Сакам да споделам едно не баш добро искуство со Lycamobile. Имено, на 1 јануари веднаш откако ја дочекавме новата година, испратив повеќе смс пораки до мои роднини и пријатели (околу 100 најверојатно), при што потоа ми беа оневозможени појдовни повици, појдовни смс пораки и интернет, а користам пакет Lyca S со неограничени разговори и смс пораки и 12 гб месечно. Не знаејќи што е проблемот, бидејќи на секој мој обид некаде да се јавам повикот ме пренасочуваше кон Lycamobile контакт центарот, за среќа ми се јави еден од дежурните и ми посочи дека заради тоа што сум испратил повеќе смс пораки за брзо време, нивниот систем се посомневал дека смс пораките се користеле за комерцијални, а не за приватни цели и затоа автоматски ми го блокирале бројот. И покрај моето инсистирање да ми кажат што значи тоа смс пораки за комерцијални цели, не знаеја да ми одговорат конкретно, туку ми посочија на нивниот маил за грижа на корисници да испратам барање за да ми го одблокираат бројот при што ќе треба да наведам дека смс пораките биле испратени за приватни цели и исто така да доставам и копија од лична карта. Веднаш го направив тоа, а бројот ми беше одблокиран дури на 03 јануари после 17 часот и тоа по речиси секојдневно јавување и потсетување дека треба да постапат по моето барање.
Не се жалам од Lycamobile, дефинитивно се најевтини за услугите што ги нудат, но сеуште не ми е јасно зошто се случи тоа и покрај мојот активен пакет кој вклучува неограничени смс пораки (кои што јас имам право да ги користам на дневна или месечна основа како бројка).
Ова е добро да се знае, бидејќи ми посочија дека многу броеви за нова година биле блокирани заради оваа причина и истото може да се случи и во иднина доколку се испраќале поголем број на смс пораки во краток временски период.