парва,Пророк,ја не кажа дека су оригинал православни како вас,еве и бугари искочисфа дека не су оригинал.Али ипак су правослани и имаф поубави цркфе исклесани под земју у камен.Лалибела цркфе,знам дека ги знаеш.
Тамо има и евреи још од Соломоново време.
Кажи ми пророку,зшто бог ве избра вас како најчисти,а еве не на пример етиопјани? И дали лично господ учестфува у тј фселенски собир и зшто тј собир е релевантан да каже кои су признаени а кои не?
ај пред да развалиш некоја мисла извадена од погрешно место од телото, дај поднаучи некоја азбука, за да можеме да се разбереме...разбираш.
Бугарите се православни, неспорно, спорно им е бесмисленото усвојување на „као„ грегоријанскиот календар, кој нема благе везе со историјата од православната Црква. Така, како некоја помесна Црква почне да прифаќа новотарии кои не се нејзин атрибут, таа Црква постепено се оддалечува од својата традиција и своето учење, кое е неменливо, а со увојувањето нечии новотарии, станува менливо...
Сам Бог не не‘ „избра„, оти сам Бог го повика сиот род човечки на покајание, прво преку Апостолите, а потоа и преку помесните Цркви, основани од самите Апостоли.
Кој сака да се спаси, нека повели....Бог го чека.
Етипопјаните самите одлучиле да тераат по својот памет, наместо да се држат до единството во Црквата, која е „...една, света, соборна и Апостолска...„, како што вели Симболот од верата.
Кај етипојаните постои дел од народот, кој себе си се гледа за дел од старозавениот Израел и тие етиопјани себе си се нарекуваат „фалаши„. Денешните евреи не ги прифаќаат фалашите за нивен дел.
Кај Бога, не постои „одбран народ„, како безусловна Божја одлука дека некој народ Му е многу омилен па Му станал „одбран„. Евреите сами по себе се пример за тоа со каква леснотија се станува Богоотпаднат народ...кој „до вчера„ мислел дека е од Бога одбран.
Бог учествува во Вселенските собори преку Духот Свет, во чие име се донесуваат и усвојуваат сите правно-догматски одлуки од Соборите и тие одлуки никој не смее да ги менува, затоа што Духот на вистината ги потврдува.