Пренос на сопственост за возило кон малолетно лице

  • Креатор на темата Креатор на темата LGG_99
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 февруари 2023
Мислења
13
Поени од реакции
1
Здраво, ме интересира дали некако може да се преведе возило на малолетно лице со лична карта. Дали може да се направи купопродажен или полномоштво?

Sent from my SM-A037G using Tapatalk
 
Највероватно ќе треба полномоштво ама најдобро е да си прашаш адвокат или нотар
 
Може да се пренесе. Тоа се прави со договор за купопродажба или за поклон. Во тој договор ке стои дека малолетниот е застапуван од неговите законски застапници - родителите. Договорот во име на малолетникот ке го потпишат родителите.. .
 
Во тој случај ќе треба договор за купопродажба бидејќи за поклон ќе мора прво на адвокат па на нотар (имав ваков случај летово за префрлање кола од родител на мое име)
 
Исто ти е. И двата договори ги прават адвокати.
 
Не баш, купопродажба може кај нотар (така направив и јас) а за поклон нотарот ми рече мора прво кај адвокат па после кај него. Ова беше август годинава..ако е сменато нешто меѓувреме.
Како и да е најдобро да си праша членот погоре кај нотар
 
Нотарите даваат теркови за купопродажба ... тоа не е законски ама го прават. Е, во случајов кога треба договорот за купопродажба да се склучи со малолетник, теркот не се уклапа бидејќи ке треба да се внесе дека се работи за малолетник, застапуван од законски застапник и т.н а нотарот не се замара со тие работи па затоа ке треба да оди кај адвокат, ке си плати некои 2000, а потоа ке оди кај нотар и ке направи узп заверка....
 
Па тоа и реков бидејќи се работи за малелетник да си се распраша прво кај адвокат или нотар.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom