Европа и Америка се истурија од пари давање во оваа алпска, суб алпска, интерконтинентална по клима држава. Им дојде преку Тасе од сите тука.
Европа сега се исплаши од кешот кој го млатат овие од кокеин фром саут америка , да не случајно влезе потплаќањето под рака или преку други луѓе во судските и општо државните кабинети кај нив, па удри после 5 години од кога се заразија сите и од кога ќе кризираат- дотепај ги. Или, пак, французите и холанѓаните видоа голема конкуренција на нивниот пазар околу горењето на милиони носни слузокожи кои чинат милијарда евра во една година , па рекоа вие ли бре ќе носите кај нас покемони, мерцедеси, и останати брендирани печатења на коцки брашно тип500 Перу, ор боливија, ор Еквадор ор меделин па се до земјата на карневалите.
И, од сега, нашите јавни и славни личности после овој удар трансформирани во згаснати ѕвезди , накризирани, разбушавени, испаничени, ќе чекаат за повторно да светнат кога ќе стигне турско брашно преку државата која му има дадено пасоши на целиот сончев систем, онаа бугарска калаштура која ќе внесе во нашата света земја неквалитетно брашно .
Не се секирајте , ќе биде.. малку мешана ќе биде , ама важно ќе биде.