Recent Content by devojka87

  1. devojka87

    Евтини авионски карти

    Дали некој букирал карта онјалн во поскоро време за америка? Преку момондо или трипаир? Искуства?
  2. devojka87

    Лефкада

    Ако ми имаш прочитано некое мислење ќе знаеше дека речиси половина свет го имам прошетано, но сепак нема врска.Под катастрофални најверојатно сум мислела тесни и со многу кривини, искрено не се ни сеќавам зошто сум го напишала тоа. Вака кога ќе размислам сега во право си асфалтирани беа...
  3. devojka87

    Поддршка и совети за забременување

    Пробај со тестови за овулација, можеби плодните денови не ти се тогаш кога мислиш ти. Шест месеци не се долг период на обидување, сепак зависи и по колку години имате со партнерот. Од постот гледам дека веќе сте направиле некои испитувања, кои испитувања сте ги направиле? Слабокрвноста не е...
  4. devojka87

    Излегување од плакарот и реакција од родители - ЛГБТ

    Во принцип не навлегувам во вакви дискусии но ме интересираат неколку работи: Првиот болд - зошто еден хомосексуален пар би посакал да има деца кога не сака самиот да ги створи, а знаеме дека од хомосексуален брак не можат да произлезат деца? И ќе те молам тука поштедиме од сурогат мајки и...
  5. devojka87

    Како да се добие туристичка виза за USA?

    Нема правила тука. Реално голем минус ти е што не работиш, но и не мора да значи. Сестра ми немаше ништо имот на нејзино име, исто години колку тебе, заштеда некаде околу 3 000 евра, ама добра работа со солидна плата и пасош полн со печати. Ние сите бевме убедени дека она нема да добие виза, но...
  6. devojka87

    Дали поддржувате доење во јавност?

    Ако е стар постов морав да те цитирам и да ти кажам дека грешиш. Има секакви. Јас видов жена да си го дои големото дете (2-3 год значи детево си трчкаше) на свадба на маса со околу неа уште 8 луѓе седнати на истата маса. Не вкусно според мене. Да се прекриеш и да доиш во парк на клупа ОК, али...
  7. devojka87

    Перници

    Јас имам дормео силвер перница со нормална форма како секоја стандардна перница (значи не од оние вдлабнатите со пониска и повисока страна) и сум презадоволна.
  8. devojka87

    Wizz Air летови од/до Македонија

    На аеродром ми го фрлија шишето, на секјурити чек.
  9. devojka87

    Wizz Air летови од/до Македонија

    Јас имам летано со Виз и со Рајан со храна во кабинскиот багаж. Неколку сендвичи, неколку чоколади, чоколадни лижавчиња и macaroons колачиња кои и ги купив како поклон на сестра ми, не ми правеа проблем. Првиот пат кога летав со Виз не знаев за правилата и имав швепс мало шишенце со мене, него...
  10. devojka87

    Лефкада

    И јас се вратив пред неколку дена од Лефкада. Описот на @STEALTH во потполност го доловува она што јас го доживеав на Лефкада. Бевме сместени во Аг. Никитас и местенцето многу ми се допадна. Шармантно, мирно, мало, со прекрасна плажа. Има се што ти треба, а плажите ти се релативно блиску. Велам...
  11. devojka87

    Лефкада

    Јас сум моментално на Лефкада со ценкање 35 евра од ден кола инаку 45. Ова е во Аг.Никитас, во градот може има поњфтино
  12. devojka87

    Лефкада

    Најдов преку нет да резервирам кола на Лефкада, 21 евро од ден за 5 дена, Imperial car rental е компанијата меѓутоа не знам колку се сигурни. Дали изнајмувал некој преку нив? Колата би ни ја донеле до хотел или до некоја друга локација каде ќе се договориме, немаат канцаларија во Аг. Никитас. Се...
  13. devojka87

    Патување во бременост?

    Јас сум на почеток, т.е. штотуку и дознав дека сум бремена, а одморот е веќе уплатен, немам некои промени или мачнини па мислам дека патувањето нема да ми биде проблем. Докторот ми рече дека можам да патувам, дури и препорачливо е пливање во море, но сепак пред да тргнам ќе одам на преглед за да...
  14. devojka87

    Патување во бременост?

    Ајде девојки некој со вакво искуство? Дали сте патувале во бременоста, кој период од бременоста (прв, втор, трет триместар), каде? Дали би оделе на одмор? Мислите ли дека тоа може да наштети на плодот? Баш ме интересираат мислења
  15. devojka87

    Живеење во заедница..

    Дефинитивно сами е најубаво. Шест месеци живеевме со родителите од маж ми и не можам да речам ни еден лош збор. Свекрва ми ме гледала исто како мајка ми, значи навистина не сум осетила некоја разлика. Она си е пензионерка, таа си готвеше, таа си переше а јас си бев само како уште едно дете во...
На врв Bottom