Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Супер победава, ама одбранава што прави? 37 гола примени во регуларен дел од Црна Гора. Или се играше онака шутерски без контакт, без ништо?
Играме тотален ракомет. На гол повеќе :D
 
EHFTV – Watch North Macedonia vs Switzerland

10-15 Губиме на полувреме од Швајцарија дома, Митев на клупа цело прво полувреме.
Овој Таневски како селектор ич не го бива. Вчера едвај ја добија Словачка. Пред некој месец изјавуваше дека тие две екипи биле фаворити. :popce: Децава освен две додавања и пикер, скоро и ништо не покажаа. А башка и голман нема.
 
Овој Таневски како селектор ич не го бива. Вчера едвај ја добија Словачка. Пред некој месец изјавуваше дека тие две екипи биле фаворити. :popce: Децава освен две додавања и пикер, скоро и ништо не покажаа. А башка и голман нема.
Не знае кај тера чоекот, на секој 2 мин ротира нешто, најлош селектор на кадети досега
Митев на 8 разлика му вели да влези од ко ојде јабана натпреварот :D
 
Последно уредено:
Не знае кај тера чоекот, на секој 2 мин ротира нешто, најлош селектор на кадети досега
Митев на 8 разлика му вели да влези од ко ојде јабана натпреварот :D
Може уште сега отказ да си даде. Нема потреба да ја води последната утакмица - и таа ќе ја заебе.
 
Може уште сега отказ да си даде. Нема потреба да ја води последната утакмица - и таа ќе ја заебе.
Швајцарија со Косово со помала разлика победи отколку со нас, циркуз.
 
Швајцарија со Косово со помала разлика победи отколку со нас, циркуз.
Среќа еден разлика изгубивме на крај. Сега тешко е тие двете да ја местат утакмицата. А ние играме со Косово последни.
 
На душа на тренерот дебил утакмицава, и вчера исто само шо сам му ја изве Дамјан Митев, за денеска да го спаси од дебакл, го бара во игра на -8, а пред то закован на клупа цело прво.
На ДОМАШЕН терен со Швајцарија шо ке не коштат прво место во група и лош шешир за групите на европско, нормално ако го тепаме Косово, со овај ништо не се знае.

Првиот голман имаше едно 13-14 одбрани, во клучниот дел на крај од натпреварот го вади за вториот голман кој пак не одбрани ниту една топка а го доигра натпреварот до самиот крај за сметка на првиот голман кој остана заборавен на клупа.

Со време да си поднеси оставка чоеков, ќе ја упропасти генерацијава, еден од најлошите водени натпревари шо сум ги имал гледано во живот, 50 минути му требеа после аматерско ротирање на секој 3 мин да види која му е најдобра прва постава, ниту смислени акции ниту ништо, едно две додавања и барај влез или топка до пикер на сила.

БЕДА.
 
Кадетиве обезбедија пласман на ЕП! Супер и честитки за тоа. Летово ќе има три репрезентации на првенство (една женска јуниорска на кое првенство сме и домаќини, и двете машки репрезентации... женската кадетска ја усраа на ЕП, па нема пласман на СП).
Играва денес со Косово - крш! Сета среќа што Словачка на првата утакмица промаши три пенали, па ете сме на првенство. Селекторот на кадетиве ни е многу лош и без идеја ги води. На дечкиве им посакувам добра игра и добар пласман летово. Се надевам РФМ ќе си најде добар кадар за наредната кадетска репрезентација.
 
На ДОМАШЕН терен со Швајцарија шо ке не коштат прво место во група и лош шешир за групите на европско
Европско првенство, кадети, Црна Гора (7-18 август)

шешир 1: Шпанија, Шведска, Германија, Хрватска, Данска, Исланд
шешир 2: Унгарија, Словенија, Португалија, Норвешка, Франција, Србија
шешир 3: Фарски Острови, Италија, Чешка, Австрија, Израел, Македонија
шешир 4: Полска, Црна Гора, Швајцарија, Романија, Украина, Грција

*распоредот по шеширите е направен според ранкингот на кадетските репрезентации за последните три години, а доколку ЕХФ го земе во предвид и пласманот на квалификациските турнири,
тогаш Македонија ќе биде во последниот шешир.
 
Алкалоид репрезентација на Европско првенство со цел стручен штаб селектор,помошник тренер,кондиционен тренер,физиотерапевт.7 играчи значи една постава засилен со најдоброто од Е.Пелистер, Вардар и оние од малкуте што играат во странство.Добро навистина ли се овие најдобрите ?
 
Алкалоид репрезентација на Европско првенство со цел стручен штаб селектор,помошник тренер,кондиционен тренер,физиотерапевт.7 играчи значи една постава засилен со најдоброто од Е.Пелистер, Вардар и оние од малкуте што играат во странство.Добро навистина ли се овие најдобрите ?
Изгледа слабо пратиш наш ракомет.
 
