Некој мора да биде наместен. Одговорот лежи во тоа зошто е приведен татко и? Можеме вака само да претпоставуваме се и сешто ама нема основа за апсење на таткото.
Долго време чекаме резултати за жал можеби се игра на заташкување на случајот или приведување и убиство на Палчо за политички поени. Се е во игра во оваа виртуелна држава.
Уште ова сум го пропуштил.
Некој мора да биде приведен? Ајде пак, зошто не јас и ти, туку тие 3ца? И како знаат каде точно се закопани телата?
За таткото се согласувам дека е најнејасно, може нема може и да има основа за апсење и притвор, ќе видиме. Засега е јасно дека верзијата на МВР за него е апсолутно нелогична.
За Палчо мислам дека некои полициски и политички ликови сакаат да заташкаат што повеќе од причина што или се вмешани или многу му се должни на овој.
Какви политички поени од приведување и убиство на Палчо бре човек? Во години на максимален притисок врз Македонецот и македонштината, ликот облекува маска на "патриот" и нормално не постигнува никаков значаен рејтинг, едвај и ја регистрира партијата (ако е, може и не е регистрана се уште). Политичко влијание маргинално накај нула.
Ако мислиш на другите партии, актуелната власт со секој нареден чекор околу ова само се закопуваше плус и веројатно затоа на крај рекоа "истрагата заврши, се е предадено во обвинителство, поздрав чао", додека опозицијата може да поентира на ултимативно осетлива тема како убиство на дете само со строго потврдени факти без шпекулации (освен полициски документ дека полицијата од Велес го имала заведено и Цитроенот како пријавен за да се бара, друго ништо немаат ни тие објавено).