Шегите се маестрални бе, јас се искинав од смеење.
Пример коа паѓаше храната на крај, покажуваат градовите, на Ајфелова се прави сендвич, во Кина паѓа Fortune cookie на Кинески Ѕид, а во него пишува: You will be crushed by a giant corn.
И одма паѓа пченка и ги гази, ахаха.
И водителот вика: Хранава има чудна тенденција прво да ги напаѓа знаменостите, па после остатокот од градот, што е како исмевање на холивудските филмови во кои секогаш прво уништуваат Ајфелова, Пентагон итн...
