Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Red Man

we do what we want!
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.057
Поени од реакции
1.947
Не соли памет, мизерен ти беше постот. Прифати грешка и продолжи понатаму. Сите правиме грешки, а кој признава пола му се простува. Сите ја следиме сезонава и знаеме дека се мизерни, ама ти со твојот пост не само што ја истакнуваш мизерната состојба на клубот, туку го величиш и најлутиот ривал, најгадниот! Никогаш со таков пристап против нив! Отсекогаш биле лузери за нас и така и ќе останат.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.386
Поени од реакции
7.021

Не знам каде сум го величал и како Ливерпул ако сум пишал дека очекувам да не потопат, според тоа што го гледаме сезонава, цела мизерна состојва во која се наоѓаме. Ај више кога збориме за пристап против Ливерпул. Види ги последните 5 утакмици против нив у ПЛ. Една победа од 2-1, и 4 порази од 7-0,4-0, 5-0, 4-2. Катастрофа до катастрофа. 21 гол пример, 3 дадени. Како да ти кажам, Ливерпул у последно време редовно го силува Јунајтед. Тоа е за жал реалната ситуација во моментов. Пристапот на клубот и играчите против Ливерпул, а и општо против други противници е лузерски. Јас немам проблем да кажам каква е ситуацијата и што очекувам, ни против Ливерпул. Ме заболе против кој играат. Како да ти кажам, јас не сум влезен у филм дека сум некој хард кор навивач, па да го мрзам Ливерпул, гадни биле, лузери биле, најголеми ривали, најомразени ривали биле. Тоа може да го збори и осети само некој кој цел живот поминал на стадион, некој од Мачестер, може да го осети ривалитетот пред се на градовите, па поради тоа и на клубовите, па да разбие некоја таква емоција. Јас, ти, Петко, Станко, сите тука на форумов, што пратиме пред ТВ, што можда еднаш, два, пет пати сме ги гледале у живо, а голем дел ни еднаш, да збориме за некакво си страшно ривалство, омраза, па ќе бираме што ќе пишеме, е комично.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.591
Поени од реакции
66.330
Варан ја изигра една од најдобрите утакмици откако е во Јунајтед. Буквално секаде го имаше, избаци милиони топки, пресече еден куп акции, ги бодреше уште од сам старт сите. Маину имаше една изгубена топка во првото полувреме, ама потоа доста добар. Тој пасот што му го даде на Гарначо, секоја чест. Детево може да ни биде столб, само ако му остане главата на раменици. Ненормално огромен талент.

Гејмпланот беше на контра да ги упецаме, што и успеа во два наврата, ама Гарначо и Хојлунд дефинитивно можеа подобро. Ентони заеба едно милион акции, дечкото е пре, прелош во моментов. Гринвуд на негово место денес како ке легнеше...
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.722
Поени од реакции
43.775

Тука требаше најобичен пас да даде за чист гол. Како што кажав, да имавме денеска повеќе квалитет/искуство можевме дс ги тепаме.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
888
Поени од реакции
531
На Гарначо, Пелистри, Маино, Мејбри и Диало им треба повеќе снага, цврстина, жилавост.

Кога тоа ќе го постигнат, ќе бидат подобри во дуели, и ќе има повеќе асистенции и голови (подобра реализација).
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.479
Поени од реакции
3.460
Варан беше страшен, секогаш беше на вистинското место и целосно беше фокусиран на натпреварот, затоа и ги бодреше нон стоп играчите. Покрај него и Еванс изигра одлична утакмива.
Нека не води инат Ерик, Варан мора да игра, особено сега кога имаме толку многу повредени во обраната.
Далот исто одличен, можеби неговиот најдобар перформанс дефанзивно одкога е во клубот.
Шо го чуваше добро на Салах.
Маино е огромен талент, а и изгледа на скромно дете кој ќе работи напорно за да успее во клубот. Многу смирен играч кој поседува висока фудбалска интелигенција.
Амрабат се бори, но на моменти премногу доаѓа до израз тоа што е спор како желка.
Мектоминеј иако знае да даде гол, за мене е еден од најслабите во нашиот ростер. Дечкото денес не изигра ништо и усера неколку потенцијални контри.
Гарначо се трудеше но без конкретен допринос.
Ентони во првото полувреме беше криминален, во второто помагаше доста во дефанзива, во напад пак криминален. Вистински промашај од трансфер, и штета што го немаме Гринвуд на негово место. Се надевам луѓето на Ратклиф ќе направат нешто во врска со тоа.
Хојлунд без допринос. Не видовме никаква борба со Ван Дајк и Конате, како што се бореше со Габриел против Арсенал. Исто така ја имаше најголемата шанса на натпреварот која мораше да ја искористи.
Тен Хаг маестрален тактички, особено со тоа што сме со целосно десеткуван состав во моментот, фалеше квалитет во завршницата, можеби со Бруно и ќе го добиевме натпреварот.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.722
Поени од реакции
43.775
можеби со Бруно и ќе го добиевме натпреварот.
Или ќе изгубеше топка на сред терен сакајќи да направи некое атрактивно додавање и ќе ни го плеснеа од контра. xD

Ентони иначе имал 7 успешни стартови, најмногу од сите. Нека го пробат на лев бек, може таму ќе му тргне. :D
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.386
Поени од реакции
7.021

Тука требаше најобичен пас да даде за чист гол. Како што кажав, да имавме денеска повеќе квалитет/искуство можевме дс ги тепаме.
Од 60-70 минута некаде, едно добри три контри каде мораше да даде многу подобар пас, ги поеба ептен аматерски, у нозе им ја даваше топката на дефанзивците на Ливерпул.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.591
Поени од реакции
66.330
Стави 2 квалитетни играчи на местото на Мектоминеј и Ентони, и имаш одлична шанса да добиеш вакви натпревари. Премногу, едноставно премногу акции посраа, а Ливерпул и те како беа отворени од време на време.
 
Член од
13 август 2023
Мислења
934
Поени од реакции
2.300
The priorities for January are a centre back, then a forward, then a possible late loan deal. [@FabrizioRomano, United Stand YT] #mufc
На крајот кур подебел, ко и обично во јануари.

До душа можно е да довлечкаат некој да се спласни оганот, како тогаш што го донесоа Бруно. Сега сме во уште полоша ситуација од тогаш.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.404
Поени од реакции
9.624
На крајот кур подебел, ко и обично во јануари.

До душа можно е да довлечкаат некој да се спласни оганот, како тогаш што го донесоа Бруно. Сега сме во уште полоша ситуација од тогаш.
Те го инцестот доаѓа нека го донира Тодибо и уште некој од неговата му Ница. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom