Мислам дека ова е максимумот што Украина можеше да го направи. Западот ги стегнува вентилите, ВСУ нема повеќе резерви на војници и материјал како што имаа претходно и резултатот е ова. Нивната стратегија на бранење секоја педа земја изгледа веќе не може да се имплементира и додека се обидуваат да се одбранат во Авдиивка, губат територија на другите фронтови. Цело лето ВСУ се бореше за Клишивка* за да сега ја изгуби во една седмица, за Роботино се бореа 87 дена за да сега во еден ден ВСРФ дојде на самиот влез, значителен дел од територијата заземена во славната украинска офанзива е веќе загубена (повторно). Не за џабе Зеленски самиот изјави дека во 2024 ќе заземат одбранбена положба, сонот за Украина од 1991 е мртов, остана само како мантра да се зборува.
*Океј не е изгубена али натаму оди работата.
Едит: Ја заборавив и брилијантната одлука да се пратат војници да ослободуваат мочуришта доле кај Херсон. Сега кога САД ја напуштаат Украина можеби политичкиот и воениот врв во Киев ќе престанат да праќаат луѓе да гинат за ПР и ќе се фокусираат да водат војна.