Новиот ден ја читав неколку пати но никогаш не со ред, туку прескокнувам бидејќи најдов во неа една вежба со која постигнувам моментално просветлување, тоа е коан вежба во облик на прашање - Каков облик си имал пред да се родиш? или - Како звучи аплауз со една рака? Тоа се прашања на кои нема рационален одговор и доаѓа до блокирање на мислите и настанување на тишина во умот. Де Мело таа вежба ја опишал на наш западен начин како - Што ќе се случи доколку ги отфрлам сите негативни мисли и чувства, сите стравови, бесови, грижи на совеста? Може да се појави прво страв но што повеќе се прашувам тоа подобро се чувствувам и на крај доаѓа до неверојатно убав филинг, тишина во умот, убавина, радост или среќа како сакаш, само ми е потребно да сум добро сконцентриран за да го постигнам тоа.
Дамари е збир на поучни приказни, прва лига е, ја имам само на српски јазик, ако не ти смета. Ако не еве ја:
http://www.speedyshare.com/404930351.html
Поздрав Џимеј! :)