Recent Content by Корисник1

  1. К

    Драга Кајгана

    Знаеш форуме, вчера првпат ми дојде желба да се испукам нешто на темава. Не знам од кои забегани причини ми текна баш на тебе, ама не е ни важно. Само пази чудна работа, баш во тој момент беше падната кајганава. Изгледа на мене и тебе не ни е судено а? ;)
  2. К

    Топ 20 МК евергрини (Завршено е гласањето и одбрани се песните)

    Ако не знаете како се прават пари, учете од Грин Ентертаинмент :icon_lol: Ќе бирале топ 20 песни кои ќе го носеле епитетот евергрин, баш па епитетот им притребал на песните ако веќе ги пуштаат со години и повеќе генерации ги знаат.
  3. К

    Кога Ќ стана Ч?

    Страшно еј, им ги сквернават презимињата на Србите...не знам како ќе спијам сега
  4. К

    Тука пишуваме на зададена тема (денес: „На суд...“)

    Од радиото се слушаше тивка музика од некоја стандардно урбана радио станица. Мирко едвај дочека да се оптегне на кожената гарнитура што ја купи минатото лето. Кога ја купуваше не размислуваше многу на тоа дека кожата може да му го испоти задникот на вакво топло и спарно време, но тоа не му беше...
  5. К

    Литература за деца

    Ех колку е важна литературата за деца,мислам дека како што може да ти всади таа љубов кон пишаниот збор, ништо друго не може. И не само тоа, туку е одлична и неоппходна основа за потоа да може да се продлабочува „врската“ меѓу читателот и литературата. Јас имав среќа да имам на располагање еден...
  6. К

    Разбирање на бугарски јазик?

    Па да пишеше една правилна реченица на хрватско/српски или како и да го викаш тој твојот јазик ќе беше доволно, плус не се изјасни од кај ти е желбата за учење кирилица, во хрватска колку што знам не учат:)
  7. К

    Разбирање на бугарски јазик?

    Англиски разбирам повеќе од бугарски. Едно прашање и до тебе - дали, колку и кој ве плаќа за да буцкате по интернет вие Бугарите или едноставно си имате проблеми „са собом“?
  8. К

    Најдобар Македонски Бенд!

    Абе остај тие Цеци и остали шоубизнис појави, тие се сосема друг феномен. Ама па вака сеа ако размислам, да изгледаше Ристо Вртев како Бред Пит и да платеше некој да го вртат на радио 24/7 мислиш немаше и Архангел да напуни 2 вечери по ред саем, без да смени ништо во песните? :) Инаку, сепак...
  9. К

    Најдобар Македонски Бенд!

    Па ја колку што имам претстава Саем не е концертен простор за тесна публика... А ти што сакаш поточно да кажеш со тоа дека ако имале 3-4-5-6 песни што повеќето ги знаат дека не ги правело таков бенд? Демек, на тие песни Архангел не е Архангел, звукот им е различен, се „продале“? Архангел имаат...
  10. К

    Најдобар Македонски Бенд!

    Ај за другите набројани ок, ама Архангел не бил бенд за поширока публика? Да бидеме реални, Архангел се најизвиканиот македонски бенд на сите времиња. Да не бидам оф топик, пошто глеам на тоа многу се пази по форумов, да ме прашаше некој пред 10 години и јас најверојатно ќе гласав за Архангел...
  11. К

    Книга што не сте ја сфатиле?

    Јас имам теорија дека најдобрите книги се книги кај што се ти е јасно, ама никогаш не можеш да кажеш дека си ги сфатил :) Ама да не филозофирам, мислам дека Галебот Џонатан Ливингстон многу ја потценив кога ја читав како лектира во средно. Додуша, сигурно еден куп книги да земам сега да ги читам...
  12. К

    Elemental во Хавана - 17.03.2012

    Одличен, одличен бенд, вистинско освежување. Под притиском и Вертиго се извонредни албуми, мислам дека нема една лоша песна меѓу тие 20 и кусур. Па и Мале ствари исто. Ги имам слушано неколку пати, секогаш биле одлични па така и сега. Знаеш дека концертот бил супер кога после свирка ти доаѓа да...
  13. К

    Помош! - ми треба одредено дело/проект...

    Ти благодарам многу, не е „Господари на лавиринтот“, но твојот пост ми даде идеја за гуглање и ја најдов - „Тешка ноќ“ се викала збирката, 2010 е издадена од Магор :) http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=834B7663A8A92A46B31A588B250E510B
  14. К

    Помош! - ми треба одредено дело/проект...

    Пред околу година дена, може и нешто повеќе прочитав у весник за едно издание на збирка фантастични/научно-фантастични раскази од македонски автори. Да не знае некој каде може да се најде тоа?Кога прашав у една книжарница ме гледаа бледо :)
На врв Bottom