Алкалоид репрезентација на Европско првенство со цел стручен штаб селектор,помошник тренер,кондиционен тренер,физиотерапевт.7 играчи значи една постава засилен со најдоброто од Е.Пелистер, Вардар и оние од малкуте што играат во странство.Добро навистина ли се овие најдобрите ?
od toj aspekt druze e kazano i jasno e deka poarni igraci od ovie nema, nema igraci uopste drugi sho bi se pomislilo da se zemat za na evropsko takmichenje, problemot e sho ovie ic ne napreduvaat, ete igraat golemi utakmici ooj liga shampioni koj liga evropa, prosto nema pozitiven primer da recis eve ovaj vo ova godina naprednal i pravi nekoja razlika a imat realno odlicni uslovi sporedeno so bilo sho vo makedonija, ednostavno na ovie igraci tolku im sechi
 
Утре почнува ЕП!!! Ама еуфорија нема.....

Одамна не сум пишал на форумот... Со причина, некако доста е спласната атмосферата околу ракометот во Македонија. Барем тоа е мој впечаток.

А не би рекол дека е до "неработење". Лигата оди во нагорна линија. Можеби нема тим кој се бори за титула во ЛШ (каков што беше Вардар во времето на Самсоненко), но има поголема длабочина од било кога претходно. Има екипи кои вложуваат во млади играчи, се работи ок со младите репрезентации... Но нешто фали.

Реалноста е дека пак одиме на првенство на кое веројатно Талески и Кузмановски ќе ни бидат најјаки играчи. Не дека нешто им фали нив - реално сосема се ок (без разлика што добиваат многу хејт), можат да бидат значајни ротациски играчи во една ротација до 10-12 во една квалитетна репрезентација. Проблемот е што нема појак од нив. Е тоа ни фали - еден, два играчи од светска класа, или барем уште 4-5 од ранг на Талески и Кузмановски кои би биле перфектен "фит" околу нив.

Вложувањето во ракометот (барем споредбено со другите спортови кај нас) ни донесе зголемен квантитет - ако пред десетина години, кога бевме во резултатскиот врв, се мачевме да склопиме поширок список, и одвај 20 играчи реално конкурираат за репрезентацијата, сега има едно 40-50 што покажуваат одредени знаци на квалитет. Ама сето тоа засега не ни помага воопшто за резултати. Не е дека нема напредок кај играчите, како што некој кажа погоре. Има напредок кај повеќе играчи. Ама напредокот се сведува на: потпросечните напреднаа во просечни, просечните напреднаа во солидни... Ама нема квалитетни играчи кои направиле скок напред кон европска/светска класа на играчи. Тој последен скок-два не може се чини ниту еден да го направи. Нема играчи кои можат да поведат екипа на ранг на ЛШ барем во 2-3 натпревари. Нема играчи кои можат да направат разлика, барем и на момент, во дуели со врвните светски ракометари. Нема играчи или ако сакате некоја специфична вештина или комбинаторика за која противникот специјално мора да се спрема бидејќи не знае како да ја реши (како на пример играта 2-2 на Кире и Столе до пред неколку години) - реално сите ќе ни играат релативно стандардно без посебни припреми за нас (освен можеби Швајцарија).

Зошто е тоа така, е тешко да се каже - ако мене ме прашате, мојот инстинкт е дека сме мала држава со мал број на таленти за спорт - и грешка е што за да си ги рекламираат школите за денар плус, со децении нашите тренери и спортски работници раскажуваат приказни дека сме земја полна таленти само но требаат пари и услови за работа... Но на крајот на краиштата, талентите се такви какви што се - мора да го извадиме максимумот од нив - а барем за дел од нив, не го правиме тоа (ако порано беше тоа главно Вардар, сезонава на "пик" ми е неразумната трансфер политика на Пелистер која непотребно а многу ги ограничува Павле Атанасијевиќ, Ѓорговски, Костески....)

Едноставно, рецептот е јасен: модерни принципи на пристап кон физичкиот развој на играчите (вежби, нутриционизам, здрав живот...), развој на технички основи од мали години, користење на аналитика (видео, статистика, иновативност и техника во спортскиот процес), индивидуални тренинзи за развој на вештини, редовна минутажа и многу многу работа. Друго нема, освен да продолжиме да се трудиме. Резултатите евентуално мора да дојдат ако работиме правилно. Мора да се верува во работата, да се поправаат грешките и да се оди секогаш напред.

