Многу добар беше, мирен, повлечен, добар ден тетко Миро, добар ден чедо, шеќер ако немавме ќе му побаравме, ќе дадеше. Во лифт знаеше да отпоздрави, претседател на куќен совет, татко на три деца, абе музика гласна од нивниот стан не можеше човек да слушне.
Тој дома во континуитет ги млател жената и децата со сукало за кори за бурек, во инкогнито на броусерот гледал видеа од два камиони како растргнуваат човек на два дела и емисии на Васко Ефтов.