Прегледај го приврзокот 394440
Не знам кога имаш гледано ама моментално на таа граница имаш поголем коефициент.
Во секој случај овој пост го пишувам дека прекинувам со оваа игра без да треба да ми ги даваш тие 400е. Причини има неколку.
Прва и најголема е дека вакво хазардерско играње носи големи загуби. Колку и да се трудам да имам доверба, сепак на крајот може да деактивираш профил, а да станува збор за навистина сериозна сума на пари. Најмногу што сакав е да ти докажам дека на долг рок и со данок и без данок нема леб во оваа работа, ова ќе испадне за 2-3 денови тонење во длабоко, што повторно отвора сомнеж.
Второ, можам вака да те манипулирам, доколку промената во коефициентите е на моја страна да пречутам. Тоа уште повеќе би ми зголемило шанси.
Трето, за една кладилница да биде успешна, мора да има многу луѓе. Ти можеш да имаш и добра серија на погодоци зошто сепак се овие 50-50 ситуации, со 5% маргина тоа значи дека отприлика за 30 денови ќе имаш околу 40-50 натпревари. Доколку просечна уплата ти е 300е, салдото на крај би било -1000 до + 300-400 евра. Сепак со овие прогресии може да појдеш и до -2000 -3000, ќе бидам искрен и ќе кажам дека не ми се ризикува.
Штета што не успеваш да се опоравиш од ова, го разбирам адреналинот зошто порано и јас знаев да играм и да барам стратегии што нормално ниту една не излезе успешна. Можеби би поддржал типување за забава и со помали суми, ама би се тргнал од вакви хазадрески работи.
Поздрав и секое добро, ова ти го пишувам најдобронамерно.