И така стигнуваме до ова ЕП. Посебни резултати се невозможни да се очекуваат. Ждрепката ни го пресуди тоа. Франција е научна фантастика, Германија и ваква релативно килава е невозможно да испадне од првенството по првата групна фаза (ЕХФ, судии, публика, ако треба и војската ќе се вклучи и тоа нема да се дозволи). Целта мора да е обезбедување на прв шешир во бараж за СП, што според анализата што ја правев минатото лето, колку што се сеќавам, отприлика значи дека треба да сме во топ 17 од 24 екипи на првенството. Што значи, дека за нас, сите патишта водат кон Швајцарија. Реалноста, во 2024, е дека Швајцарија ќе биде фаворит против Македонија. Им се верува на повеќето или не, тоа е реалноста. Благ фаворит, да, имаме шанси ние во тој меч, ама да играме 3 пати со нив, во моментот, веројатно 2 пати ќе изгубиме. Би требало да е тесен меч. Згора на тоа, не смее да се изгуби убедливо ниту од Германија ниту од Франција - тоа можеби е можно, но ќе видиме дали психички и физички сме спремни да гризиме и да не дозволиме потоп (да бидам искрен групата Е ми дава надеж на ова поле, Грузија и БиХ се можеби најслаби екипи на цело првенство и се во иста група - ќе се крстиме во Шведска и Холандија да ги наполнат).

Наместо да се стресувам околу перформансите, одлучив да се фокусирам на неколку работи што сакам да ги видам на ова првенство и ме интересира како ќе функционираат:

1. Како ќе се снајде Марко Митев против сериозни корпулентни одбрани? Мислам дека дефинитивно тој треба да биде 3тиот лев/среден бек во ротација со Талески и Кузмановски (може да игра покрај било кој од нив двајца) - иако веројатно ќе ја делат таа улога со Џонов (Ѓоргиев е повикан, ама ми личи дека овој пат е во втор план - и со право, реалноста е дека стагнира последната година дена).

2. Лазаревски како прв пикер, Пешевски како офанзивен специјалист за повремени ситуации кога имаме играч повеќе или во некои џокер моменти како промена на ритам. Не знам дали ќе се случи, ама мислам дека треба. Лазаревски не е некој дефанзивец според мене, ама колку толку може да се врати и да одигра коректно, не мора да се менува на секоја акција, ако ни трчаат транзиција. Офанзивно, дечкото е во форма, мора да биде награден, ќе видиме колку може на ова ниво. Пешевски од друга страна нема баш добра сезона според мене, а и реално 3 пикер - специјалист за напад, со 15 минути по натпревар е неговата природна улога во сериозна екипа.

3. Ќе се најде ли паметен начин како да се искористи Петар Атанасијевиќ во одбрана или ќе ја прокоцкаат неговата способност да одигра на различни позиции и во различни тактики - ок е според мене што го форсираат (иако е крајно нелогично да се оди со едно крило - ама тоа е друга приказна, Кире е запнат да има опции во одбрана, на сметка на приородни крила во напад).

4. Ќе успеат ли да се најдат бековски тројки околу Талески, односно Кузмановски, кои функционираат логично и ќе си ги максимизираат своите вештини или пак ќе гледаме угушување и целина која е помала од нивните поединечни способности? Многу сум скептик, особено што на десен бек со Велковски и Јагуриноски, доста е лимитирано што ќе може да искомбинираме, ама ајде да видиме.

5. Што ќе добиеме на среден блок во одбрана (3/4)? Скептик сум за нешто особено, но ме интересира дали ќе покажеме барем знаци дека има потенцијал за некакво долгорочно решение. Во одбраната ни е клучот за исчекорување нанапред и придвижување кон топ 10-12 репрезентација каде што реално бевме во најдобрите години. Дуото Јоновски-Маркоски ретко се спомнува како клуч во нашите најдобри денови, ама реалноста е дека веќе долго време ги бркаме тие перформанси. Немаме ни специјалист за одбрана, ни некои квалитетни дво-насочни опции на 2 и 5, ни квалитетен дефанзивен пикер. Омерагиќ делува дека ќе биде исфорсиран годинава - ајде да видиме, не сум многу оптимист, различен од на пример Мишевски, поподвижен и борбен од Младеновиќ (решенија кои се разгледуваа минатите години).

6. Како ќе се снајде Ненад Костески во улогата главно крило реализатор во репрезентацијата? Мислам дека може тој да има добро првенство, иако заради нелогични причини му е делумно намалена минутажата во Пелистер во есенскиот дел од сезоната, ама ќе мора да покаже дека е зрел за тоа.

7. И за крај, што ако не успееме? Што ако доживееме 3 порази? Ќе се продолжи ли со главата горе, многу труд и натамошна борба или ќе почнеме да се бавиме со откази, ПР шминка за привремено крпење, стандардни муабети за натурализација и партиски политикантски креирања на наративи во предизборна атмосфера од претендентите за фотељи.

Со среќа нека ни е, притисок како ретко кога досега мислам дека нема, можеме само да гледаме убав ракомет и стандардно јануарски да се забавуваме!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom