Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
28 мај 2023
Мислења
168
Поени од реакции
164
Дали ќе ми ја регистрираат колата периодов доколку ја однесам со летни гуми?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289

зошто не би, нив не ги интересира тоа него дали е исправна.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Дали ќе ми ја регистрираат колата периодов доколку ја однесам со летни гуми?
Ако не смениле нешто, колку што паметам смееш да возиш и со летни гуми во зима, но мора да имаат добра шара + задолжително мора да имаш со тебе и ланци.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Законот под „зимска опрема“ го подразбира следното:

– За моторните возила со најголема дозволена маса до 3,5t задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm, а ако имаат летни гуми со 4mm длабочина на шарата, обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.862
Поени од реакции
8.422

После се чудиме зошто имало сообраќајки.

Ова е логично само ако дотичниот со летни гуми вози со синџири на асфалт.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289
сосема легално е со летни гуми да се вози ако има шара над 4 мм. Се сеќавам така со старите гуми такви ќелави, шалфова насекаде, на пешачки на боја, при кочење, кочењето катастрофа АБС нон стоп се пали. Иако е дозволено, не е за возење со такви гуми.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
После се чудиме зошто имало сообраќајки.

Ова е логично само ако дотичниот со летни гуми вози со синџири на асфалт.
Реално во цела зима во најголем дел од мкд нема ни 2-3 пати по 4-5 денови снег. Во Скопје освен ако не мораш, имаш различни начини да ги избегнеш тие денови и воопшто да не возиш кола, имаш јавен превоз.

Имам возено 2 години со all seasons гуми (и тоа кинески бренд) и 2 години со чисто летни (мишелин енерџи сејвер), скоро секоја недела го возев и Плетвар, ниту еднаш не ме имаше пролизгано да летнам од пат, или да ме изврти. Разликата беше што ако имав зимски ќе возев +20км/ч во споредба со летните и тие за сите сезони. Лично мислам дека најголем дел од сообраќајките не се поради неисправност/несоодветни гуми, туку поради неприлагодена брзина и непочитување на сообраќајните правила.

Не се сеќавам дали беше 2016 или 2017, возев од Прилеп за Скопје на 2ри Јануари, имаше околу 20цм снег без да биде исчистен. Сите ние луди, се спуштаме од горе по 40-50км/ч, неколку будали не претекнаа со над 100ка, по 10тина км кај лозјата едното возило беше излетано и колата буквално сплескана. Сепак е до пазење, имај какви сакаш гуми, на снег и мраз си бара пазење и помала брзина.
 
Некои луѓе едноставно неможат да разберат дека не е тешко да возиш брзо на снег, тоа што е тешко е кочењето.
 
Снегот не е причината за сообраќајките туку ниските температури особено во пределот -1 до 1. Кога водата се топи и пак замрзнува со што фрлената сол се растекува и намалува нејзиниот ефект. Добри 4 месеца имаш во МК температура 0 степени посебно во утринските часови.

Не знам како вакви работи не ти се јасни?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.633
Поени од реакции
5.354
Реално во цела зима во најголем дел од мкд нема ни 2-3 пати по 4-5 денови снег. Во Скопје освен ако не мораш, имаш различни начини да ги избегнеш тие денови и воопшто да не возиш кола, имаш јавен превоз.
Ne e problem samo snegot, ima i mnogu sto gi znam vozam so zimski celo vreme be, sto ako malku svirat letno vreme. Mislat deka samo svirenjeto ili snegot se problem za gumata. Ednostavno letnata guma pod +7 stepeni ne dava isti performansi kako pri +25, od druga strana zimskite pa ne davaat isti performansi na +25.

Za primer da se zeme zimski gumi letno vreme, i da vozis so prilagodena brzina pisuva 100ka ti vozis 100ka nema da prolizgas 98%. Ama ako treba naglo da zastanes nema da zastanes taka brzo kako so letni gumi :)
Toa e isto nesto sto mnogu lugje go ignoriraat.
Slicno e i so letnite gumi zimno vreme, oni ke vozat ama ima situacii koi mozat zivot da znacat
 
Зимските не свират летно време освен ако не се над 5 години стари. Друго е што под 5 години нема никакви проблеми со кочење ниту проклизување ниту пак ми се уклучило ABS или ESP. Испробано :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.703
Поени од реакции
42.289
Ne e problem samo snegot, ima i mnogu sto gi znam vozam so zimski celo vreme be, sto ako malku svirat letno vreme. Mislat deka samo svirenjeto ili snegot se problem za gumata. Ednostavno letnata guma pod +7 stepeni ne dava isti performansi kako pri +25, od druga strana zimskite pa ne davaat isti performansi na +25.

Za primer da se zeme zimski gumi letno vreme, i da vozis so prilagodena brzina pisuva 100ka ti vozis 100ka nema da prolizgas 98%. Ama ako treba naglo da zastanes nema da zastanes taka brzo kako so letni gumi :)
Toa e isto nesto sto mnogu lugje go ignoriraat.
Slicno e i so letnite gumi zimno vreme, oni ke vozat ama ima situacii koi mozat zivot da znacat
Јас возам цело време со зимски гуми и колата е многу безбедна при кочење и дожд. Никогаш не ми пролизгала. Не се звучни и не квичат. Кој сака нека проба Сава HP2. Летни гуми не планирам да ставам у догледно време.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Законот под „зимска опрема“ го подразбира следното:

– За моторните возила со најголема дозволена маса до 3,5t задолжителна опрема се зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4mm, а ако имаат летни гуми со 4mm длабочина на шарата, обврзани се да поседуваат синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала.
Ова неважи за мојата Алфа.....бидејќи таква е геометријата на предниот трап каде што ланци нема шанса да се стават. Размакот помеѓу внатрешниот крај на гумата и вертикалната виљушка е неколку мм. сум пробал да ставам од оние гумените врвци, одвај и тие ги собира
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
2.027
Поени од реакции
1.521
Доброе,несум само јас кој вози со зимски гуми лето зима :ojeaa:
Со зимски поарно ми е налето пошто не ме лизга а и малце да заврни и од самата кал и вода на пато побезбедно е али побрзо се трошат гумите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom