ФИЛМСКИ ВРЕМЕПЛОВ 1923-2022 (Патување 40: 1940 - 25.11-08.12.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Witness for the Prosecution (1957)


Дебел, нервозен и пун со цинизам адвокат кој штотуку се враќа од болница по претрпен срцев удар, наместо да се одмара наоѓа канцеларија пуна работа откако ќе дојде еден лик кој во секој момент очекува да биде уапсен под сомнение за убиство на жена.
Адвокатот Вилфред се фаќа за работа да го одбрани обвинетиот Леонард Вол кој тврди и се колне дека е невин иако сите докази упатуваат токму кон него. Без ниеден сведок на негова страна но со еден Сведок на обвинителството ја следиме оваа судска трилер мистерија во режија на Били Вајлдер, снимена по книга на Агата Кристи.

Извинете вака, ама Марлин Дитрих ми личеше на Радмила Шекеринска и тоа ми ствараше еден вид немир во текот на целиот филм. Можеби тоа и само го поттикна оној трилер елемент кај гледачот пошто да гледаш некој кој личи на Рада 2 саати, е навистина прилично вознемирувачко искуство.

Филм стар скоро 70 години, нормално дека ќе има дупки и ситници но сепак нели треба да се земе во предвид годината во која е снимен, функционирањето на институциите и размислувањето на народот тој период, стилот на писателката и тн. Убаво почна, прилично интензивно и смешно, да, овој дебелково ко што реков е пун цинизам и имаше интересни забелешки и спуштања... малце некаде при крај почна да се одмотува клопчето, да затајува акцијата и да се открива крајот, но пак успеа да се крене и да финишира на сосема интересен и (ајде да речеме) неочекуван крај.

Да, после 70 години и изгледани едно 500 трилер мистерии можам да кажам дека ова не е најдобриот филм од ваков тип, но со сигурност е еден од најдобрите. Во стариот Холивуд, дефинитивно.

Доброто кај темава е што се надевам дека конечно ќе ги изгледам класиците, сакал нејќел у 100 години филмска историја, во секоја година мора да има по еден класик, два или три, пет, затоа во некои години може и покасно ќе ги пишувам рецензиите ама ќе биде, немам друг избор и нема кај да бегам.

8/10 за филмов.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
579
Поени од реакции
1.836
Искрено, кога во краток опис прочитав обид на моќен колумнист да раздели џез музичар од сестра му, ми текна на арчипаренаиграчице

и си реков чоек вреди ли да го гледаш... Но, не зажалив, супер филм.

10. Sweet Smell of Success (1957)



Филмов е класа на сите можни нивоа, од музика, до глума и сценографија. Њујорк мислам дека не можеше да биде поубаво прикажан со оглед на тоа што сѐ уште филмовите се црно-бели.



Колумнистот Џ.Џ и неговиот потрчко Сидни Фалко се дел од оној суров и бескрупулозен слој на луѓе којшто макијавелистички одејќи кон својата цел, контролираат речиси сѐ. Сѐ, освен срцето на Сузи, сестрата на колумнистот чијашто врска со џез музичарот Стив ќе ги одведе двајцава на едно навидум познато подло и ниско патешествие чијшто крај нема да биде толку предвидлив.


До каде е подготвен да оди Фалко за тој пуст сладест мирис на успехот? И дали ќе успее да е поголем волк од самиот волк на којшто е потрчко или ќе падне во стапицата на сопствените нереални амбиции?


Одличен, интересен од почеток до крај.
*5/5*
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
14. The Bridge on the River Kwai - David Lean (1957)

1702762872372.png

Уште еден (трет од почетокот на времепловот) Оскаровец за мене. И овој пат, за разлика од претходниот - одличен. Убаво напиша @Џонтра Волта погоре, се согласувам потполно со него. Дури и за делот дека можел да се скрати - искрено мене првата половина од филмот ми беше далеку поинтересна со тоа надмудрување меѓу Саито и Николсон. Вториот дел почна некако се да ми губи смисла, но крајот го извади (да не го спојлнам некому, не би да раскажувам многу, само ќе кажам дека некако се заврши таму кај што почна, со што од една страна сугерира дека околу нас се се врти и може да се дискутира за цикличната природа на нештата, а од друга страна беше одличен крај со кој се потенцираше бесмисленоста на војната: гледавме 2 и нешто саати филм за изградбата на еден мост за време на војна, за на крај се да се врати на исто како на почетокот. Со други зборови - целиот труд за ништо.

Во секој случај, убав филм, еден од поубавите Оскаровци што сум ги гледал. 8/10
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
169
Поени од реакции
776
Sunrise: A Song of Two Humans (1927)

Напатен маж заведен од градската растурикуќа брка романтики на полна месечина додека жена му дреми дома со детето. Ѝ се враќа и доживува еурека, каејќи се моли за нова шанса, па дури и се тепа за неа. И кога најпосле вистински ја обновуваат романсата, следи последното искушение како казна за неговиот грев.

Домаќинката е мила и мирна, ангел, додека швалерката нормално се наоѓа на другата крајност. Единствената цел на овие ликови е да ги покренат неговите емоции преку растргнување и измачување. Нешто пропуштам? Не можам да го доживеам наивно како што веројатно претендира да е сфатен. Има и светли, инвентивни моменти, и без разлика на тоа што некако паднаа во сенка, поради нив 2.5/5
Tsotsi (2005)

Сместен во сиромашните делови на Јоханесбург, Tsotsi го следи животот на истоимениот протагонист. Поради немарност кражбата на автомобил ќе се претвори во киднапирање на бебе и постепено ќе го соочи со сопствените демони и лоши спомени. Суровоста на Tsotsi е последица на околностите и средината од која доаѓа. Зарем деликвентите имаат срце и совест? 3.5/5
The Leopard (1963)

Толстој ја остави Војна и мир, Пастернак својот доктор Живаго. Маргарет Мичел ја напиша Одвеано со виорот, а Џузепе Томази - Леопард - роман за кој ја добива Стрега, највисоката книжевна награда во Италија. Четири години подоцна, Висконти ќе ја режира оваа величествена тричасовна историска драма.

Општествените промени кои настануваат полека ја истиснуваат и ја слабеат моќта на старата аристократија. На патрициите не им преостанува нешто друго освен привикнување на новите околности. Ова повеќеслојно епохално филмско дело функционира на неколку нивоа - од историската позадина за унификацијата на Италија, борбите и гардата на Гарибалди до културолошкиот контекст за итрото калкулирање и навиките проследени со духовити забелешки. Бистриот ум и размислите за себството и моралот, наследството и носталгијата на принцот на Салина Фабрицио Корберо овозможуваат луцидна проникливост во сицилијанскиот ген. Првично, режисерот го сакал Лоренс Оливие, но продуцентите инсистирале на Берт Ланкастер. Неговата улога е доказ дека коцките секогаш се местат на идеален начин.

На кадрите од извонредните пејзажи фатени од Џузепе Ротуно (најпознат токму по соработките со Висконти и Фелини) може да се гледа како на спореден лик. Филмот изобилува со импресивни сцени меѓу кои е навистина тешко да се издвои само една. Но, моментот кога Анџелика влегува во салонот и сѐ отстрана запира, е нешто кое се врежува во сеќавањето. А и како не би со Клаудија Кардинале? Толку суптилно, само преку поглед ги издава мотивите и целта што зборовите се излишни. Блиску до совршенство! 4.5/5
The Piano (1993)

There is a silence where hath been no sound,
There is a silence where no sound may be,
In the cold grave—under the deep deep sea.

Откако еден човек ќе ги слушне зборовите што не се изговорени, Ада со горделив, едновремено и плашлив трепет ќе се оттргне од самотијата. Прекрасен филм за разорниот копнеж и недостигот што се мери преку нежниот удар на клавишите. 4/5
Nights of Cabiria (1957)

We can all pretend to be cynical and scheming. But when we're faced with - purity and innocence - the cynical mask drops off and all that is best in us awakens.

Различни луѓе во Кабирија будат разновидни емоции, но едно нешто се повторува - во љубовните релации таа секојпат се впушта со речиси детска искреност. Луѓето знаат да бидат неправедни, неретко и сурови, слаби и подли. Во потрагата по делчето кое недостига, кој е подобриот начин човек да се заштити од страдање - вербата или бегството?

Неколкуте ноќи од животот на наивната проститутката ќе го означат преодот во творештвото на Фелини. Nights of Cabiria е мостот меѓу La strada и La dolce vita, последниот филм од првата фаза на неговото творештво и врската меѓу човечните приказни спроти шифрираните, нарцисоидни пораки.

Ќе го најдете на најдобрите листи, високо котира кај најдобрите филмски критичари, но не ви треба друга причина за да го гледате покрај крупните очи на Џулиета Масина. Фелиниевата муза внесува исклучителна живост и силна надеж, особено во моментите кога е најмногу потребна.
3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
Поминавме 10 години во нашиот времеплов. 10 години - 8 различни децении. Вкупно гледавме 68 филма, значи во просек 6,8 по година, и средна оценка за истите дадовме 7,00. По години, најдобро оценети беа:

1. 1957 - 8,25
2. 1946 - 7,75
3. 2016 - 7,69

А најслабо поминавме во 1977 - 5,56 средна оценка. Со оглед на тоа што и 1979 помина лошо, со средна 5,86, не е тешко да се каже која деценија е најлоша (барем за сега).

По времепловци, најмногу филмови изгледав јас - 14 вкупно, @Major Tom - 12 , @Џонтра Волта и @frizider по 11, @JBTgirl и @Варвара - по 10.
Во сите години отпатувавме јас, @Џонтра Волта , @frizider, @Варвара и @JBTgirl .
По средни оценки, убедливо најдарежлива е @JBTgirl со средна оценка 9,10 за филмовите кои ги гледала. По неа:

2. јас - 6,79
3. @frizider - 6.73
4. @Варвара - 6,70
5. @Џонтра Волта - 6,68
6. @Major Tom - 6,29

Веднаш продолжуваме понатаму во нова година:
_______________________________
1702836970960.png

Недела 11: 1982 - 17.12-23.12.2023

За прв пат одиме во 80 -тите!

1982 е годината во која излегол E.T., The Coca-Cola Company ја купила Columbia Pictures за 750 милиони долари, научно-фантастичниот филм Tron е првиот филм во кој е употребена компјутерска анимација и годината во која со First Blood стартувала Рамбо - франшизата.

Во 1982 се родени: Еди Редмејн, Џесика Бил, Клои Жао, Мигуел Ангел Силвестре (Sense8), Сет Роген, Али Вонг, пејачката Кели Кларксон, Кирстен Данст, Џејми Дорнан, Ребека Хол, Пријанка Чопра, Елизабет Мос, Ана Пакин, пејачката Ли Ен Рајмс, Ден Стивенс (Downton Abbey, Legion...), Мет Смит (Doctor Who, The Crown, House of the Dragon...), Ен Хатавеј, Риз Ахмет и многу други.

Светот го напуштија: Џон Белуши, Хенри Фонда, Ингрид Бергман, принцезата Грејс Кели, режисерот Кинг Видор и многу други.

За прв пат на филм: Антонио Бандерас, Николас Кејџ, Глен Клоуз, Џина Дејвис, Вупи Голдберг, Жељко Иванек, Анџелина Џоли, Кевин Клајн, Џет Ли, Диего Луна, Мајкл Медсен, Еди Марфи, Гери Олдман, Ерик Столц, Форест Витакер и др, а за прв пат музика за филм напиша Ханс Цимер.

1702838235433.png

1702838301880.png

1702838337473.png

Листа со сите филмови номинирани за Оскар: https://letterboxd.com/unofficialampas/list/55th-academy-awards-oscars-1983/
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
15. E.T. the Extra-Terrestrial - Steven Spielberg (1982)

1703183371354.png

Тука треба да го гледам Ghandi, зашто не ми е гледан. И ќе биде, утре, веројатно. Но - интересно: вечерта пред random.org да ја извлече 1982, вртејќи низ Disney+ случајно налетав на филмот и му ветив на син ми дека ќе го гледаме следната вечер. Па така, следната вечер се погоди како кец на десетка!

Безвременски филм! 41 година е веќе стар (!!!), а не губи ни малку од убавината и денес. Јас уживав во него многу пати како дете и бев многу среќен што двајцава мои вонземјани беа залепени со очите за екранот без да трепнат! Другиот ден дури ги фатив во role-playing game во кој некоја кукла им беше E.T. И не можев да бидам погорд и посреќен! Сцените со E.T. во филмов се снимени со кукли и со вистински актери во куклите, а сепак изгледаат пореално од многу од филмовите со милионски суми дадени за CGI денес. Приказната ни е добро позната на сите, па и филмот, затоа и немам што да додадам и да гњавам. Пре-пре-пре-прекрасно враќање во детството! Препорачувам на сите да го репризирате, а ако никогаш не сте го гледале - ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

9/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.602
11. 1982

The Thing

thing1982_05-1280x720.jpg


Група научници на Антартикот се соочуват со низа непријатности кои експоненцијално растат. Меѓу нив е инфилтрирано непознато суштество кое има способност да завземе облик на се што ке допре. Почнуваат да се сомневаат еден во друг и губат целосна доверба.
Стварно добар филм. Многу непријатни сцени имаше, прав хорор. Нешто од што највише ми е гад у живот е кога ке видам такви изпревртени суштества со крв и слично, затоа ова толку ми беше непријатно за гледање. Добар, добар, фалеше можда уште некоја таква сценка.

4/5
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Sophie's Choice (1982)


Млад поет писател нешто, од југот на Америка во 47ма се сели во Бруклин за нешто да пишува, не е ни битно. Во првиот ден од неговиот престој сведочи на караница помеѓу дечко и девојка. Набрзо ќе се зближи со девојката која е полски католик која го поминала Аушвиц, и со нејзиниот малце налудничав но доста харизматичен и интересен дечко, евреин. Ќе се дружат, ќе се заебаваат, ќе муабетат а една од неизбежните теми за разговор е минатото на Софи, нејзиниот живот, татко и, Аушвиц и тн.
Како одминува филмот така се пошокантни и пошокантни приказни дознаваме од нејзиниот живот. Некаде пред крајот се добива и конечен одговор на тој Софиин избор.

4 номинации и еден Оскар. Не е тешко да се погоди чиј е Оскарот. Прекрасна глума, највеќе впечаток ми остави англискиот јазик со словенски шмек, класа е Мерил Стрип, презаслужен Оскар.

Добар филм генерално гледано, и доста познат, барем тоа Изборот на Софи се користи во многу ситуации, сеа конечно ми стана јасно што значело.

е сеа иам едно прашање, ќе иде у спојлер ова за тие што го гледале ако сакаат да одговорат
у последниот дел кајшто дознавме за неа и нејзините деца, ме интересира дали и беше точна приказната дека она стварно била во Аушвиц, и работела како секретарка на тој офицерот или како и претходно за татко и, беше измислена?
Ја мислам дека кога дојде пред портите на кампот и го направи нејзиниот избор, е ослободена и се преселила во Америка

8/10 оценка.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
16. Gandhi - Richard Attenborough (1982)

1703274676705.png

Што е филмот со овие Оскаровскиве - сите по 3 и пол саати, упм? Прво Wings, па ...River Kwai, сега и овој. Тука не да можеле да скратат, можеле и саат и пол да го направат и убеден сум дека ништо немало да изгуби филмот. Имаше сцени од по 15 минути кои комотно можеле да се пикнат во 5, зашто останатите 10 се непотребни и одвишни кадри. Нејсе, Ghandi е еден три и (скоро) пол часовен час по историја за првата половина од 20 век во Индија, прво под британска окупација и прогласување на независност, па до индиско-пакистанската војна за Кашмир и смртта на „таткото“ на нацијата - Мохандас „Махатма“ Ганди. Феноменална глума на Бен Кингсли! Прво тотално непрепознатлив, второ, три пати проверив дали во различни периоди различен актор го глумел Ганди, но сепак тој е, еден, Кингсли! Маестрален, навистина. Едно од најдобрите парчиња глума кои сум ги видел во животот. И се останато си е перфектно во филмот - музика, кинематографија, сценографија, режија... Она што најмногу ми сметаше е сепак сценариото. Ова беше буквално час по историја и убаво - научив многу нови работи за Индија и нејзиното осамостојување (кое во суштина беше: Ганди вика - без насилство, Британците убиваат 1500 Индијци, низ Индија почнуваат насилни протести, Ганди штрајкува со глад за да престанат протестите, кога речиси ќе умре протестите престануваат, Британците затвораат некој друг (сив) лик, Индијците за да се одмаздат почнуваат протести, Ганди пак почнува штрајк со глад... и така одново и одново и одново...), но филмот беше премногу линеарен, без никакви осцилации и освен историскиот аспект немаше ништо во приказната што ме повлече напред, што ме натера да се грижам за нешто, да навивам за некого, да сочувствувам со нечија загуба... Премногу сиви ликови наоколу за кои не ми беше гајле... И Ганди... Отсуството на тој драмски ефект кој ваквите филмови ги вади од мртвилото и апатијата е она што најмногу ми сметаше. Па и уште 3 и пол саати... Не знам дали некому би му го препорачал, најискрено.

Но - заслужени сите 8 Оскари!

Од мене нешто измеѓу 6 и 7, но на LB и IMDB го оценив со 7/10, па ете нека остане така и тука.

Сега веќе, по Ghandi, ги имам гледано сите освојувачи на Оскар од 1971 до денес! :pipi:
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.455
Поени од реакции
13.602
11. 1982

Missing

missing-1200-1200-675-675-crop-000000.jpg


Инспириран според вистински настани. Американски писател исчезнува во Чиле, 1973. Период во кој Чиле се наоѓа во политички хаос и военни дејства. Луѓето од сликата погоре (жена му и татко му) се обидуваат да го пронајдат.
Ок филм, малку досаден. Го избрав заради Џек Лемон, ми се свиѓа.

3.5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
1703444639345.png

Недела X1 и X2 - 2023 - 24.12.2023-06.01.2024

Извинете што не се консултирав со вас, но мислам дека е време да ја направиме првата пауза во овој предизвик. Ете, нека не биде класична пауза, ќе бидат 2 недели посветени на годината што изминува, 2023. Причина: сред Оскаровска сезона сме, има многу нови филмови на кои треба да им се даде можност, па ете, во следните 2 недели времепловот ќе застане во 2023. Слободно гледајте нови филмови и коментирајте ги и оценувајте ги овде, само ве молам - без спојлери.

1703444934055.png

Уште е рано за номинации за Оскар, но ете, пред некој ден ги објавија кратките листи во некои категории, меѓу нив и за најдобар интернационален филм, па можете да ѕирнете нешто од таму:

1703445106537.png

Само за крај да ги спомнеме и дел од оние кои не напуштија во 2023: актерката Џина Лолобриџида, дизајнерот Пако Рабан, актерката Ракел Велч, режисерот Џорџ Т. Милер (The NeverEnding Story II), пејачката и актерка Тина Тарнер, пејачката и актерка Шинид О'Конор, актерот Ангус Клауд (Euphoria), режисерот Вилијам Фридкин (The Exorcist, The French Connection...), актерот Метју Пери, актерот Жарко Лаушевиќ, актерот Рајан О'Нил (Love Story), актерот Андре Броер (Brooklyn 99) и многу други. Слава им.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.830
Поени од реакции
36.872
17. Anatomie d'une chute / Anatomy of a Fall - Justine Triet (2023)

1703662916944.png

Филмот кој освои Златна палма во Кан во 2023, и е еден од 15 најсериозни кандидати да заработи номинација за Оскар за најдобар филм. А во исто време - Франција не го предложи за свој кандидат за Оскар за најдобар странски филм, веројатно за да се одмазди на режисерката за нејзиниот анти-владин говор по добивањето на Златната палма во Кан, па така овој филм не може да биде номиниран за најдобар странски филм, може само за најдобар филм воопшто, што е уште еден преседан како многу други во историјата на Оскарите.

Прекрасен филм! Courtroom драма за судењето на една Германка, обвинета за убиство на својот сопруг во нивната планинска куќа во Гренобл, додека цела истрага се темели на претпоставки, шпекулации, субјективни гледања на нештата и веројатности, во отсуство на очевидци и емпириски докази. Филм со фантастично сценарио кое ги претвора гледачите во уште една порота која исто така треба да донесе став дали Сандра Војтер е виновна за смртта на сопругот или се работи за самоубиство. Во филмот гледаме и две преубави актерски игри, од Сандра Хулер (мајката) и малиот Мило Мачадо-Гранер (нејзиниот син Даниел кој е единствен присутен, но не очевидец, за време на смртта на татко му). Ова е еден од оние филмови на кои не може да му се најде маана, кој ќе те држи вкопан во екранот од почеток до крај и за кој ќе размислуваш и долго потоа. Филм за тоа колку комплексни можат да бидат човечките односи и односите во бракот. Дефинитивно филм кој ќе остане врежан во мојата меморија уште долго.

Чиста 10/10. Најтопла препорака!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom