„.

Одамна е изминато, ама пустиот муабет во Скопје vs Провинција дискусијата. Тој што мисли дека со продавање на нива ке купи стан во Скопје, никогаш не стапнал на село, нити па има поима дека нива тешко да чини повеќе од 10.000-15.000€ максимум. Гаража не можеш да купиш во Скопје.

Aко некој мисли различно, има 2 хектари земјоделско земјиште за продавање.
 
Познавам фамилија слична како што опиша, има ниви, трактори, плугови, комбиња, куќа 300м2 и тн итн, подалеку од тутунско море не се мрднати во животот, цел живот 'рмбање до смрт. И тоа не е живот искрено, џабе парите.
Не само што познавам, туку имам роднини кои жиеват на село и живеат од земјоделие и не се далеку од описов кој го даваш. Секако дека не им забележувам, оти се работи за потполно „друг менталитет„ и поглед на светот и животот...
 
Познавам фамилија слична како што опиша, има ниви, трактори, плугови, комбиња, куќа 300м2 и тн итн, подалеку од тутунско море не се мрднати во животот, цел живот 'рмбање до смрт. И тоа не е живот искрено, џабе парите.
Автоматски споено мислење:

Заборави дека тие се 1st world countries а ние сме 4th world shithole или?
Слободно наоѓај изговори и прави се жртва. Еве ти официјална листа и провери сам. Моментално само од комшите да почнеме според нивните плати албанија србија грција босна е полошо од кај нас за купување имот.

Просечната плата се дели со просечна цена. Нема врска дали е развиена или неразвиена земја листава е од сите земји.

Не сум жртва и не барам изговори, имам доста имот на свое има и го заработив доста млад (кеш платено, без кредити) без никој да ми помогни.

Има логика, да, преку 90000 празни станови во Скопје и цената сеуште расте, ако некоја земја им го прави животот невозможен на младите, и ние треба?

Криво ми е што сите што ги познавам во моја возраст (23-28) неможат да си купат дом бидеќи едноставно нема услови, а квалитетот на животот опаѓа во сите свери а луѓево се дрчни и продолжуваат да поскапуваат, ама тоа ми одговара мене, побрзо ќе има колапс со ова темпо.
 
И мене ми е криво и секако не го оправдувам овој раст со оглед на тоа што само годинава е доста пораснато иако сите мислат деке ке паднат цените.

Кажими зошто мислиш дека секој заслужува да живее во Дебар Маало за ефтина цена? Кога да речеме таму нема ни простор за нова зграда што значи нема понуда. Луѓе се нстпреваруваат за ограничен број на имоти затоа и расте цената.

Зошто мислиш дека секој србин заслужува да живее београд на води кадешто цената достига 9,000 евра квадрат?

Ова е глобален феномен и станува се полошо и полошо. За жал помладата генерација ке мора да купи во периферието на Скопје. Како што секој млад во странство. Ако сега Илинден и Петровец ги гледаме со потсмевање за 10 години ни таму ке неможе со просечна плата да се купи.
 
5 godini se ceka balonov da pukne, ama ocigledno dobar latex koristele cim uste drzi.
Многу работи од почетокот на војната во Укрина и ковидот се нелогични.Многу наши љуге почнаа да купуваат станови во Грција и Албанија пошто се поефтини.Балонот го дуваат љуге шо баш сега кога становите се најскапи одлучиле да купуваат.
 
Само Бугарија и ефтините станови на море не морало да ги спомнат, тоа не е море тоа е бара жабокречина
 
Сум бил два пати како млад, и само за на тие години е за одење до 20-21 макс
Не е целиот бугарски брег жабокречина како што кажуваш туку има и добри и лоши места но има и полоши како гомнаријата во Суто море па кога би бирал помеѓу места каде жаби крекаат и гомна пливаат без размислување ќе ги одберам жабите.
 
1753827041567.png

Сериозни се со муабетов? Луѓево купуваат станови во ск затоа што тука им е фамилија, пријатели, работа. Не купуваат затоа што е најдобар и најефтин град на цел свет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom