Eka_88
Поени од реакции
0

Профил пораки Последна активност Теми и мислења За мене

  • Се согласувам со тебе беа добри,но и ти треба да се согласиш дека старите преводи во однос на сегашниве беа кај кај подобри и дека во денешно време мн ретко се наоѓа добро преведена книга.Викаш дека куќите како Три и Матица се лоши,но јас имам книга од Култура што е 10тина пати полошо преведена од оние на Три. Така да повеќето имаат лоши преводи (молим за исклучоците,коишто нажалост оддамна не сум ги сретнала).До пред некое време ги практикував македонските преводи затоа што како и тебе сум голем националист и се разбира мајчин јазик е мајчин јазик,но кога нешто не го бива не го бива,не сакам да читам срање(извини на јазиков),ниту пак да го имам во мојата колекција,а за жал веќе ги имам неколку. А воедно да речеме и да е добар преводот,и да сакам да го читам на македонски,принудена сум да го читам на англиски или на српски затоа што кај нас тоа дело стасува дури по некоја година.
    Кога се работи за преводите, секако има одлични преводи кај нас. Затоа и велам, отвори и види кој превел, најди на нет, и ќе ти биде јасно. Ако тоа што сакаш да го читаш гледаш дека е преведено на трчање, тогаш колку и да сум националист, оправдувам читање на српски.
    :helou:

    p.s. Морав да го поделам текстот на два дела, не ми стигна место.
    Фала богу дека оригинал е оригинал. Ама сепак, сигурен сум дека 99.5% од луѓето полесно читаат на својот мајчин јазик отколку на било кој друг. Затоа и превод мора да има.
    Ама, сети се на оние преводи од бивша Југославија на еминентни наши писатели. Гарванот го преведувал Гане Тодоровски. Легенда. А сега читаш некои фаци од по 20 години и уште ти се чаталат дека добро сработиле и не смееш да ги коригираш.
    По повод тоа имам една теорија дека добар писател не може да биде пред 35-40 години. Може да биде атрактивен, провокативен, но не и квалитетен, зашто за да напишеш добро дело, прво треба да научиш многу за јазикот кој не е нешто што се учи во основно ниту на факс, а после тоа да се наполниш со искуство кое ќе придонесе да напишеш нешто кое е навистина убаво. Но тоа е друга тема.
  • Вчитување…
  • Вчитување…
  • Вчитување…
На врв Bottom