Дворот кој го поседуваше беше сосема обичен, дури и западнат, зафрлен, изгризан од забот на времето, со железни и ‘рѓосани порти, сува трева и овенати цветови. Разни раси на мачки кружеа наоколу, кои со нивните подли покрети ја правеа атмосферата уште поморничава. Меѓутоа, пумпата за вода даваше...