би ве замолила како неутрална страна (да не е другарка или фамилија) за искрен совет на една реална ситуација.
Со дечкото сум 4 години заедно каде првата година беше најокеј, се додека он не реши дека сака да се посвети максимално на работата до тој степен што иако му е прилагодлива работата (не е ограничен со време и е онлајн),он целото свое време го посветува работејки ( и вежбајќи) со изговор ќе работам сега, а ќе уживаме покасно во животот. Тука почна и запоставувањето на нашата врска - јас и он се гледаме 2 пати макс во неделата и тоа кога он ќе може најчесто после 10 навечер кога ќе завршел со обврските (иако јас станувам рано за на факс) и јас сум таа што оди или кај него или кај него во маало иако далеку живеам ,и преретко правиме нешто ново освен седење кај него дома, треба да ја напнам ситуацијата па да се појави негде, а да не зборам за тоа он некогаш да испланира нешто. На почетокот викав океј ќе го сфатам сака подобра иднина, ама всушност сфатив дека јас се сомневам дека сум му некаков приоритет во денот (и животот воопшто). Поминував низ претежок и депресивен период дома, се однесуваше многу себично (од типот на: што да правам морам да ги завршувам моите работи, и се гледавме така 1-2 пати во неделата). И сеуште ми е тешко, неделава слабо се слушавме се немаме ни видено од нова година па наваму, ментално не сум сјајно и отворено и искрено му ја објаснив ситуацијата односно дека не сум баш океј и дека ми е потребно повеќе внимание и љубов да осетам, дека се чувствувам како да ме запоставил цела недела бидејки слабо се слушавме и скоро ништо не сме си кажале еден на друг, дека го разбирам и него ама барам и он да разбере дека неговото однесување ме повредува, дека го сакам и дека сакам дс ми пружи поддршка бидејки моментално највеќе ми треба …и на сето тоа добив порака: “Лабаво, ќе се видиме”.
Оставив сеен на пораката бидејки не знаев дали јас премногу очекувам или неговото е нечовечки , гледам дека ѕвони викам супер сега ќе збориме океј ке е, ама дечкото ѕвонел да каже дека ќе гејмал со другарите и дека немал што друго да ми каже, едноставно не знаел што да ми каже.
Размислувам- дали едноставно е таков карактер да не знае што да ми каже и како да се однесува или едноставно не му е гајле.
Инаку зборувано му е безброј пати што и како сакам да биде, дека сакам повеќе труд, дека се чувствувам осамено итн со надеж дека ќе се смени нешто..